Такси превоз во Охрид!

  • Креатор на темата Креатор на темата Slash-
  • Време на започнување Време на започнување
NO COMMENT за охридските таксисти. Срамота! Замислите ни побараа 400 ден. од славје до пештани само зашто врнеше и тој таксистите си мислат ајдеее сега е ваа соголите ги до кожа туристите. Бог да чува...:nerv:
 
Абе.. сеа читам 2000 денари од Охрид до Скопје.. а ние му се јавивме на еден „пријател“ да дајт некоја цена за поефтино... за другарствово де, да цутит. И тој штрумфот 4 иљадарки ни побара.
Сеа не знам дал оај е удрен по гла или вие, ама не е на арно. :uvo:

Инаку, најубо ви рече итар пејо, градов се поминвит од еден крај до друг за ногу малку време, добро не петнајс минути, ама четири-пеестина минути сигурно, а некој населби во Скопје дур ги ифцапаш два сати ќе те фатит.
Аку не знајте како да стигните до местото кај шо требит, прашајте некого, нема да ве испратит Свирипичино сигурно. Јас лично зеам такси само ко ќе каснам, мада истото е, дур дојт, дур ме однесит, пешки ќе си одам. А за на плажа, имат комбиња скоро до сите плажи, за убај цени.

И шојмат врска полицијава со таксистиве? Приватни компании се, колку сакет - толку может да земет. Е сеа, не им се исплаќат ногу да дерет зш ќе губет муштерии, ама на лето не се знајт ни во кое такси влегвиш, ни од кое излегвиш. Ам ај сеа, нек ојт полицијава по продавници и нек им викат да ги намалет производиве, или по кафичиве нек одет да им речет поубо кафе да прает.
Ам така де.
 
Ноа лето јас и еден другар со такси од Охрид до Градиште 400 денара :uvo: .
Толку е.. по таксиметар чим те возел толку земаат и јас ко се враќав од Градиште ми зедоја толку. Мојш ак сакаш и оние дивине таксисти да се возиш ак сакаш за 250 денари,ама никој не ти гарантира дека стварно ќе ти земи 250 денари или те излажал само да влезиш в кола или дека ќе е некој напален мајнак.
 
превозот во охрид не ошурува сите...тоа таксистине треба да се казнат со невидена сума на пари за да им дое памет.Иако сум од скопје секое лето идам во охрид и мене не ми се има десено да ме ошурат бидејќи пред да влезам у такси знам као да се поставам и со таксиметар да ме вози или пак у најлош случај му ја трескам вратата и не му влагам.Охрид стана само за пешадија треба да се опростиме од таксиња боље со кајче :pos2::pos2:
 
Бев у охрид ... иста песна како и стално нормално... а да запазиме и уште еден момент... му викам до КАДМО и вика кај мостот сакаш или пред кадмо и ја викам ПРЕД КАДМО ! и вика 150 ( по таксиметар 70 негде ) и викам дај бе пушти таксиметар ... и ми вика 120 е по таксиметар али ти зиам 30 денари пошто коа ке се враќам за да свртам треба да кружам малце !!!!!!! ( 50 метри ! )
 
огин и пламен фрла по мене:pos2::pos2::pos2::pos2:
е таксиситите во охрид немаат осет стварно видоа туристи и сеа ај ќе ги цедиме, па не бива така,не мислам ја сите пари за тахи да си ги дадам,место да се напијам алкохол ко човек ја нив ќе им давам нема грешка боље пеш ќе одам.......
 
Не ми се коментира околу ова...
од Корали до Ценрар во ОХ во 05h сабајле пијани и се качуваме во такси и во центар да се симнеме ни вика 1000 ден и си мислам што му е на човеков да не се мрднал, вика Дечко не ме гледај толку е таксито, и викам бегај да не те гледам пошо можеш и котек да добиеш и се симнав изнервиран ни пари виде ни ништо он ке ме прави будала...си сврте си замина:nerv::nerv::nerv:
 
превозот во охрид не ошурува сите...тоа таксистине треба да се казнат со невидена сума на пари за да им дое памет.Иако сум од скопје секое лето идам во охрид и мене не ми се има десено да ме ошурат бидејќи пред да влезам у такси знам као да се поставам и со таксиметар да ме вози или пак у најлош случај му ја трескам вратата и не му влагам.Охрид стана само за пешадија треба да се опростиме од таксиња боље со кајче :pos2::pos2:
:vozbud: ова го имам чуено од една особа исто и ти :pos2:

Па луѓе сезона му е морат и они да спечалат да земат и 13 та плата :vozbud: затоа со кола само одење :smir:
 
Тоа што ми се допаѓа е унифицираната боја на возилата што е редно да се пренесе и во Скопје.
 
Тоа што ми се допаѓа е унифицираната боја на возилата што е редно да се пренесе и во Скопје.

И не е само тоа другар. Унифицирана боја, клима уреди, фискални, платени давачки кон државата, лиценци и уште триста чуда пари им се наплаќаат.
Па затоа дерат на лето.

Јас не знам дали во државава има толку одржани (и нови) такси возила како во Охрид. Во Охрид добивате квалитетно возење за квалитетни пари! :)
 
Oсет да се немало.
Цепам охридски у такси тогаш и поминувам океј
 
И не е само тоа другар. Унифицирана боја, клима уреди, фискални, платени давачки кон државата, лиценци и уште триста чуда пари им се наплаќаат.
Па затоа дерат на лето.

Јас не знам дали во државава има толку одржани (и нови) такси возила како во Охрид. Во Охрид добивате квалитетно возење за квалитетни пари! :)

се е ок тоа ама немаат таксиметри и култура и немаат друга рута освен охрид-плажи-охрид.
 
Нема да дадам име на такси компанијата од Охрид (нема да рекламирам, па ниту ни лоша реклама нема да дадам), но замислете си ситуација да имате договорено превоз на 60 души (деца) да се вратат од Охрид кон 2 дестинации во Републикава, а фраерот/превозник заборавил дека треба да не врати. Доцнеше едно 2 саати.

Во секој случај, и другите Охридски таксисти не се многу за пофалби.

Ама ни другите превозници во РМ не се многу за пофалби.
Кој пробал знае!!!!!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom