Светиот Грал

  • Креатор на темата Креатор на темата DonJas
  • Време на започнување Време на започнување
Да била 100% плагијат тогаш таа оригиалната книга зошто не го доби успехот како оваа на Ден Браун?
една од причините е пакувањето:
Книгата што ја обработува оригиналната идеја не е роман.

Друга причина е маркетинг.
Сите знаете за Дејвид Ајк, ама не знаете за Лаура Најт или Били Мајер.
Фундаментите му се од нив. А никој не ги знае нив, али затоа го знаат Дејвид, кој истите фундаменти ги спакува во пошарена амбалажа
 
една од причините е пакувањето:
Книгата што ја обработува оригиналната идеја не е роман.
Eпа ондак дај му рака на Ден Браун за пакувањето.
Шо го хејташ. Неговата книга успеала - на оригиналот не.
Вака или така поѕвер е.
 
Дури и ако ја гледаш од чисто уметнички аспект, како конзумент на индустријата за забава, треба да знаеш дека идејата е 100% плагијат.
И?Преку 50% од денешните филмови се плагијати од некој постари филмови па зошто тогаш ги гледаш?
 
Да да...книгата ко книга си е топ.

Ја не ја девалвирам книгата ко книга. Туку фактот што луѓево се чувствуваат просветлени после вакво нешто, цел живот во мрак и воала, некој ти продава вистина за само 10 долари и 99 центи.
Којзнае колку просветлени има од Пауло Коељо. Писателот е писател. Пишува фикција.
 
Којзнае колку просветлени има од Пауло Коељо. Писателот е писател. Пишува фикција.
Го мразам Пауло Коељо поради неговиот начин на пишување.
Ако го смени - можеби и ќе размислам да се “просветлам“ со некоја негова книга.
 
Eпа ондак дај му рака на Ден Браун за пакувањето.
Шо го хејташ. Неговата книга успеала - на оригиналот не.
Вака или така поѕвер е.
Не го хејтам, Сметам дека неговата книга треба да се гледа исклучиво како уметничко дело. (прилично неоригинално, додуше)
Теориите во неговата книга (копирани од веќе споменатиот извор) се докажано неточни.
и тоа е тоа
 
Ја не ја девалвирам книгата ко книга. Туку фактот што луѓево се чувствуваат просветлени после вакво нешто, цел живот во мрак и воала, некој ти продава вистина за само 10 долари и 99 центи.
Којзнае колку просветлени има од Пауло Коељо. Писателот е писател. Пишува фикција.
Никогаш не ни ме занимал светиот грал.А не сум ни просветлен после читањето на книгата.
 
И?Преку 50% од денешните филмови се плагијати од некој постари филмови па зошто тогаш ги гледаш?
Тука веќе влегуваме во дискусија за критичари на уметноста.
Што значи копирање а што преработка.
Што е cover верзија, а што плагијат и каде е границата.
Кај Браун, само истакнав дека треба да се има во предвид дека идејата и теориите не се негови, туку тој само ги романсирал. Колку да се знае.
 
Го мразам Пауло Коељо поради неговиот начин на пишување.
Ако го смени - можеби и ќе размислам да се “просветлам“ со некоја негова книга.

Само што Куељо макар што вергла иста приказна која е доста излитена денес, во ниеден момент не ти нуди решение или не глуми истражувач. Токму затоа Ден Браун не може да се третира како некој кој пишал ново откровение. Не знам како поинаку да го разграничам и да го појаснам. Едно е да читам што пишуваат научници, па преку тоа да се просветлам. Друго од тип кој нема ни Н од научник, собрал неколку прикаски, направил добар трилер од нив и го продал тоа. И неслучајно го пишувам ова, бидејќи после излегувањето на книгата сум зборувала со мал милион на луѓе кои фактички верувале во она што е напишано. На секого му пребегна фактот дека е писател. Тоа го работи.
 
Само да подсетам, темава е во Мистерии и не е за уметничката вредност на книгата, туку за валидноста на изнесените теории.
Од тој аспект подсетив дека се преземени од друг извор (украдени).
Дискусијава , тука, би требала да биде околу нивната валидност (пак ќе кажам, докажано непостоечка).
 
Никогаш не ни ме занимал светиот грал.А не сум ни просветлен после читањето на книгата.

Кај виде дека посочив на тебе. Одговараш на непоставено прашање.
 
На секого му пребегна фактот дека е писател. Тоа го работи.
Toa значи дека успеал.
Зар на сите читатели им треба “сите случки и настани се измислени“ за да сфатат дека е фикција?
 
Toa значи дека успеал.
Зар на сите читатели им треба “сите случки и настани се измислени“ за да сфатат дека е фикција?

Види, ова не е Агата Кристи трилер роман. Сосем друга приказна третира. Имаш 500 страни во кои се обработува христијанството и се вадат елементи кои може да го асоцираат некого дека се вистинити, а со тоа човек да почне да се согласува со напишаното иако пак ќе повторам не се работи за научен труд туку за фиктивен. Кога станува збор за третирање на вакви прашања, многу е тешко да го убедиш човек дека сите случки и настани се измислени, зашто Браун вади некои елементи од христијанството во случајов кои постојат и ги вметнува во приказна.
Можеш да замислиш да излезе книга која на ваков начин би го третирала муслиманството? Онака да оди во правец на комплетно девалвирање? Веројатно рекацијата би била десеткратно побурна од онаа на Ватикан.
 
Браун не вади ништо.
Ја земал, ја прочитал Света Крв, Свет Грал и ја романизирал. Толку.
Може само да се каже дека преку неговото дело ги пропагира теориите на Michael Baigent, Richard Leigh и Henry Lincoln.
Нема потреба да се потресуваат Христијаните, докажано е дека се полни со огромни дупки тие теории.
Но, јавноста секогаш сака да верува во бомбастични нешта, па макар биле и измислици. Најблизок пример ми е наводната листа на пророштва на Ванѓа, всушност изработена од руски жолт печат.
 
Kako sto prethodno rekov...hristijanstvoto e organizacija za manipulacija so lugeto...Poglednete na toa samo kolku krv e proleano u imeto na BOG...cista politika,bila i ostanuva da manipulira samo sto sega vo pomali ramki....Dali nekoj im dal cenovnik na popovite po koj naplatuvaat ? hh zalosno ... ili biblijata padnala od nebo ... NE .. ja napishal covekot !
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom