Дивајн
блаблабла
- Член од
- 3 април 2005
- Мислења
- 15.748
- Поени од реакции
- 1.857
Првиот болд е чисто само колку да ти покажам дека тоа и не е баш така добра особина. Секој човек реагира разлчично на последиците, и секој човек различно ги перцепира работите околу него. Но исто така, секој човек е емотивен на еден свој посебен начин. Можеби токму ти кога ќе чуеш лоша вест, буквално се трескаш од земја, забораваш на се околу тебе и се врзуваш цврсто за она кое е причината за твоето однесување. Меѓутоа, замисли како им е на оние кои реагираат смирено?Секој стрес има дејство на личноста. Човечки може да се контролира само надворешната презентирање на чувствата, но внатрешно сите ги примаме истите удари и ги претрпуваме истите агонии. Енивеј, еден ден кај оние смирените ќе дојде до ненадејно ослободување на емоциите, поточно прскање на заштитната капсула, која ги прави отпорни и смирени на секој стрес, притоа оставајќи трајни последици на личноста. Е токму тоа е многу полошо отколку во моментот на дознавање на лошата вест, да изреагираш драматично.
Вториот болд...Мислам дека всушност она што ти го правиш не е заглавување во туѓите животи. Едноставно, завидувањето стигнува до онаа граница каде ти несвесно, но сигурно се вплеткуваш во проблемите и навиките на личноста од која се обидуваш да научиш нешто. Сепак, карактерот се гради, особините се стекнуваат, а човекот учи додека е жив. Она, пто навистина го сакаш, ќе го постигнеш само со многу труд.
И мислам дека лично ти го немаш проблемот: ТЕ МРАЗАМ ЗАТОА ШТО СИ ПОДОБАР ЧОВЕК ОД МЕНЕ, туку си само понесена од она што ти го наложува светот во кој живееме. Завидувај на нешто што го немаш, но знаеш дека можеш да го добиеш.
Некако заглави во објаснувања на работи кои се јасни и на кои не мораше баш толку време да потрошиш. Знаеме дека е полошо тивко да примаш се` во себе, но јас не мислев на таквите луѓе. Мислев на тие ретките што се толку позитивни што во секое лошо гледаат добро и го прифаќаат истото како нормално. Прост пример: ќе види некој малечко повредено кученце на улица и ќе си помисли дека е тоа неизбежно, дека нема што да му прави и ќе си продолжи. Јас на истото ќе се расплачам и цел ден ќе сум гневна на себе што не можам да му помогнам или ќе пцујам по сите луѓе кои повредуваат кучиња. Се разбираме сега?
Иначе јас што сакам и како постигнувам не е тема на муабет, па затоа ваљда не сум се искажала и ваљда е погрешна твојата анализа. Сепак фала на трудот.

Темава е за да дискутираме во врска со таа појава - да се мрази тој што е подобар од нас, а не дека никој никогаш не мразел и е светец. И не се плука на тој што ќе се осмели да критикува админ или модератор, туку на тој што тоа го прави само затоа што ги мрази истите, зошто наводно се нешто повеќе од него.чекај малце темава е за да анализираме зошто луѓето ги мразат тие што се подобри од нив или темава е јас никад не сум мразела и сум светица и никад на никого лошо не сум помислила?
Или пак плукни на тој што ќе се осмели да го критикува администраторот или модераторот?
Инаку не знам зошто толку огорченост и неверување во луѓето кои не мразат подобри личности од нив. Сега испаѓа дека јас не знам што чувствувам, па ти треба да ми кажеш да подразмислам, за барем во себе да сфатам дека живеам во лага? Нели е тоа малку навредливо?
