Талент?

  • Креатор на темата Креатор на темата Божино
  • Време на започнување Време на започнување
Талентот треба да е вроден во личноста, па на крај да го открие и да може да го искористи максимално!
 
Талентот треба да е вроден во личноста, па на крај да го открие и да може да го искористи максимално!
Верувам дека се раѓаме со многу, многу способности. Не со сите, но со повеќето. И само оние кои во периодот на раната возраст, условени од животните околности, ќе ги препознаат прво другите, па потоа и ние, имаат потенцијал да прераснат во нешто што го нарекуваме талент.
Затоа и го болдирав горе цитираното. Затоа што сметам дека зборовите откривање и развивање се клучни за да нешто окарактеризираме како талент.

Потенцијални умеења имаме многу повеќе од таленти. Диференцијацијата помеѓу двете лежи токму во развивањето(за чиј предуслов е нормално препознавањето). Без тоа остануваме само со латентно умеење. А, талентот е умешност, на која и е вдахнат живот преку работење на истата.
Поради тоа и талентот е толку силно поврзан со работата врз него, односно неговото развивање. Само преку практична(кажано условно) примена може да го доживееме. Инаку, останува само некоја "заспана" можност.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom