Кога станува збор за тоа дали да е течна или тврда храната доколку сум дома настојувам да имам супа па со неа може да се комбинира пржено или печено,сакам манџурии(почесто лете),но многу често јадам и надвор од дома па тогаш најслатки ми се пиците или некои сендвичи од брзата храна.
Нема борба без чорба!
Озбилно, повеќе сакам течна храна. Супи секако, а чорби во секој облик - шкембе, телешки, пилешки, рибји... Само што немам шанса секој ден за добра чорбичка.
нема врска дали е течна или сува храна во смисол колку и да се конзумира храна секогаш да имате 2,5 литри течност внесено преку целиот ден а ако не сте знаеле треба да знаете дека здравиот начин на исхрана како прво е редовната исхрана: Доручек - половина саат штом ќе се разбудите Ручек - точно напладне Вечера - е за вечера траба да се знае дека е дозволена до 18:00
бидејки човечкиот организам е ’’активен’’ до тогаш а понатака се што ќе се внесе во организмот ќе ви се претвори во ’’сало’’
има една кинеска метода за оние што имаат ’’навика’’ да го ’’празнат фрижидерот’’ после 18:00 часот така што на тие луѓе им се препорачува веднаш штом ќе станат да испијат половина литар вода на ’’гладно срце’’ или веднаш само што ќе станат од спиење
а на тебе Garlito Brigante ти препорачувам да не јадеш никогаш топла храна од тестенини бидејки топлите тестенини му се нешто најтешко на ’’вашиот стомак’’ за да ги ’’свари’’ и најчесто проаѓа таа храна во дуење и болка во стомакот
Јас јадам тоа што има.. не пребирам никогаш.. бидејќи не знам само да си готвам јадам тоа што го направиле мајка ми или баба ми..
Но мислам дека јадам здрава, разновидна исхрана. Секој ден јадам течна храна.. супа, чеоба, манџа.. ја бива баба ми за готвење..
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.