Табу храна

  • Креатор на темата Креатор на темата NikolaMKD91
  • Време на започнување Време на започнување
Не знам дали е табу или еротика или порно во нашава држава, ама јас сум пробал месо од коњ во Австрија. И сите викаат вкусно вакво такво, мене ми беше како чадена шумка, ништо посебно не вкусив. А глушец како шо викате или шкорпија ќе ви речам - не е устава моја канта за отпадоци, а ни желудникот-центрифуга, па за да екзибицирам со невообичаени ручеци.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ION
Табу мене ми се жабите. Субјективно е тоа ама мене ми се многу одвратни и лигави. Помислата ми е гадна а камоли да ги пробам....а можеби сум во ептен голема заблуда, можеби се вкусни ептен. :) И во Хрватска еднаш на одмор кога бев земав скорпии и мали октоподи (мешани беа ), ни благи,ни солени, вкус никаков, ги исплукав :D А најскоро што пробав пред една недела-Алги, жилави упм, не ми се допаднаа ама не беа гадни. Од месо што сум пробал најдобро ми било од мисирка ама сигурно има и поубави оти немам многу животни пробано :)
Не прочитав за зајачко месо, сум слушнал ептен било вкусно....ениуан? :)
Јас имам јадено див зајак и поховани жабји батаци. Зајакот беше навистина превкусен, посно месо со карактеристичен вкус и мирис, не беше на ништо слично што претходно го имав пробано. (y)
BTW уште една заблуда, нека не те лажат дека месото од див и питом е исто. Многу е различно, разликата е нешто како дива и питома свиња да јадеш.

А поховани жабји батаци се специјалитет во Кочани, како помал ги имам јадено. Со татко ми прв пат кога бевме таму ги пробав, навистина прав деликатес се копанчињата имаат вкус како пилешко со бело винце како одат мх мх мх. Кај ваквите необични јадења друже едиствен проблем е психолошкиот момент во главата на човекот ( абе жаби ли ќе јадам ?!?? полжави??), се останато е ствар на вкус. :)
 
Bear Grylls, ти си бе друже? Welcome to Kajgana
Фала.. Не сум Bear, туку едноставно љубопитен. Како што реков поназад, што е најлошото што може да се случи? Ако користиш проста логика, шансите се големи дека ќе најдеш некоја нова храна што ти се допаѓа. Кај тревките конкретно, кога ќе ја скинеш ако не пушта онакво бело млеко, лизни ја. Ако не е горчлива, терај слободно. Единствено со печурки не се правам мангуп, ама другиве тревки се помалку или повеќе безопасни кај нас во Македонија. Има коренчиња што може да ископаш во шума, прсти да излижеш. Кога ќе се испечат на жар, компирот е гола вода за нив.

Љубител на месо не сум, единствено што можам во неограничени количини да јадам е добар говедски пршут ептен сув, и лигњи. Другиве најчесто ги пробувам, чисто колку утре да можам да речам дека знам каков е вкусот, да се просветлам себеси. Ко што викаат.. Од еднаш педер не се станува :rolleyes:
 
Кога сме веќе кај вакви видови храна, јас нарачав некни Moruga Scorpio семенца, би требало летоска да имам плодови па ако се наоѓа некој со челични мадиња и воља да се проба нешто ново, би можеле јавно, на сред Веро да лапнеме по едно, пред камера. Во име на науката. Пијачките потоа се на моја сметка.
како прво, ќе се пријавам за необичното доживување :D и очекувам да бидат полути, многу полути од чилито што го имам јадено ух ух што смеење, а и плачење има да биде тој ден. јас зимам слободен ден од работа за ова
а сега за останатите деликатеси. за јадење сум OPEN MIND. имам став дека ако некој нешто јаде, значи е ок и дека останува на мене и мојата психа да можам јас да го јадам. значи СЕ' се јаде. но ...... откако ќе пробам, дури тогаш ќе кажам дали ми се допаѓа и дали повторно би го јадел или не.
сум пробал, јадел од ајкули (супер е), крокодили(супер е), полжави и жабји батаци(супер е), школки, опаши(супер е), диви свињи и елен (срна)(супер е) појма немам што беше, јагула која BTW е прекрасна и единствената риба што со мерак ја јадам, кукурек и шкембе, мозок, јазик, ..... има и други што сега не ми текнуваат. и некои пак би ги јадел. а би сакал да пробам се' друго што не сум имал можност, ко кучето на клипот, и скакулци и пајаци, белите дебели абориџински црви, камила обавезно, ...... а криво ми е сега, дека кога имав можност да пробам змија ја одбив. ама дете зелено тогаш.
 
Читам што се не сте јаделе и понекој тука што јадел чудноватии.

Јас сум поприличен гурман и сакам новини.

Значи, сум јадел од мрата надвор чудни јадења.
Сега, сеуште немам пробано (ќе наведам дел од споменатите работи претходно):
  • мачка
  • птица предатор
  • стаорец
  • мајмун (мислам дек ане сум, иако чудно ме гледаа еднап во една земја коа беф, кога спомнав дека не сум јадел мајмун, а од Индијана Џонс као нели е жилво месото, ама еве, велам не сум)
  • крокодил (алигатор имам јадено и прекрасно беше, малку јако месо, ама топ)
  • стоноглаки
  • бубашваби
  • чкрапји
  • штрк
  • месо од егзотичен ѕвер (велат не чинело, плус е забрането :))
  • слон, жирафа
  • медузи мене ме јаделе како мал :)
  • крт
  • јазовец
  • мрмот
  • мравојед
  • динго
  • волк, рис
  • лисица, ласица

итн.

Се друо што ми дошло пред мене у зготвен облик сум пробал.

Некој побара прле...нема по месари у СК,
Порано имаше во Прилеп и последниот пат имаше во Кочани. Превкусно, ако знаат да го приготват.
 
генерално се се јаде....само некои работи по еднаш...

човекот по анатомската градба е сештојад....генерално може да јаде се што може да изџвака и да свари.....под услов храната да не содржи токсини

но со текот на еволуцијата човекот научил да ја одбира својата храна и да се држи до проверена и безбедна исхрана

која е логиката да се јадат егзотични храниви продукти кога на располагање има нормална исхрана.....вонредни ситуации и преживување е сосема друга работа

во многу култури вообичаено се јадат само тревопасни животни.....затоа ѕверовите вообичаено не се на мени....месото од тревопасните животни е попогодно одколку месото на месојадните животни

кога станува збор за свињата....предмет на многу дебати....работите стојат вака.....свињата е сештојад како и човекот.....дури и генетски свињата е многу слична на човекот.....многу крим-лабаратории користат свињи за балистички тестирања....бидејќи свинското месо е многу слично на човечкото

човечкото месо секако е табу во многу култури....но постојат и култури во кои тое се цени...посебно ако сте заробеник

во индија постои секта која јаде месо од човечки лешеви кои се кремираат

или што би кажале кинезите....се што оди, ползи, плива и лета може да се јаде

за авантуристите по желудник...предлог новогодишно мени

козји очи прелиени со сос од пајаци и жив октопод на стапче за десерт

На сите ви посакувам се најубаво во Новата 2013....и полн желудец (храна по ваш избор)
 
Имам пробано доста локални „специјалитети“ од некој сум повраќал, некој со нетрпеније чекам пак да ги јадам. Еве некој од поегзотичните:

Свеж мозок од мајмун - буквано на лице место го колат и отвараат черепот и со лажичка го сркаш. Му ставаат сол и еден зачин што наликува на оригано мада не мислам дека е тоа. Малце е језиво и жално ама дали јас дали некој друг мајмуот сигурно одеше курбан. Имам јадено и месо од мајмун имаше вкус на свинско само појак мириз. Имам уште еднаш јадено друг тип на мајмун и тоа беше малку поразлично имаше потежок вкус повеќе накај дивеч. Мислам дека има врска како е припремено и каков тип на мајмун е.

Крв од змија - од ова повратив. Лепливо е и дури и кога ќе го проголташ осеќаш како ти стои во грлото. Месо не пробав, не мислам би пробал после тоа.

Балут - Има два вида. Еден е неиспилени јајца од гуска или кокшка меѓутоа веќе формирано пиленце внатре а другото е еден ден стари пиленца одма вденати на вешалица и испечени. ОК е, добро ако си начукан. Во делови на азија се верува дека е афродизијак.

Сисиг - Ова го обожавам и обично го јадам на тон. Има повеќе вида мада оној кој јас го обожавам е цело месо од главата на свињата да се извади (зборам лицето, уши, практично се кожата). Се сецка ситно и се пржи со кромид, лук и чили. На крај кога ќе се заврши со пречење му се додава живо јајце и се меша. Ова е најдобро мезе со пиво што у живот го имам пробано.

Крокодил - Бело месо е. Најубаво е опашката. Одлично месо, дефинитивно едно од омилените.

Кенгур - Ова ми е омилен тип на месо. Единствено животно/месо што нема ич мрсно. Мајсторија е да се зготви како треба иако е просто. Треба малку да одстои во зејтин а после набрзина на скара, 2 мин од секоја страна. Ова е за тие што сакаат малку печено месо, тие што сакаат добро испечено нема да им се свига кенгур. Ако пробаш да го испечиш повеќе доаѓа како гума.

Мutton Bird - имам јадено доста видови на птици ама оваа беше ептен чудна. Станува збор за еден вид птица преселничка нешто слично на ластовичка меѓутоа оваа лета помеѓу австралија и јужна африка. Јаде доста риба и тоа и го практично и го има сменето вкусот. Буквално треба 3-4 пати да се свари за да се одсоли а после тоа кога ја јадеш има вкус на anchovies оние малите солени рипчиња што ги ставаат на пица.

Куче - ова беше одавна во кореа. Ме намести девојката, ми кажа што е откако ја изедов чорбата. Не дека немаше да пробам ама ете така испадна. Има вкус на козјо а мириса нешто ко застарено јагнешко. Бев сигурен дека јадам некоја постара коза.

Морска желка - Ова е супер. Секаде во свет забрането освен во сингапур мада и таму е хмм не е на мени во луксузните ресторанти (треба да прашаш и ќе ти го наплатат баснословна сума) а во кинескиот кварт го има на 2-3 места и е евтино. Се сервира како супа и има МНОГУ коски. Буквално цицаш месо измегу пршлени.

Имам јадено уште миљон други глупости ама еве овие ми оставиле впечаток.

Интересно беше и во Исан (Тајланд) каде што јадев свинско завиткано во различни листови. Секое парче имаше тотално различен вкус. Имаше да се пробаат разни инсекти ама не пробав тоа. Пробав гуштер ама ништо посебно.
 
друже, ТИ СИ СРЕЌЕН ЧОВЕК!!!
бар пола од ова што го наброја и јас би бил :)
 
Црниот јапонски хот-дог

black_hr.jpg

black_hu.jpg

black_hs.jpg
 
Сум ги пробал скоро сите видови месо, дури и некои работи кои не се за јадење. Бидејќи сум антитеист, моето табу е базирано на вкус, ништо друго. Не јадам свинско затоа што ми е најглупо месо на светот. Преголем процент маснотија, дур го испечам на скара пола ќе го снема. Тоа што ќе остане има вкус на мокар картон. Не јадам ни овчо, премногу е благо, како со шеќер да е. Ни козјо не сакам. Ептен си љубам месо на животињи што пливаат, ама не риби туку другиве.

Кога сме кај свинското и муслиманите, тоа табу не потекнува од религијата туку од практични причини. Бидејќи исламот во тоа време бил практикуван во оние пустелии таму, свинското месо многу брзо се расипувало и лесно било да се добие труење од него, па затоа го забраниле. Додуша мислеле тогаш дека е отровно, не знаеле дека се работи за бактерии, ама суштината е таа. Денешниве муслимани мислат дека е од религиски причини, демек свињата била многу валкано животно, јадела се`, и така натаму - ама тој аргумент можете да им го начукате во грло со тоа што ќе ги потсетите дека кокошката ги јаде апсолутно истите работи како и свињата.

И уште еден мит е дека во ефтиното мелено месо има магарешко. Ич не е точно, и кој пробал магаре, го знае тоа. Магарешкото месо е одлично, скоро како од дивеч. Многу силни, концентрирани и богати вкусови. Нешто како од мечка месо.

Како и да е, би пробал секаква храна. Кога сум на кампување сакам да си грицкам разни тревки и шумски плодови, никогаш не се знае што може да се начека. Цветовите имаат изненадувачки добар вкус. Ептен си ги сакам кокичињата. Има една тревка со листови како лопатчиња, кисели се и одлични за салата. Расте блиску до подножјата на високи дрвја и не е висока, налик на ползавец е.

Единствено што не би пробал е човечко месо оти не јадам лајна.

svinskoto meso e dokazano deka e stetno a za kokoskite versk e da gladuva 40 dena pred da se zakoli inaku se smeta kako da e svinsko meso toest stetno
 
Црниот јапонски хот-дог

black_hr.jpg

black_hu.jpg

black_hs.jpg
ова за уфилмани даркери ..:ROFLMAO:[DOUBLEPOST=1471041767][/DOUBLEPOST]
svinskoto meso e dokazano deka e stetno a za kokoskite versk e da gladuva 40 dena pred da se zakoli inaku se smeta kako da e svinsko meso toest stetno[DOUBLEPOST=1471040858][/DOUBLEPOST]

svinskoto meso e dokazano deka e stetno a za kokoskite versk e da gladuva 40 dena pred da se zakoli inaku se smeta kako da e svinsko meso toest stetno
ја мислам најверски е ако не ја заколеш.
ова ме потсети на една несакана случка од детсвото, бев кај баба ми и дедо ми и они купиле жива кокошка од пазар јас бев у другата соба и само наеднаш од бањата слушнав квичење значи не можев да се смирим ги ставив рацете на уши џабе се' се слушаше кога почнав да плачам не можев да престанам значи колку треба да си без осет бее го мачеа животното толку многу време ваљда не знаеле како се изведува тоа да ти ебам безосетните ако не знаеш како што земаш жива, глупаци. Не би можела никогаш тоа да го направам.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom