Сум ги пробал скоро сите видови месо, дури и некои работи кои не се за јадење. Бидејќи сум антитеист, моето табу е базирано на вкус, ништо друго. Не јадам свинско затоа што ми е најглупо месо на светот. Преголем процент маснотија, дур го испечам на скара пола ќе го снема. Тоа што ќе остане има вкус на мокар картон. Не јадам ни овчо, премногу е благо, како со шеќер да е. Ни козјо не сакам. Ептен си љубам месо на животињи што пливаат, ама не риби туку другиве.
Кога сме кај свинското и муслиманите, тоа табу не потекнува од религијата туку од практични причини. Бидејќи исламот во тоа време бил практикуван во оние пустелии таму, свинското месо многу брзо се расипувало и лесно било да се добие труење од него, па затоа го забраниле. Додуша мислеле тогаш дека е отровно, не знаеле дека се работи за бактерии, ама суштината е таа. Денешниве муслимани мислат дека е од религиски причини, демек свињата била многу валкано животно, јадела се`, и така натаму - ама тој аргумент можете да им го начукате во грло со тоа што ќе ги потсетите дека кокошката ги јаде апсолутно истите работи како и свињата.
И уште еден мит е дека во ефтиното мелено месо има магарешко. Ич не е точно, и кој пробал магаре, го знае тоа. Магарешкото месо е одлично, скоро како од дивеч. Многу силни, концентрирани и богати вкусови. Нешто како од мечка месо.
Како и да е, би пробал секаква храна. Кога сум на кампување сакам да си грицкам разни тревки и шумски плодови, никогаш не се знае што може да се начека. Цветовите имаат изненадувачки добар вкус. Ептен си ги сакам кокичињата. Има една тревка со листови како лопатчиња, кисели се и одлични за салата. Расте блиску до подножјата на високи дрвја и не е висока, налик на ползавец е.
Единствено што не би пробал е човечко месо оти не јадам лајна.