Табу храна

  • Креатор на темата Креатор на темата NikolaMKD91
  • Време на започнување Време на започнување
N

NikolaMKD91

Гостин
Најпрво сакам да објаснам што значи една храна да е табу. Табу храната претставува вид на храна која одредена група на луѓе (народ) не ја конзумираат поради религиозни или културни причини. Најпознат пример за тоа е забраната за конзумација на свинско месо од страна на евреите и муслиманите заради религиозни причини. Она што е во една култура и заедница е табу храна, во друга може да биде сосема нормална и редовна исхрана ( на пример месото од крава во Индија е најстрого забрането, додека пак во западниот свет наголемо се јадат бифтеци и останати месни производи од телешко месо)

На темава сакам да се фокусираме на храна што во македонското опшество претставува табу, т.е не се конзумира. Сакам вас да ве прашам дали некогаш сте пробале храна што не се јаде кај нас и која ? Јас имам јадено ( незнам колку е табу, ама кај нас не се јаде често) жабји батаци. Имам слушнато од еден другар дека имал пробано месо од камила, а друга колешка ми има спомнато дека пробала месо од кенгур.

Најчеста храна што во други култури се јаде, а кај нас е табу се : инсекти,кучиња,мачки, камили,кенгури, глувци,стаорци,змии и така натаму. Тука спаѓа се разбира најзабранетото и најголемото табу во светот човечкото месо.

Сум ги пробал скоро сите видови месо, дури и некои работи кои не се за јадење. Бидејќи сум антитеист, моето табу е базирано на вкус, ништо друго. Не јадам свинско затоа што ми е најглупо месо на светот. Преголем процент маснотија, дур го испечам на скара пола ќе го снема. Тоа што ќе остане има вкус на мокар картон. Не јадам ни овчо, премногу е благо, како со шеќер да е. Ни козјо не сакам. Ептен си љубам месо на животињи што пливаат, ама не риби туку другиве.

Кога сме кај свинското и муслиманите, тоа табу не потекнува од религијата туку од практични причини. Бидејќи исламот во тоа време бил практикуван во оние пустелии таму, свинското месо многу брзо се расипувало и лесно било да се добие труење од него, па затоа го забраниле. Додуша мислеле тогаш дека е отровно, не знаеле дека се работи за бактерии, ама суштината е таа. Денешниве муслимани мислат дека е од религиски причини, демек свињата била многу валкано животно, јадела се`, и така натаму - ама тој аргумент можете да им го начукате во грло со тоа што ќе ги потсетите дека кокошката ги јаде апсолутно истите работи како и свињата.

И уште еден мит е дека во ефтиното мелено месо има магарешко. Ич не е точно, и кој пробал магаре, го знае тоа. Магарешкото месо е одлично, скоро како од дивеч. Многу силни, концентрирани и богати вкусови. Нешто како од мечка месо.

Како и да е, би пробал секаква храна. Кога сум на кампување сакам да си грицкам разни тревки и шумски плодови, никогаш не се знае што може да се начека. Цветовите имаат изненадувачки добар вкус. Ептен си ги сакам кокичињата. Има една тревка со листови како лопатчиња, кисели се и одлични за салата. Расте блиску до подножјата на високи дрвја и не е висока, налик на ползавец е.

Единствено што не би пробал е човечко месо оти не јадам лајна.
 
Работи што не би ги jадел иако сум антитеист - агностик се скакулци, мравки, паjаци, балут (jаjце од патка со недоразвиен ембрион коj се jаде жив), жаби, свинско, jагнешко, овчо, пача, чкембе чорба итн итн.
Причина: има доволно вкусни работи што не вклучуваат животни и животинска маст.
 
Браво, ти благодарам Ал за опширниот одговор - тоа се бараше. Бидејќи кажа дека си ги пробал скоро сите видови на меса, гледам го спомнуваш магарешкото и мечкиното месо. Рептили и инсекти си пробал ли ? Клипот што го постирав од national geographic во него се прикажуваат луѓе како јадат лебарки, бубашваби и скакулци. Многу ме заинтересира твојот пост, љубопитен човек сум по природа да не те прашувам посебно за секое месо што си го пробал, полесно ќе биде да ми кажеш се разбира доколку сакаш кое месо не си го пробал во животот ?
Работи што не би ги jадел иако сум антитеист - агностик се скакулци, мравки, паjаци, балут (jаjце од патка со недоразвиен ембрион коj се jаде жив), жаби, свинско, jагнешко, овчо, пача, чкембе чорба итн итн.
Причина: има доволно вкусни работи што не вклучуваат животни и животинска маст.
Имам слушнато за балут, мислам дека бил многу популарен специјалитет во Индонезија- вкус имал како пилешко. :D
 
Работи што не би ги jадел иако сум антитеист - агностик се скакулци, мравки, паjаци, балут (jаjце од патка со недоразвиен ембрион коj се jаде жив), жаби, свинско, jагнешко, овчо, пача, чкембе чорба итн итн.
Причина: има доволно вкусни работи што не вклучуваат животни и животинска маст.
И не пропушташ многу, право да ти кажам. Ако си љубител на фина храна, овие ти се живи глупости што потекнуваат од францускине ресторани каде ќе ти сервираат мешавина на сите будалаштини само за да се осеќаш посебно. Се имам налапано разни бубачки овие последниве 2 лета од кога возам мотор и ти викам, не знам што вкусно пронаоѓаат луѓето во нив. Ко да јадеш топче пуно со гној и мрсули.

NikolaMKD91
Како што спомнав горе, не сум ги пробал намерно... Тоа што секој моторџија јадел на автопат, тоа сум јадел и јас (ако не влезе во око или нос, ќе влезе во уста) само во поголема количина оти возев ATV па низ шума имаш разна фауна за лапање. Не знам, можда печени се вкусни ама вакви живи - јок. Сега кога ќе почне камп сезоната, ќе пробам, да видам и тоа што чудо е.
 
Освен тие жабји батаци, месо од мечка, срна, зајак, октопод, некој стек од ајкула, најголем дел веројатно од љубопитство (не дека не би јадел пак).И не знам колку се табу, подобро би стоело дека генерално не се јадат од мнозинството, ги немаме во наша околина или се забранети за ловење.
 
Се слагам. Убаво е да се проба, ама ако не ти се свиѓа нема причина да продолжиш да го јадеш. Јас неколку пати пробав некои видови храна кои ме натерале да повратам и тука завршува мојата врска со таа храна. Ете најголем дел од населението нема никаков проблем со плескавиците по сендвичари, ама јас цревата ќе ги истурам ако ги видам, вклучувајќи и било која храна со варен/пржен кромид. Едноставно се работи за индивидуална толеранција.

Кога сме веќе кај вакви видови храна, јас нарачав некни Moruga Scorpio семенца, би требало летоска да имам плодови па ако се наоѓа некој со челични мадиња и воља да се проба нешто ново, би можеле јавно, на сред Веро да лапнеме по едно, пред камера. Во име на науката. Пијачките потоа се на моја сметка.
 
Ако не се лажам, не беше тоа вид на чили пиперчиња што ги сметаат за најлути на светот ? Хаха сакам да пробам едно, ама покрај мене да има многу коцки мраз да ја неутрализирам одма лутоста. :)
 
Баш би сакал некој муслиман или евреин да ни објасни зошто не јадат свинско?
 
@Ал
Објаснувањето ти е обична претпоставка, ништо не си објаснил другарче...:)
 
@Ал
Објаснувањето ти е обична претпоставка, ништо не си објаснил другарче...:)
Објаснувањето се зборови на неколкуте оџи со кои зборував друже.. Не се тоа мои измислици. Теолошката причина е поради тоа што свињата е валкана, од научен аспект е поради тоа што свинското лесно се расипува. Топлото време во арапскиот свет е уште една причина зошто муслиманите и не пијат алкохол - тој го дехидрира телото многу брзо, а во земја каде што водата е драгоцена последно нешто што сакаш е да си дехидриран. Значи народот од арапскиот свет имал многу логична и умна причина зошто овие производи се забранети, единствен проблем е што теолозите го имаат тоа присвоено без целосно да го разберат и еве во денешно време испаднаа глупи.
 
Сум пробал многу видови на риба, дури и месо од ајкула,јагула како најдобри што би ги издвоил, јадев жаби, имам пробано смок, и уште еден вид на змија чие име не ми текнува, имам пробано желка, и сите видови на месо кој се конзумираат во нашата држава (јагнешко,телешко,свинско,пилешко) и слично, а би сакал да пробам и скорпија, глушец инспирација од бер грлис..
Баш би сакал некој муслиман или евреин да ни објасни зошто не јадат свинско?
Кога сме кај свинското и муслиманите, тоа табу не потекнува од религијата туку од практични причини. Бидејќи исламот во тоа време бил практикуван во оние пустелии таму, свинското месо многу брзо се расипувало и лесно било да се добие труење од него, па затоа го забраниле. Додуша мислеле тогаш дека е отровно, не знаеле дека се работи за бактерии, ама суштината е таа. Денешниве муслимани мислат дека е од религиски причини, демек свињата била многу валкано животно, јадела се`, и така натаму - ама тој аргумент можете да им го начукате во грло со тоа што ќе ги потсетите дека кокошката ги јаде апсолутно истите работи како и свињата.
 
Сум пробал многу видови на риба, дури и месо од ајкула,јагула како најдобри што би ги издвоил, јадев жаби, имам пробано смок, и уште еден вид на змија чие име не ми текнува, имам пробано желка, и сите видови на месо кој се конзумираат во нашата држава (јагнешко,телешко,свинско,пилешко) и слично, а би сакал да пробам и скорпија, глушец инспирација од бер грлис..
Глушец е како гулаб, ако си пробал.. Или било која птица од дивеч.
А змијата ме интересира, по твое искрено мислење каква е? Знам дека викаат демек ко пилешко била, ама сакам повеќе детали.. Дали е жилава, со коските како се справуваш?
 
Мешано помеѓу пилешко и рибешко, за жилава не а со коските зависи до змијата, бидеејки нели секоја змија е поврзана со рбетен стол и нема градна коска, но сепак тоа е најлесна работа :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom