Те мразам затоа што си подобар човек од мене?

Првиот болд е чисто само колку да ти покажам дека тоа и не е баш така добра особина. Секој човек реагира разлчично на последиците, и секој човек различно ги перцепира работите околу него. Но исто така, секој човек е емотивен на еден свој посебен начин. Можеби токму ти кога ќе чуеш лоша вест, буквално се трескаш од земја, забораваш на се околу тебе и се врзуваш цврсто за она кое е причината за твоето однесување. Меѓутоа, замисли како им е на оние кои реагираат смирено?Секој стрес има дејство на личноста. Човечки може да се контролира само надворешната презентирање на чувствата, но внатрешно сите ги примаме истите удари и ги претрпуваме истите агонии. Енивеј, еден ден кај оние смирените ќе дојде до ненадејно ослободување на емоциите, поточно прскање на заштитната капсула, која ги прави отпорни и смирени на секој стрес, притоа оставајќи трајни последици на личноста. Е токму тоа е многу полошо отколку во моментот на дознавање на лошата вест, да изреагираш драматично.
Вториот болд...Мислам дека всушност она што ти го правиш не е заглавување во туѓите животи. Едноставно, завидувањето стигнува до онаа граница каде ти несвесно, но сигурно се вплеткуваш во проблемите и навиките на личноста од која се обидуваш да научиш нешто. Сепак, карактерот се гради, особините се стекнуваат, а човекот учи додека е жив. Она, пто навистина го сакаш, ќе го постигнеш само со многу труд.
И мислам дека лично ти го немаш проблемот: ТЕ МРАЗАМ ЗАТОА ШТО СИ ПОДОБАР ЧОВЕК ОД МЕНЕ, туку си само понесена од она што ти го наложува светот во кој живееме. Завидувај на нешто што го немаш, но знаеш дека можеш да го добиеш.

Некако заглави во објаснувања на работи кои се јасни и на кои не мораше баш толку време да потрошиш. Знаеме дека е полошо тивко да примаш се` во себе, но јас не мислев на таквите луѓе. Мислев на тие ретките што се толку позитивни што во секое лошо гледаат добро и го прифаќаат истото како нормално. Прост пример: ќе види некој малечко повредено кученце на улица и ќе си помисли дека е тоа неизбежно, дека нема што да му прави и ќе си продолжи. Јас на истото ќе се расплачам и цел ден ќе сум гневна на себе што не можам да му помогнам или ќе пцујам по сите луѓе кои повредуваат кучиња. Се разбираме сега?
Иначе јас што сакам и како постигнувам не е тема на муабет, па затоа ваљда не сум се искажала и ваљда е погрешна твојата анализа. Сепак фала на трудот.:pipi:

чекај малце темава е за да анализираме зошто луѓето ги мразат тие што се подобри од нив или темава е јас никад не сум мразела и сум светица и никад на никого лошо не сум помислила?
Или пак плукни на тој што ќе се осмели да го критикува администраторот или модераторот?
Темава е за да дискутираме во врска со таа појава - да се мрази тој што е подобар од нас, а не дека никој никогаш не мразел и е светец. И не се плука на тој што ќе се осмели да критикува админ или модератор, туку на тој што тоа го прави само затоа што ги мрази истите, зошто наводно се нешто повеќе од него.
Инаку не знам зошто толку огорченост и неверување во луѓето кои не мразат подобри личности од нив. Сега испаѓа дека јас не знам што чувствувам, па ти треба да ми кажеш да подразмислам, за барем во себе да сфатам дека живеам во лага? Нели е тоа малку навредливо?:toe:
 
дивајн јас се објаснив убаво во претходниот пост работата е што пола од посотвите кои ги прочитав беше јас никој досега не сум мразел дрн,дрн и сите сме безгрешни во тој стил
немаше никаква конкретна анализа и реална дискусија

само осуда и на крај си пишав дека критиката беше сосема погрешна и насочена кон погрешни луѓе
 
Марсовче, да мразиш некого треба вистински да ти згрешил во животот, ама грешењето да има сериозни последици. Така што, мразење е многу силен збор по мене. Да не сакаш некого, да не поднесуваш, да не ти е пријатен, да те нервира ми се поприфатливи како чувства бидејќи во животов имаме секакви искуства и ситуации во кои и повредуваме и не` повредуваат.
И на крајот на краиштата не мразам пошто не се трујам со негативни чувства себе си ради други. Егоистичен пристап, ама во ова лудо време мора да се штитиш од се` што значи непотребна негативна енергија. Ако не` бива - не` бива, ако не - секој по својот пат.
 
дивајн јас се објаснив убаво во претходниот пост работата е што пола од посотвите кои ги прочитав беше јас никој досега не сум мразел дрн,дрн и сите сме безгрешни во тој стил
немаше никаква конкретна анализа и реална дискусија

само осуда и на крај си пишав дека критиката беше сосема погрешна и насочена кон погрешни луѓе
Да де, за тоа и ти реплицирав, а анализата беше за претходниот член.
Критиката е во ред, но малку ми падна во очи тоа што според тебе испаднува дека лажат сите што пишале така. Не велам дека сите секогаш сме искрени, но едно такво генерализирање ми засмета, па го искоментирав.:pipi:
 
искрено ме нервира кога некој глуми светица и кога вели дека сака луѓе подобри од нив демек као им помагало,знам дека има и такви луѓе кои се искрени,ама ретки се тие што трпат конкуренција или некој да биде подобар за нешто од нив..
 
Не знам колку се ретки тие луѓе што ги почитуваат, што се восхитуваат и што се обидуваат позитивно да ги гледаат подобрите од нив, генерализацијава не е баш оправдана , ама ок тоа е твое мислење.
Сепак, замисли си ако ги мразевме и ако им завидувавме на сите луѓе што се подобри од нас каде ќе отидеше светот до сега?
Ако нема конкуренција и ако ја избришеме ќе живееме монополизирано во сите сфери?
И како ќе станеме подобри ако нема од кој да научиме?
Значи завидување е едно, мразење е сосема друго, а за тоа колкав процент на луѓето се завидливци да беа сите до сега такви или барем некој задоволително висок процент, ќе требаше ..позеленети,, да се шетаме од завист по улица.
И мислам дека не е компетентно да се суди од ничија страна дали оние кои учат од подобрите се само глумци на ,,големата сцена наречена свет,, затоа што размислувањата, ставовите се релевантен фактор кој е детерминиран од ИНДИВИДУАЛНОСТА на секој од нас.
 
Не верувам дека човек може да ги поседува сите позитивни карактеристики како одлики на својот карактер.Но верувам дека има добри луѓе,кој можеш да ги изгазиш,а уста нема да отворат.Нив можеш да им кажеш се,да им се обратиш кога ти е најтешко,да седнеш на маса да се опиеш,да те гушне кога ти е досадно,да те насме,да те охрабри,да ти биде поттик во животот.Имам сретнато само еден човек во овие 26 години,што значи дека се ретки и бесценети.
Штета ми замина Америка,вистинска другарка,вистински добар човек.
И,неможам да ги мразам таквите луѓе,но многу ретко ги наоѓам и ги чувам како дијаманти.Неможам да бидам добар како нив,треба да се родиш таков,можам само да се потрудам да правам добри дела и да посакам да бидам подобра.
Дај Боже да ги има во поголем број,ќе расцвета светов.
 
Pa treba da se potrudime da bideme podobri zemajki takvi karakteri kako primer a omraza..nema potreba jas mislam deka tie luge sto imaat takov vid na omraza ne mozat da se socijaliziraat:baeh:
 
И мислам дека не е компетентно да се суди од ничија страна дали оние кои учат од подобрите се само глумци на ,,големата сцена наречена свет,, затоа што размислувањата, ставовите се релевантен фактор кој е детерминиран од ИНДИВИДУАЛНОСТА на секој од нас.
Добро како да ја кажам мојата поента вака:
Ние луѓето толерираме луѓе кои се подобри од нас од повеќе причини:
1.За да научиме нешто од ете да се подобриме
2.доколку не сме во можност да се подобриме и евентуално да станеме подобри од нив ние тогаш ние сме со нив од лична корист значи они се подобри од нас имаат репутација итн или пак ни прават друштво секој пат кога ќе немаме со кого или пак на бизнис план се подобри од нас па се упикуваме(мислам дека дивајн овој дел најмногу го разбира бидејќи е директор)

но реалност е дека тие личности во себе си мислат дека најдобро е да чекаат кога условите ќе станат поволни и кога ти ќе се најдеш на дното тогаш они едноставно ќе преминат преку твоето мртво тело и ќе те остават на цедило( а можеби и не зависи според нивните пресметки дали се исплати да те спасуваат то ест да ти помогнат)

И како што реков луѓето кои се искрени и добри се ретки тоа е реалност која нажалост ти кога тогаш ќе ја искусиш (а се надевам дека нема да биде така)
 
Дивајн не знае ништо од тоа што го кажуваш тука, бидејќи таа тоа не го практикува. А не ни знае како е некој друг така да се однесува со неа, затоа што не го дозволува тоа. Кога ќе забележи дека некој искрено сака да помине време со неа или да испие кафе - тогаш го прави тоа, без оглед на тоа кој е тој човек. Но кога забележува задни намери кај другите, ги игнорира и си го тера својот пат, иако на оваа положба каде што е сега, има големи шанси да ги уништува и гази. Својата конкуренција ја смета за добра и токму поради неа се труди да биде секој ден поуспешна. Верува во тоа дека секој си работи и живее за себе, па ако некој мисли дека со тоа што неа ќе и наштети ќе успее, нека повели и нека ја сруши ако може. :pipi:
 
оф леле пак не се разбираме дивајн јас не велам дека ти го практикуваш јас најмалце сум компетентна да пресудам во врска со тоа ,туку дека други го практикуваат со тебе или на тебе како да се изразам не знам
И како си сигурна дека пола од луѓето кои ги сметаш за пријатели дека утре кога ќе ја изгубиш позицијата и потоа паднеш во сериозна деппресија дека нема да остават на цедило ?Или те снајде сериозна невојла?
Пријателот се познава по делата и кога си во невојла

И како што реков ретки се тие што се искрени во своите на мери и не глумат
 
но реалност е дека тие личности во себе си мислат дека најдобро е да чекаат кога условите ќе станат поволни и кога ти ќе се најдеш на дното тогаш они едноставно ќе преминат преку твоето мртво тело и ќе те остават на цедило( а можеби и не зависи според нивните пресметки дали се исплати да те спасуваат то ест да ти помогнат)

И како што реков луѓето кои се искрени и добри се ретки тоа е реалност која нажалост ти кога тогаш ќе ја искусиш (а се надевам дека нема да биде така)

Песимистичко е и демотивационо е ако така ги гледаме подобрите, но ок, затоа и во претходниот пост посочив дека тоа е твое размислување, а намерно и ја потенцирав индивидуалноста кај луѓето, значи за да се сфати барем во преносна смисла дека се е релативно и дека се зависи од нас.
Јас така гледам на подобрите луѓе неколку пати до сега напоменав, а што се однесува за болдираното, сум искусила многу видови на односи во социјалниот живот и се што до сега напишав е од мое лично искуство за тоа како стојат нештата, реалноста е пред се онаа реалност која ја гледаат нашите очи, не значи дека ако повеќето луѓе доживет непријатно искуство на едно поле дека тоа ќе им се случи и на останатите ( 1000 луѓе се 1000 различни карактери), а денес е благослов да се сретнат, препознаат и задржат добрите луѓе ( не мора да ги има 10 во околината за да знам дека се тука за мене, доволен е и еден):helou:
 
Постојат личности кои веднаш се забележува дека се харизматични, начитани, добродушни, реални, искрени, хумани, едноставно пленат на прв поглед. Дали покрај нив чувствувате комплекс на пониска вредност? Дали и зошто ги напаѓате и се трудите да им пронајдете недостатоци? Дали некогаш сте се почувствувале омразено, затоа што сте подобри? Колективен бес, истурен над вас, да не речам? На луѓето со морален интегритет, цврст став и позитивизам, им завидувате или им се воодушевувате? Ги сметате ли за конкуренција? Темава ја отворам изреволтирана од темата "Лижење", како и неоснованите навреди упатени кон некои членови, независно од тоа дали се администратори, модератори или обични смртници.

Хм... Мислам дека во сите од нас, особено оние поамбициозните, се наоѓа она зрнце на намалена самодоверба и потреба за самодокажување. Понекогаш не е толку докажување пред другите отколку пред себе. Како што реков, тие што имаат амбиција и желба да остварат некои свои (не баш ниски) цели, имаат тенденција да се мерат и да наоѓаат конкуренција. Мислам дека во амбициозноста игра голема улога самодовербата, а токму ова е нешто што треба да биде цврсто остварено за да може да се продолжи кон повисоките цели. Ако пред себе си добар (а познато е дека личните критериуми е најтешко да се задоволат), тогаш и другите ќе те гледаат како добар.
Прво ќе кажам за мене во такви ситуации, а после за мене во ситуации во однос на другите. Па, сум се нашла во ситуација кога знам дека сум добра, знам дека ме бива за нешто, а еден добар дел од групата ме маркирал како лоша, наметлива... Често се ставам на самоанализирање, да откријам дали јас сум навистина крива или ми се нафрлаат затоа што потајно сакаат да се на мое место? Не знам, искрено. Можеби сум пресамокритична па не можам објективно да гледам на работите, затоа е излишно што и да сум мислела зашто е тоа така.
А кога ќе се најдам во група која има член што е добар, и да речеме 'може да се рамња со мене' тогаш инстинктивно гледам да се зближам, да напраам муабет. Не знам дали за да видам дали вреди да се споредувам со таа личност, или за во случај ако е навистина таква каков што впечаток сум стекнала за неа, да се дружам со неа и да научам нешто, па заедно да остваруваме некои повисоки цели и да се поддржуваме меѓусебно. Не знам, сварно. Мислам дека се и двете.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom