Овој е мрднат или мисли дека ние сме нетокму...
Моше Баум си ја бара сопственоста над „Сведмилк“
Моше Баум
Им нема крај на обидите за манипулација на Моше Баум. Овојпат со писмено соопштение се огласи од Америка во кое вели дека поднел жалба до судот за одлуката за стечај, бидејќи сакал „Сведмилк“ да работи, а не да се ликвидира.
Моше Баум од Америка побара судот да му ја врати сопственоста над „Сведмилк“ бидејќи имал договор со италијански институт за изградба на шест модерни крвараски фарми, а по милион евра месечно ќе добивал од извозот на млеко во Африка каде добил тендер од некоја тамошна агенција за развој.
Целиот овој интерес повторно за „Сведмилк“, иако изгледал нелогичен, Моше Баум го имал за да покаже дека не бил владин глумец за да се купи време да поминат изборите.
Во соопштението до јавноста испратено по и-мејл од Америка, Моше Баум признава дека направил грешки додека бил во Македонија, давајќи ветувања кои не можел да ги исполни и дека немало да бега од одговорноста.
Тој во писмото покрај извинувањето до сите кои останале повредени од неговите постапки, додава дека институциите наместо да се занимавале со луѓето кои го донесоа „Сведмилк“ во загуба од 37,5 милиони евра тие го гонеле него.
Тоа што завршил во полиција и што му бил одземен пасошот, било причината што не успеала да донесе пари од Америка.
Инаку Моше Баум дојде на почетокот на годинава. Со едно евро стана газда на „Сведмилк“ со услов да ги исплати долговите.
По безбројните ветувања дека ќе има пари за сточарите, си замина од Македонија. Од „Сведмилк“ во негово време продаде 3,5 милион литри млеко, од кои дел беа затекнати залихи по магацините, а дел и тековен откуп од сточарите кои со месеци ги манипулираше.
Со два милиони евра в џеб го фати авионот за Мајами и си замина од Македонија, оставајќи ја „Сведмилк“ обрасната во треви и трње со клуч на врата, за сега повторно да побара судот да му ја врател, оти ќе продавал млеко во Африка и милионите сами ќе течеле.
http://www.time.mk/story_bac32d55c8_article_d1c0aa65f6.html