МАКЕДОНСКИТЕ ЗИМСКИ ЦЕНТРИ ЌЕ ИМ КОНКУРИРААТ НА БАЛКАНСКИТЕ
Попова Шапка во 2013 ѓоамити Копаоник
Со нови две жичарници, дава хотелски капацитети со 5 звезди, паркинг-простор за 800 возила и секогаш врвно подготвени ски-патеки Попова Шапка ќе се мери рамо до рамо со реномираните балкански ски-центри
Скијачкиот центар Попова Шапка во 2013 година се очекува да биде најатрактивниот ски-центар во регионов. Со нови две жичарници, дава хотелски капацитети со 5 звезди, паркинг простор и секогаш врвно подготвени ски-патеки, Попова Шапка ќе им биде сериозен конкурент на познатите балкански ски-центри Копаоник, Банско, Боровец.
Со Центарот стопанисуваат Електрани на Македонија од каде ни ја потврдија информацијата дека на последната владина седница било дискутирано за оваа туристичка тема, при што е информирано дека за реализација на проектот за модернизација и развој, ЕЛЕМ потпишал Договор за изработка на Мастер план студија со австриската консултантската компанија Ecosign Europa Mountain Recreation Planners GmbH.
Целта на мастер планот што треба да биде готов за еден месец, е да подготви техничка проценка на природните ресурси на теренот предвиден за модернизација.
Според Перо Димитриевски, управител на скијачкиот центар Попова Шапка", мастер планот е речиси готов. Инженерите веќе биле на теренот и во план е да се направи каптажа за 100.000 литри вода, а на надморска висина од 2.150 квадратни метри ќе се прави вештачки мраз и со тоа драстично ќе се подобри квалитетот на постоечките ски-патеки. Тој очекува реално од идната година, поточна идната зимска сезона, тоа и да профункционира.
-За хотелот Попова Шапка" се разгледуваат две можности: или целосно да се урне и на негово место да се изгради нов модерен објект со 5 звезди, или пак, целосно да се реновира. Хотелот Славија", кој пак, веќе е реновиран ќе се доградува со уште едно ново крило, со што за 70% ќе се зголемат сместувачките капацитети - вели Димитриевски.
Според него, дел од проектот ќе бидат и две нови жичарници-шестоседи со коишто туристите и рекреативците ќе се искачуваат на надморска висина од 2.600 метри. Во близина на скијачкиот центар ќе се изгради и паркинг со капацитет за 800 возила.
Димитриевски не сакаше да ја обелодени финансиската конструкција за овој модерен и атрактивен центар, бидејќи според него се уште не е целосно дефинирана.
Комитетот за туризам со цел интензивирање на планинскиот туризам во земјава побара од Владата да започне и постапката за градење на нови сместувачки капацитети, претежно мали хотели и апартмани на локации како Пониква, Берово, Крушево, Галичица, Голак, Пехчево, Вевчани, Лазарополе, Смоларски водопади, Галичник, Тресонче, Радовиш и Гари.
Од Комитетот за туризам ја промовираа и Стратегијата за медицински туризам, за развојот на новите форми на туризам во националните паркови, како и за проектот за изградба на планинарски велосипедски патеки. На дневен ред на Комитетот е и развојот на ловниот туризам.
Извор