N
NikolaMKD91
Гостин
Најпрво сакам да објаснам што значи една храна да е табу. Табу храната претставува вид на храна која одредена група на луѓе (народ) не ја конзумираат поради религиозни или културни причини. Најпознат пример за тоа е забраната за конзумација на свинско месо од страна на евреите и муслиманите заради религиозни причини. Она што е во една култура и заедница е табу храна, во друга може да биде сосема нормална и редовна исхрана ( на пример месото од крава во Индија е најстрого забрането, додека пак во западниот свет наголемо се јадат бифтеци и останати месни производи од телешко месо)
На темава сакам да се фокусираме на храна што во македонското опшество претставува табу, т.е не се конзумира. Сакам вас да ве прашам дали некогаш сте пробале храна што не се јаде кај нас и која ? Јас имам јадено ( незнам колку е табу, ама кај нас не се јаде често) жабји батаци. Имам слушнато од еден другар дека имал пробано месо од камила, а друга колешка ми има спомнато дека пробала месо од кенгур.
Најчеста храна што во други култури се јаде, а кај нас е табу се : инсекти,кучиња,мачки, камили,кенгури, глувци,стаорци,змии и така натаму. Тука спаѓа се разбира најзабранетото и најголемото табу во светот човечкото месо.