Светско првенство |Sweden 2011|

Статус
Затворена за нови мислења.
И покрај тоа што сум навивач на Хрватска, ќе кажам ремито - најреален исход. Хрвативе ни во еден момент не ја истакнаа улогата на фаворит на овој натпревар, одбраната не им штимаше, на чело со Мирко, аа Вујич, Никшевич, Илич и остала банда знаеа тоа да го искористат.

Кобно за србиве можеше да биде исклучувањето на Чуркович кога непотребно грубо му налета на Вукович, кога хрв. беше под закана на пасивен напад, а тие имаа +2 иии да не речам победата во џеб. Хрватска таа предност ја искористи само за да изедначи, ааа Дувњак нема да има баш најлесни соништа вечерва. :) :)
 
Тапа хрвативе.... Очекував многу повеќе од нив.
За Дувњак одсекогаш сум мислел дека е преценет играч и денеска ми го потврди тоа.
Балич-Вори се страшна комбинација.Тие ги извадија Хрватите денеска.
Него шо е со тој Чупич бе или као и да беше десното крило ?
Не го забележав денеска.....
Повреден е Чупиќ.
Иначе Дувњак го заеба трансферот во ХСВ.Таму стагнира.Башка и зареди неколку повреди,тек завчера почна да тренира и тоа е тоа.Он игра добро таму додуше,но не е тоа што се очекуваше од него.Тоа што он го правеше на 19 и 20 години е мајсторија,врв,но ете не отиде све по план.Од него сеуште може да биде звер играч,млад е уште само му треба некаде да игра во континуитет со помал притисок.Плус покрај ваков Балиќ кој игра како во најдобрите денови секој играч на светот на негова позиција ќе изгледа мизерно.Денес тоа грешката........јеби га се случува.
Хрватска играчи дефинитивно има.Тренер не е лош.Од кога ја зема репрезентацијата единствени 2 грешки до сега на Голужа се касно менување на Алиловиќ вечерва и Вуковиќ што изигра малку.Се друго е ок.Одбрана играат подобро од Лино кога беше тренер.Е сега што Алиловиќ брани тапа тоа е друга работа и што Шего не е никаде прв голман и не е некоја квалитета не е он крив.Одбрата игра добро,али што да прават кога Алиловиќ прима се што ќе шутнат овие од 10-11 метри.Гојун колку блокови направи (не е чудо што на последните 2 големи првенства е избран за најдобар одбрамбен играч),колку тешко се пробива таа одбрана(освен денес тој Никичевиќ трупот што му остави Зрниќ толку простор).....Само голманот е проблем.Мирко е веќе прочитан со таа негова глупа шпага.Паѓа уште пред да му шутнат и нормално дека тоа што иде горе не го брани,па макар он бил висок 3 метра.Лацковиќ не игра како што игра во клубот,влегува кога не треба,не влегува кога треба,Копљар еднаш ќе изигра убаво друг пат ќе се усере.Му фали снага и срчаност,дефинитивно никогаш нема да го смени Метличиќ но да биде солиден играч може.Гојун е одличен во одбрана,Вори најдобар пикет на светот,Балиќ си е Балиќ,Штрлек треба поконстантен да биде иаку има одлична рака.Заедно со Чупиќ здрав матер ќе ебаваат од страните.Вуковиќ повеќе шанса треба да добива,а Валчиќ само во одбрана да игра во напад никако.Стар е веќе,дури и Австралијците го уштопуваат.Бунтиќ игра без срце и е како успиен на ова првенство.Муса е малд тек треба да се докажува.Физички предиспозиции за успех има,игра во одбрана има е сега покрај Вори никој нема да се изнаирга и сеуште не е тоа тоа.Многу ме потсеќа на Вори на негова возраст.И Вори до пред едно 5 години беше греач на клупа без корист од него,со одличен физички потенцијал.Се надевам дека ќе стане новиот Вори.Чупиќ фали бидејќи Зрниќ не е ништо посебно.Има искуство и игра во јак клуб,солиден играч,но Чупиќ е екстра класа.Хорват е во животна форма,но се повреди тешко.Нинчевиќ е изненадување во бундеслигата и треба да игра во ол старот за екипата на странци таму.Клубот му игра одлично,но Штрлек е таму на таа позиција.Дувњак кажав за него,некако изгубен ми е некое време.Иаку во Париз на турнирот против Франција изигра доста солидно и подобро од Балиќ,се повреди ден пред СП.Ако против Данска изиграат пак вака ништо нема да биде од оваа генерација.Ако се разбудат после ова и ја разбијат Данска никој не ги спречува до финалето.Ова е клучен натпревар.Јас се надевам на тоа второто.
 
Најреален исход е ремито...
Иако Србите покажаа повеќе,и можеби заслужија да победат....
Балич е причината шо Хрватска остана непоразена..еден куп асистенции имаше...80% од головите паднаа по негова заслуга...,какви само пасови даваше...звер...
И секако играчот на мечот,Игор Вори...
Останатото под просек..Лацковиќ најави во првото полувреме дека влегува во серија,во вториот дел не се виде...
Копљар КАМЕН.... џабе и висина...и се...целата десна страна од нападот на Хрватска е отсечена..
Се гледа колку недостасува Метличиќ....и во одбрана и во напад...неговиот придонес беше огромен,играше по 60 мин....
Мора ротација на бековите,свој придонес да дадат Валчиќ,Вуковиќ,Дувњак,само со Балиќ...и со слаб Лацковиќ ништо не прават...
Ме зачуди мене одбраната...Ракомет следам редовно одамна...посебно Хрватска....
Од златната ера...2003 наваму,никогаш одбраната не била потромава...едноставно српските бекови направија ршум низ зоната....
И Хрватите треба да бидат среќни шо не изгубија...зошто Србија даде одлично шутерско шоу...каков само топ во рацете има Рниќ...:vozbud:
Ако не го кренат нивото на играта,со Данска нема шо да бараат утре..
Олеснителна околност за Хрватска е шо на Данците им се повреди главниот среден бек Томас Могенсен,(истегнал лигаменти)...и нема да игра утре....па ќе бидат малце ослабени...
Србите....реков и пред почетокот на првенството...дека имаат доста солиден тим...
Одлични бекови...докажаниот Илиќ,моментално можеби најдобриот десен бек во светот Марко Вујин...:sport1:.Рниќ страшен шутер,Шешум е доста солиден...на крила чрипат малце,иако денес се растурија од голови..(Нинковиќ)....
Растко Стојковиќ не се снајде денес....Тоскиќ не е на негово ниво...
За голманот Станиќ,па пола од одбраните беа рутински....лоши шутеви на Хрватите...посебно последниот на Балиќ...тука се слаби Србите...
Како и да е...лимитот на Србите некаде од 5-8 место...

Утре ќе бидат многу работи појасни..по мечот Хрватска-Данска...
Доколку тепаат Данците ќе бидат многу блиску до полуфинале....
 
Најреално и беше нерешено.Тој Дувањак од увек ја посерувал кога е најпотребно ебате најскапиот трансфер.Многу лошо издание на Хрватите никогаш полоши не сум ги гледал.Одбраната срање а имаат најјака одбрана.Голманот немаше ден шо го искористија Српсите шутери.Но само со шут не се оди далеку,бргу ќе заврши нивната Одисеја со таква игра,а имаа и крила и голманот супер а играат на шут.Треба да го усовршат потенцијалот.Шо се однесува до Хрватска се надевам ќе увидат на грешките и утре ќе биде тепана Данска и ќе бидат први во групата со 3 бода во следната фаза.Слаба игра преку крилата еднаш Штрлек(а просек дава по 4-5 само од крило) некој 2-3 Зрниќ и толку.Копљар 2 од кои едниот со играч повеќе а Валчиќ мизерен тука негде и Лацковиќ но затоа Вори и Балиќ покажаа класа а да имаат помош од овие шо ги наведов погоре Хрватска е незапирлива.Има време тек сега почна СП.
 
Дувњак ја посра вчера таа контра ако ја дадеше тепаа сто посто но сепак мислам дека беше најреално вака.Требаше порано да испадне Алиливоќ појма немаше вчера Шего направи повеќе одбрани за 10 минути одколку Алиловиќ за 50.Балич е во невидена форма заедно со Вори се тандем невиден но Србите беа добри имаат јаки бекови со одлични удари ја решија утакмицата и крилото им беше добро за Грањолерс што игра не ми текнува како се викаше.Денеска има интересни дуели Хрватска - Данска,Полска - Шведска и Франција - Шпанија ќе има за гледање исто така и Исланд со Норвешка е добра.
 
Лош филинг имам некако за вечер .. Данциве се опасни, мислам дека ќе ја убијат Хрватска. Ми излегува пред очи финалето пред 3-4 год. кога они беа домаќини на собирот .. :jaj:

ПС - Дај Боже да грешам ! :icon_bigg
 
Не сум баш у тек ај кажете се пласира ли понатаму со победа Германија некој табели нешто... кој влеват кој не на кратко да објаснете :)
 
Не решава ништо денеска решава Данска - Хрватска,Исланд - Норвешка,Полска - Шведска,Франција - Шпанија само кој колку бода ќе пренесе во вторите групи и ќе имааат значителна предност.
 
Може ли некој да ми каже по колку е коеф. за победа на Данска, а колку на Хрватска ??

Btw интересен дуел одиграа Бразил и Јапан :) . Гол за гол се играше скоро цел меч, мислам дека никој немаше серија од 3-0. Разликата ја направи тренерот на Јап. кога во 2. полувреме излезе до агилна 3-3 одбрана која го запре Бразил, доволно за победа од 1 гол .. А и повеќе желба некако имаа жутите.
 
Може ли некој да ми каже по колку е коеф. за победа на Данска, а колку на Хрватска ??

Btw интересен дуел одиграа Бразил и Јапан :) . Гол за гол се играше скоро цел меч, мислам дека никој немаше серија од 3-0. Разликата ја направи тренерот на Јап. кога во 2. полувреме излезе до агилна 3-3 одбрана која го запре Бразил, доволно за победа од 1 гол .. А и повеќе желба некако имаа жутите.

Данска да победи (2,05)
Хрватска да победи (2,05)

Изедначено е со коефицинетите, али мислам дека Данска победува на овој меч, по мое и затоа ја играв!
 
покрај хрватска, интересна за гледање ќе биде и србија, познавајќи го балканскиот менталитет, а и играта што романија ја прикажа против хрватска...мислам дека нема да биде лесно за србиве...кога на тоа ќе додадеш и заморот од вчерашниот меч....мислам ќе следам добар натпревар...

исланд норвешка 10-9 на полувреме
 
Не решава ништо денеска решава Данска - Хрватска,Исланд - Норвешка,Полска - Шведска,Франција - Шпанија само кој колку бода ќе пренесе во вторите групи и ќе имааат значителна предност.

Како бе не решава?
Па од бодовите шо ќе ги однесат од првата фаза во новата група зависи дали ќе се пласираат во полуфинале или не...
Директен дуел е денеска,Данците со победа се чекор поблиску до полуфинале...зошто ќе имаат 4 бода...а Хрватска само 1...
Вкрстуваат со друга група,и од таму има репрезентација со максимум бодови,па со пораз Хрватите...си ги сведуваат шансите за пласман во 1/2 финале на минимум.....
Веќе пред себе ќе имаат две репрезентации со 4 бода...а тие ќе имаат само 1...
Баш овај меч е одлучувачки...(за Хрватите секако)...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom