Таблета за се

  • Креатор на темата Креатор на темата Blackout
  • Време на започнување Време на започнување

Blackout

An emotional retard
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.690
Поени од реакции
451
Таканаречената 'политаблета' која е се попопуларна во западнит свет, па и кај нас, е таблета која сака на големи врати да влезе во животот на скоро секој современ човек. Имено, судрувајќи се со повеќекратни опасности во здравјето и животот на луѓето, научниците дојдоа до идеа да создадат таква таблета со која ќе го заштитат организмотод повеќе ризици одеднаш. Така, оние луќе кој не водат сметка за нивните лоши животни навики, пред се исхраната со која го доведуваат организмот во опасност да заболи од срцев удар, дијабетис, карциноми и сл. Сега ке можат да земат таканаречена политаблета со која ќе се заштитат од овие ризици. Овие таблети стануваат толку многу популарни што се препорачуваат на сите луѓе над 55 години, па дури се продаваат во супермаркетите и во аптеките на 'слободно', односно без лекарски рецепт. Политаблетите содржат по неколку активни и хемиски супстанции (коктел).Еден од примерите за таква таблета е таблетата која штити од срцев удар преку: намалување на нивото на холестерол во крвта,намалување на нивото на крвниот притисок,намалување на нивото на хомоцистеин во крвта и намалување на згрутчувањето на крвта.Ваквите ,,севозможни,, таблети, на Запад се многу популарни,а нашите луѓе се повеќе ги набавуваат како совршен изум на современата медицина и ги порачуваат преку своите познаници или ,,интернет продавници,,

Какво е вашето размислување за ваквите таблети?
Дали се навистина иновација која ќе придонесе за спасување животи?
Дали се толку корисни или сметате дека не може да се замени природниот начин на лечење со овој вид на таблети????
 
Па можеби е добра идеја оваа иновација бидејки со намалувањето на крвнито притисок холестеролот и липидите во крвта не само што се спречува појава на миокарден инфаркт тука и на мн др болести поврзани со него како дијабет, ТА , зголемена телесна тежина и ред др работи......и со самото тоа што ке се редуцира бројот на заболени ке се редуцира и бројот на починати од овие болести, а тоа е добро за сите нас........ освен ако овие лекови не се штетни од др гледна точка.
 
Работи работи големата фармацевска индустрија на која повеќе и значи профитот отколку човековото здравје :toe:.
 
Работи работи големата фармацевска индустрија на која повеќе и значи профитот отколку човековото здравје :toe:.
Можеби но има контрадикторност во тоа
Во тој случај фармацечтската индустрија би се загрозувала самата себе поради тоа што ни е јасно дека поголем дел од постарите лица,мислам на оние над 60 години се заболени од повеќе од една хронична болест за која/и земаат барем по 2 вида таблети.Така тие луѓе примаат палета на таблети кои секако им носта одличен профит на фармацефтските куќи и ако тие третираат повеќе симптоми со една таблета ќе го изгубат профитот од сите таблети кои пред тоа ги продавале.
Доколку оваа таблета е начин да заработат пари тогаш не им е баш добар планот нели?
 
Како што сега не се така и никогаш нема да бидат популарни овие таблети, токму поради профитот на фармакомафијата.

Фармакомафијата на еден болен од срцева слабост ќе му продаде барем 5 вида апчиња, а ако има и диабет и друго, ќе треба да пие 10 апчиња, со што профитот ќе биде мнооогу поголем за мафијата.
 
Како што сега не се така и никогаш нема да бидат популарни овие таблети, токму поради профитот на фармакомафијата.

Фармакомафијата на еден болен од срцева слабост ќе му продаде барем 5 вида апчиња, а ако има и диабет и друго, ќе треба да пие 10 апчиња, со што профитот ќе биде мнооогу поголем за мафијата.
Тоа ми беше поентата во претходниот пост но факт е дека се популаризира оваа таблета.Во западните земји веќе е добро позната оваа таблета а и кај нас влегува на голема врата.Проблемот е дали оваа таблета навистина ќе помогне како што е предвидено?

Факт е дека е полесно да ,,навлечеш,, една нација секојдневно да прима таблети отколку да консумира овошје и да пешачи секој ден.

Сепак дали таблетата може да биде замена за здравата исхрана,спортувањето и сите активности кои треба да се практикуваат ако сакаме да имаме долг и здрав живот.
 
Ова да не го земале како идеја од филмот „My Big Fat Greek Wedding “? Таму имаше типче што за секаква болест користеше средство за чистење (со пумпичка) :pos2:
 
Ова да не го земале како идеја од филмот „My Big Fat Greek Wedding “? Таму имаше типче што за секаква болест користеше средство за чистење (со пумпичка) :pos2:
Panacea?

The panacea (pronounced /pænəˈsiːə/), named after the Greek goddess of healing, Panacea, also known as panchrest, was supposed to be a remedy that would cure all diseases and prolong life indefinitely. It was sought by the alchemists as a connection to the elixir of life and the philosopher's stone, a mythical substance which would enable the transmutation of common metals into gold.
A panacea is also a literary term to represent any solution to solve all problems related to a particular issue.


Мислам дека ваквиот лек не е за сите луѓе бидејки не сите луѓе се исти. Некој може е алергичен на некои од лековите кои се содржат во таблетата.
 
Таблета за се која се продава во супермаркети. Ајде бе :pos:
Ги залажуваат постарите луѓе, кои се залетуваат по секоја таблета а фармацевските компании си се полнат со пари.
Па дури ти помага за карцином, дијабетес, срцев удар ... wow. Ова е тогаш најголемиот изум досега во медицината :)
Овој коктел, е допинг за старите луѓе.
Сигурно е само една мешавина на витамини и само се залажува народот.
 
мислам дека таква таблета не треба да се користи сакаат да перат пари зарем не...?
јас барем не би ја користела сепак тоа си е индивидуален избор...
 
Таблета за се која се продава во супермаркети. Ајде бе :pos:
Ги залажуваат постарите луѓе, кои се залетуваат по секоја таблета а фармацевските компании си се полнат со пари.
Па дури ти помага за карцином, дијабетес, срцев удар ... wow. Ова е тогаш најголемиот изум досега во медицината :)
Овој коктел, е допинг за старите луѓе.
Сигурно е само една мешавина на витамини и само се залажува народот.
Плацебо :toe:
 
Jas ne veruvam vo vakvi raboti,i iskreno prv pat citam sega za vakva tableta....koja glupost:pipi:
 
Не би можела да постои таква семоќна таблета.
Па така сите луѓе би биле здрави.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom