Светско првенство за мажи - Шпанија 2013

Статус
Затворена за нови мислења.
Филип Лазаров се крева на шут и гоооооооооооооооооооооооооооооооооооооооолллллллллллллллллллл :vozbud: за водство на Македонија
 
Што човек ќе беше овој Станиќ
 
interesen rezultat Portugal-Russia 28-28. Dancite ja pretepale Crna Gora... 17 razlika...
 
ШТЕТА, МАЛКУ НЕДОСТИГАШЕ ЗА УСПЕХ

Објавено на : 05/01/2013 20:27
Текстот не е лекториран​
506AB343676A864687ACB0071D0D54173.jpg

Македонија е поразена на пријателскиот натпревар со селекцијата на Србија. Резултатот од средбата е 26:25, полувреме 13:13. Целосно рамноправен натпревар во кој двете селекции имаа свои добри периоди.
Во првиот дел предноста воглавно беше на страна на селекцијата на Србија, која ја започна средбата со три неодговорени гола. Македонија се врати преку крилата Манасков и Георгиевски, кои во првите десетина минути постигнаа по два гола. Во почетниот дел на натпреварот Србите успеваа на секој наш гол да одговорат со голови од брз центар. Сепак, нашата селекција се консолидира, стегна во одбраната, а тоа резултираше и со нашето прво водство во 28. минута, 12:11. Полувремето заврши со нерешен резултат, 13:13.
Во второто полувреме нашата селекција одржуваше тесно водство, 14:13, 15:14, а потоа следеше серија на противникот од 4:0, за водство на Србија од 15:18. Наш најдобар период беше оној од 46 до 50. минута, кога имавме серија од 3:0 и кога за првпат дојдовме до предност од два гола, 22:20. За жал, токму во овој дел, противникот искористи неколку наши грешки, се разбрани и голманот на Металург Дарко Станиќ, и, со нова серија од 4:0, Србија дојде до позитивен резултат, 23:25. На крајот, победа на селекцијата на Србија, со резултат 25:26. Навистина штета, бидејќи заслужувавме барем нерешен резултат.
Најдобри во нашата селекција беа Кире Лазаров со 11 постигнати гола (7 од пенал) и Манасков со 5 погодоци. Одлични беше и Митревски на голот, а и Георгиевски, кој ги искористи своите шанси.
Србија - Македонија 26:25 (13:13)
Србија: Станиќ (10 одбрани), Гајиќ (7 одбрани + седмерец), Драгаш 1, Шешум 2, Вујин 2, Никчевиќ 4, Крсманчиќ, Тоскиќ 4, М.Илиќ 4, Радивојевиќ 3, Продановиќ 1, Н.Илиќ 1, Вучковиќ 3, Митровиќ, Зеленовиќ, Станковиќ, П.Ненадиќ 1, Д.Ненадиќ и Марсениќ. Седмерци: 1/1. Исклучувања: 8 минути.
Македонија: Митревски (7 одбрани), Ристовски (4 одбрани), Даскаловски, Мите Стоилов, Манасков 5, Столе Стоилов 2, К.Лазаров 11 (7), Јоновски, Ангеловски, Темелков, Миркуловски 1, Веле Маркоски, Златко Мојсоски, Никола Маркоски, Наумче Мојсовски 1, Димовски 1, Георгиевски 2, Филип Лазаров 1, Ојлески и Левов 1. Седмерци: 7/8 (сите Кире Лазаров). Исклучувања: 8 минути.
 
Резултати од денешните (вчерашните, ама ај) пријателски натпревари:

Србија-Македонија 26:25
Бразил-Чиле 38:21
Чешка-Унгарија 28:28
Шпанија-Јапонија 40:12
Словачка-Полска 25:30
Словенија-Тунис 28:23
Германија-Шведска 28:28
Данска-Црна Гора 38:21
Белорусија-Катар 28:28
Португалија-Русија 29:29
Швајцарија-Австрија 31:32

Шпанците по Раул Ентрериос, сега и левото крило Кристијан Угалде им е повреден. Инаку ги смачкаа Јапонија.
Ајдеее уште малце Светско.

Иначе денес (утре :D) се играат:
Чешка-Полска
Словачка-Унгарија
Катар-Австрија
Швајцарија-Белорусија
Србија-Египет
Данска-Словенија
 
- За Шпанија ќе патуваат 18 играчи. Од списокот отпаднаа Митко Стоилов поради повреда и во консултации со лекарскиот тим решивме да остане во Скопје. Голманот Даскаловски работеше добро во изминатиов период и на него ќе се смета на секој следен настап на репрезентацијата - истакна селекторот Шундовски по звршувањето на тренингот.

Што ви реков? Со 18 играчи одиме еј! Со три десни крила! :icon_lol:
 
Да имаше Златко Мојсоски 21 година ќе го разберев ова форсирање, ама човеков има 31 година, не гледам причина да биде дел од репрезентацијата. Освен брат му.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom