Такси или автобус?

  • Креатор на темата Креатор на темата Il Chino
  • Време на започнување Време на започнување

Такси или автобус?

  • Такси

    Гласови: 206 60,1%
  • Автобус

    Гласови: 137 39,9%

  • Вкупно гласачи
    343
Si se vozam so bus ne mi e voopsto problem em eftino e,no i so taxi zavisi kako stojam so pari i so vreme ako mi se brza togas taxi:toe:
 
Кај нас во Битола повеќе се исплаќа со такси отколку со автобус.
Разликата не е голема, а кај и да одиш најевтино е 30 денари, најскапо 60-70 (зборувам за себе).
В центар живеам, а знајте Битола се е на едно место, кафичи, бутици, така да немам некоја голема потреба од превозно средство. Дури и факултетот ми е блиску.
Е кога одам некаде подалеку, користам такси, бидејќи, како што кажав, посплатливо е. Најмногу имам досега платно (и само еднаш во животот) 70 денари, ама таксистот го изнаврти цел град...
Автобусите и не се многу, многу пријатни, а како плус причина што не се возам со автобус, е поради тоа што нема постојка кај мене во близина...
Имаме и „диви таксисти“ си возат по 15 денари (или 20??), ама треба да чекаш да се соберите 4-5 души...
 
Со оглед на фактот што школото ми е оддалечено прилично многу доста време од денот поминувам во патување накај и од школото..имам слободна што значи дека можам да се возам во кој било бус и до каде било..Е сега за враќање од искачање или во ситуации кога брзам користам такси,нема тогаш бусови..инаку не ми претставува проблем возење во бусови..Не е така одвратно и неподносливо како што некој имаат прикажано..
Но сепак јас би гласала за кола и тоа само моја кола:smir:
 
Па секој ден до училиштето и назад со автобус, а по потреба такси. :helou:
 
Дефинитивно такси,као што се условите во автобусиве ич не ми се влага, ама МОРА! МОРА! :(
 
такси....кај нас автобуси не ни знам дали вртат така да морам со такси да се возам
 
Ако се брзам негде а не можем кола да земем такси, у спротивно автобус.
 
Во Битола ко ке сум пешки цепам сегде .. ретко такси ( од дивите ) земам . А во Скопје со автобус.
 
Ако се брзам или навечер такси,али вака за у школо бус:nesum:
 
Сакам автобусчиња, но во анкетава гласав за такси. Од една едноставна причина што ние немаме автобуси туку имаме трактори. Единствена предност на таксито е што не застанува на станици, но затоа тука се сите можни семафори кои ќе бидат на црвено и на кои таксито нели сосема случајно застанува.
За комоција не може да се споредува. Секако дека таксито е далеку поудобно. Но, и во автобус ако има место за седење е добро.
Некако слободнава за во автобус ми е многу корисна работа. Одам каде сакам, кога сакам, со кој автобус сакам за само некои си 1000 денари месечно. А со такси би одел точно определено на едно место и за тоа би платил многу убави цени.
Преферирам такси само кога каснам некаде, или кога немам друг избор.
Сепак автобус е мојот избор.
 
Најмногу користам автобус,а кога многу брзам негде си идам со такси ама затоа кога имам многу време и кога дозволуваат временските услови фурам пеш
 
паа со автобус скоро сегде идам се враќам.......е сеа ептен ако немам автобус...претежно навечер...ако не ми се чека тогаш такси
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom