Switched at Birth

  • Креатор на темата Креатор на темата Body Electric
  • Време на започнување Време на започнување

Body Electric

Del Rey
Член од
15 јуни 2011
Мислења
222
Поени од реакции
334
Возраст
33
switched_at_birth-show.jpg

Не најдов тема за серијава, па затоа ја отворив (ако сум грешка, поправете ме). Значи, Switched at Birth се занимава со животите на две семејства чии деца се разменети на првиот ден од раѓање на девојчињата. Кога Беј ќе има час по биологија во кој ќе ги проверуваат крвните групи, ќе сфати дека има крвна група која никако не одговара на онаа која ја имаат мајка и и татко и, па затоа ќе побара да направат DNA тест по што се открива дека две девојчиња се сменети тој ден во болницата. Беј всушност е ќерка на Реџина Веласквез, која ја има Дафни, ќерката на семејството Кениш. Откако Џон и Кетрин Кениш ќе побараат да ја запознаат нивната вистинска ќерка, откриваат дека Дафни всушност е глувонема. Се прашувам, дали некој ја гледа серијата. Јас ја гледам уште од првата епизода и многу ми се допаѓа. Серијата се фокусира на животите на двете семејства кои се поврзани поради грешка на болницата, нивните грешки, нескршливата гордост и премногу кршливите срца. Совршена за сите оние кои обожаваат драми :) Се надевам дека ве заинтересира. Во понеделник излегува 6 епизода. Не можам да дочекам да видам каде замина Тоби :ROFLMAO:
 
каде, на која програма? или на нет ги гледаш?
 
Ова е прилично нова серија па ако ја гледал некој нека каже импресии
 
каде, на која програма? или на нет ги гледаш?
Секоја епизода ја симнувам откако ќе излезе. На Zamunda.net ги имаш неколку минути по завршувањето на оригиналното прикажување на ABC во САД.
 
а колку се епизоди? кога ќе ги симеш сите, да ми ги зипуваш па на маил да ми ги пратиш? :)
 
Златни торенти, кога ќе излезе цела сезона, ќе имаш torrent pack од некои си 3ипол гига, 4 клика работа.
Меил..

Не ми фати окото мене серијата, премногy Hallmark стил и сторија.
 
Па, сега не е Game of Thrones, True Blood стил, ама одлична е за тепање на време сега преку лето (покрај читањето, се разбира). Штоуште, барем ме натера да почнам да го учам јазикот на глувонемите (оној американскиот, оти за македонски нема клипови на YouTube) :ROFLMAO:
 
Штоуште, барем ме натера да почнам да го учам јазикот на глувонемите (оној американскиот, оти за македонски нема клипови на YouTube) :ROFLMAO:

Дете те читам овде и на темата за Госип грл, дај не се соживувај толку со серииве.
 
Никогаш не сум се соживеал со Gossip Girl, ниту пак со Switched at Birth или било која друга серија или филм кога веќе зборуваме за тоа. Со книги можам да се соживеам, но лошо е кога за било кој можеш да тврдиш дека „се соживува“ со нешто врз основа на два поста. Gossip Girl едноставно има такви завршетоци на епизодите што те тера да гледаш понатаму и ти го клука умот, те измачува се додека не дознаеш, плус тогаш не размислував како што размислувам сега. А за учење на јазикот на глувонемите - има нешто лошо во тоа? Серијата ми беше само поттик, инаку тоа сакав да почнам да го правам уште многу одамна. Поздрави до тебе :)
 
Jas ja sledam ova serijata :) I ja pram download samo sho ke izlezi edna epiozoda. Do sega mi se svigja mnogu serijata.. ke vidime ama sho ke se sluchi sledno
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom