Такси или автобус?

  • Креатор на темата Креатор на темата Il Chino
  • Време на започнување Време на започнување

Такси или автобус?

  • Такси

    Гласови: 206 60,1%
  • Автобус

    Гласови: 137 39,9%

  • Вкупно гласачи
    343
Такси дефинитивно.
Во автобус се возам ептееен ретко дали 3-4 пати годишно.Добро сеа,ни со такси не сум секој ден ама кога можам да бирам,бирам такси.:smir:
 
секој ден у школо со автобус идам
од Аеродром до Карпош...
такси ретко корисам.автобус исто ме носи кај шо треба,сеа поспоро и до автобуска само али сепак со автобус не плакам нишо(слободна иам) и ок ми е :Р
 
Такси.
Го бирам поради некои неубави работи кои што ми се случија во градските автобуси,поради големите гужви и слично.
 
Автобус.Поголема слобода имам,во такси ми е непријатно..а и поевтино е:)
 
Зависи од тоа дали се брзам и колку пари иам.
 
Абе јас сакам со лимузина да идам на факултет али неможе. Автобус му е мајката. Слободна за цел месец и пекол во скапаните црвени железни кутии на тркала. Испотени баби со 4394084 кеси со нив, дедовци со железни цевки од 2 метри под мишка, фармери со живи кокошки, ромки кои си ги дојат своите 5 годишни деца, гласни средношколци...Тоа е автобус - го мразам али немам пари за такси. :)
 
Нон стоп сум во бус!
Такси користам многу ретко,само во ситуација кога брзам за некаде!
 
Автобус, дефинитивно. Побавен и понеудобен транспорт, да, но поефтин, па би рекол и побезбеден, со оглед на тоа што таксистиве возат ненормално последниве неколку години, во обид да пренесат што е можно повеќе патници во што е можно пократок период. А некои од нив се и со многу ниско ниво на култура, пробуваат да почнат разговори на крајно глупави и простачки теми, а пак ако на пешачки се најде некоја згодна девојка? Е тек тогаш... :nesvest:
 
зависи од време,место и кеш...после искачање,за накај дома најчесто со такси...
 
Такси дефинимадафакитивно :) шо ќе се влечкам со автобус поарно со такси
 
со автобус повеќето се возам а секако со такси е поубаво али и многу поскапо во Скопје
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom