Такси или автобус?

  • Креатор на темата Креатор на темата Il Chino
  • Време на започнување Време на започнување

Такси или автобус?

  • Такси

    Гласови: 206 60,1%
  • Автобус

    Гласови: 137 39,9%

  • Вкупно гласачи
    343
Секогаш одам со такси. Со автобус нејќам зашто треба порано да излезам и да го чекам, а јас скоро секогаш каснам за негде :)
 
У принцип неам некоја одбивност кон автобуси, али и неам некоја потреба за да ги користам. Исто и со такси.. се возам ама ретко имам потреба. Блиску ми се местата каде што се движам, па 5-10 минутна пешадија е сосема ок.

Иначе ако морам да бирам.. преку ден автобус, навечер такси :)
 
Пошто ретко одам на друго место освен до центарот на градот и назад:)15мин, најчесто одам пешадија.Ако се брзам за некаде тогаш земам такси, и ако ме мрзи да пешачам а обично не ме мрзи.
 
Сопствено возило, или во екстремен случај такси. Автобус јок!
Незнам кога последен пат сум се качил во автобус, од било кој вид.
 
Сопствено возило, или во екстремен случај такси. Автобус јок!
Незнам кога последен пат сум се качил во автобус, од било кој вид.

Па оти немамe градски автобуски линии :vozbud: :vozbud:

иначе и јас преферирам такси .. . поудобно е ебаго ...
 
Јас си се возам со автобус,слободната у џеб на -10 на автобуска и дремам го чекам црвениот „убавец“ да ме превезе до саканата дестинација,а внатре милина,топло,пријатни луѓе,намирисани со домашни парфемчиња,да не ти се качува во такси работата...не за друго не ми дозволува буџетот сам да се возам со такси,освен после искачање кога веќе нема автобус,а и кога брзам негде и кога ќе земам такси баш тогаш ме фаќа најголема гужва а таксиметарот како што кажа точкест фуче,и поради тоа си искачам порано и си го чекам крвотокот на градот :pos:
 
Абе лепи, немате од дивите таксисти (да ве начукаат по 5/6 луѓе во кола и пр. од една до друга населба, 20ден)?

Стрикно само возила на такси компании кои наплаќаат на таксиметар?
 
јес хани :pipi: за 20 денара ни код бабе!
 
Тоа е, метропола.

Кај нас кажав, по дваесет денари од еден пункт (:S) до друг, ќе си се соберите 4/5мина ќе ве зиповаат во тикото, ќе си стигните до саканото место. Можи не мириса ама барем удобно е. Од друга страна пак, возењето со такси по нормална тарифа од еден крај на градот до друг е 90 денари. Најголема сума што имам платено за такси е 100 денари. Сепак не ми се допаѓаат, плус се поскапи, мора да се пази малце и на домашниот буџет. (A)

Значи да одговорам на темата. Сум за автобус, ми се допаѓа јавниот транспорт, но автобус кој е технички исправен. Не ми треба автобус луксузен Мерцедес, година на производство 2007ма, ама барем да има столчиња и прозорците да му се на број. И да поседува дискови за кочници, се разбира. :)
 
Зависи од ситуација, нормално, како стојам со кеш. Ако се има нешто повеќе, се иде со такси, побрзо е, денес и побезбедно отколку градскиот сообраќај, каде автобусите се застарени, па треба да пазип да не евентуално се случи нешто, па да страдаш ни крив ни должен. Автобус стриктно кога се нема пари, шверц-комерц, освен во приватните, кај што до сеа само еднаш сум се шверцал, и тоа успешно.
Како и да е, си се држам до такси.
 
еднаш или два пати се имам качено во автобус и ниеден автобус незнам кај иде :( не за друго него зошто живеам во е*ано село лисиче хаха :) у населбата сум ама нема везе :) ИМА ДВЕ АВТОБУСКИ ЛИНИИ :toe:
 
Дали е до несоодветноста и староста или до нешто друго ама имам одбивност спрема автобуси. Едноставно кога ќе се приближам до автобус и ќе го осетам тој како што го викам "автобуски мирис" ми се превртуваат црева. On the other hand од носталгичен аспект кон автобусите на ЈСП имам афинитети, во средно им го знаев целиот возен ред особено во постполноќните часови негде после 2, двојката и те како ми била кец на десетка. А и до пешадијата си се држев ем рекреација ем муабет. И после се појави автомобилот и перцепираната дистанца од точка А до точка Б стануваше се поголема како што се зголемуваше употребата на истиот.
 
Taksi. I vo shkolo idam so taksi i za iskacanje i za se :)Bobrzo e,pokomotno i potoplo sea vaka vo zima. A da bash za takvi manijacishta shto se trljaat i shto slucajno rakata im e na tvojot gaz ne preferiram avtobusi.
 
Во автобус не памтам од кога не се имам возено.... 2 пати во животов :)
Ако ми е блиску одам пешки, ако не со такси ми е поубо, плус ме носи до пред зграда и плус не сум ограничена со време. :devojce:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom