Татко пијаница - наследно?

  • Креатор на темата Креатор на темата kreativnoime
  • Време на започнување Време на започнување
Три чашки ракија се 100 до 150 грама или милилитри кој како љуби!
Јас од 30 година наваму секојдневно пијам по 100 грама пред ручек и пиво или две после. Нит сум зголемил нит сум намалил дозата;). Добро е за симнување стрес, а не е премногу за да смета!
 
Не знам што е смешно кога се почнува од толку 300гр на негова возраст, никој не почнал од 1л на ден. ;)
Автоматски споено мислење:

Не само поради тоа сменет и за други работи. Истиот што плукаше по тие луѓе што го правеа тоа што тој го мразеше, а сега истиот е и тој и оди по нивниот пат.

Цврст карактер не се менува, не го лиже она што некогаш го има плукано.
Тебе жена ти изглеа ти ја изместила перцепцијата за тоа што е многу испиен алкохол.
 
Ако е таткото алкохоличар не значи дека и синот ќе е алкохоличар. Има случаи татко алкохоличар а синот ни капка не пие...

Или пак друга варијанта таткото не е алкохоличар (ептен ретко многу малку пие алкохол), а синот изрод - тежок алкохоличар...
 
нов сум на форумов, незнаев кај да ја поставам темава али мислам дека е соодветен борд
епа вака, имам 16 години и татко пијаница ама пијаница пијаница
премногу лош карактер си има човеков, секој ден ќе си дојдеше дома пијан ќе ја натепаше мама и така ден за ден, сите комшии му го имаа стравот и со години така ништо не се превземаше и тоа па тоа секој ден и незнам како еден ден се деси шо се деси дојде спасот на мои 10 години се преселивме со на мама родителите, а човеков до ден денес е истиот и се нема ни малце сменето, највеќе ме растажуе фактот шо никогаш нема да се смени, ќе пие секој ден додека постои и засекогаш ќе остане истиот и никогаш нема да имам прилика да зборувам сонего како син со татко.Да он работи оди странство и ми купуе облека и ме снабдуе со пари јесте дека тоа ме прави до негде среќен ама премногу би сакал да имам татко на место и се би дал за да го сменам ама колку и да пробувам едноставно се е залудно..
Е сеа, највеќе од се ме плаши тоа што дека ќе постанам и ја како него и ќе се влечам по кафани секој ден запиен ќе си идам дома и ќе ја тепам жена ми без причина.
Али моментално побитно ми е он да се смени, а јас мислам дека ако одам против себе дека нема да станам како него, реално алкохолот не ме влече ама има премногу други лоши особини шо дефинитивно ќе ги наследам.
Епа луѓенца ваши мислења дали може да се смени човеков и како?
Човекот не го мења ништо живо....ама тоа е негов проблем, и не треба да чувствуваш некоја вина заради тоа. Сигурно веќе го имаш прифатено ова како факт...само некоја надеж кај тебе постои дека ќе се опраи.....сосема небитно е.
Постојат доста начини како да си го уништиш животот....алкохол, дрога, коцка и т.н. Се зависи од твоите апетити за живеење. Чувај си ги твоите добри особини и БЕГАЈ од пороците.
Незнам дали некој ти кажал некогаш....
Можностите ти се огромни...не се неограничени ама огромни, а тоа значи можеш да успееш скоро во секоја сфера на животот. Апетитите се битни исто толку колку и тоа колку ќе бидеш вреден....тие две работи се пресудни. Ако имаш некоја замисла едноставно фати се за работа и шибај....пак ќе речам, можностите ти се огромни. (y)
 
фала ви премоногу луѓенца :)))))))))))))))))) <33
искрено ме мрзи на секој поединечно да му враќам на коментарот
иначе мислам дека се е можно кога се сака
од една страна е океј вакво нешто шо ми се десило у животот и ќе бидам по јака личност психички и ќе знам како да се поставам кон моите деца оти знам каков мизерен живот имам со тато ама он ме донел на светов и го сакам и поштувам колку толку
од друга страна ме погодуе тоа шо имам ваков татко, тоа шо се шо имам видено од него е лошотилук, страв, тепачки, лоши совети и најмалце од се татко на место, тоа шо порано живеев со него мизерно и ми ја полнеше главата со глупости за мама и несакав да слушнам за неа и поради тоа до ден денес сумљам за некои лоши работи што ги имам слушнато за мама иако знам дека се невистинити .. ама се се случува со причина ако ништо друго треба да извлечам нешто позитивно од овоа
 
Нема врска ова со наследност, баш напротив децата добиваат одбивност према алкохолот гледаајќи ги блиските како се уништуваат и малтретираат наоколу кога ке се напијат

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Мозокот на детето се развива до кај 7 години и у тој период се создава шема у која те обликува тебе и твоите карактеристики што ќе ги имаш понатака у животот. Ако татко ти е пијаница и ти си го глеал како пие и ја млати мајка ти ко магарица мн веројатно е и ти да станеш таков. Друг пример ако си мушко и раснеш со еден родител односно со мајка ти големи се шансите да си феминизиран и не можеш да имаш нормална врска со жена пошто ниедна нема да те најде привлечен, трет пример ако раснеш у хармонија и среќно семејство многу веројатно е кога ќе пораснеш да се ожениш млад и да створиш фамилија.
 
не бладај ова нема допирна точка со реалноста

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
не бладај ова нема допирна точка со реалноста

Sent from my iPhone using Tapatalk

Тоа е психологијата, ти немаш допирна точка со реалноста и не знаеш како функционираат работите. Али како викаат ignorance is bliss, можда така е и боље.
 
Тоа е психологијата, ти немаш допирна точка со реалноста и не знаеш како функционираат работите. Али како викаат ignorance is bliss, можда така е и боље.

извини психологу ама братучедми што е исфеминизиран иако од мало ништо не му фалело и растел со татко и мајка не треба да сум психолог за да сфатам дека тропаш глупости
кога некој ја тепа жена си ради алкохол тој удира и по децата и буквално го трауматизира цело семејство и тука доаѓа до одбивност на децата да бидат ко татко им
ама ај да не тепам џабе време одамна сум сфатил со кој си иам работа

ја нигде не реков дека 100% ќе биде таков, него предиспозициите се тие, сеа тебе како ти одговара така сфаќаш. Те пецнало тоа за братучед ти па тропај глупости безвеза.
 
Има наследен ризик фактор за алкохолизам. Ама само ризик фактор е. Толку...тоа е.
 
Во мојата фамилија никој не пие. Лично јас на 23 години пијам (за жал) многу повеќе од моите врсници. Летен период коа работам 5-6 чаши жестоко сигурно во текот на денот па се префрлам на пиво. Навечер ако искочам башка е хахахах.
Сеа зимски период имам намалено само црвено домашно пијам скоро секој ден пола литар шише некад и повеќе зависи и се осеќам топ.
За разлика од мене ни тато ни татко му не пиеле :)
Поздрав до сите мераклии и боеми!
 
Јебига, едноставно мораш да сфатиш дека тие што најмногу ги сакаш нема никад да се сменат, поготово родителите.

@teneke екстазата е и те како психички позависна од канабисот.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom