Свадба на бившата девојка?

  • Креатор на темата Креатор на темата Dzings
  • Време на започнување Време на започнување
Најверојатно ниту бу одел, ниту би канел.

А ако некоја ме покани, тоа ќе го сметам за комплимент. :)
 
Зависи од мотивот на бившата.

Ако преценам дека ме вика за инати да тера и да си поигрува со мене, не би одел зошто да одам. Во спротивно, доколку останеме пријатели (што заеби ретко се случува) ќе дојдам од сесрце.

Инаку бивши да канам, што знам како што реков, ретко се случува пријател да остане човек ако веќе се скинала работата, така што може да се најде по некоја на свадбениот список ама тоа е тоа не многу, не сите.
 
Темава ми е мнооогу Tu noch kad si se udavala сериозно.
Би честитала сигурно.За идење не би отишла.
Малце weird ми е целата таа ситуација:toe:
 
Ако се работи за последнава не би имал срце да отидам. :nesum:
 
Темава ми е мнооогу Tu noch kad si se udavala сериозно.
Би честитала сигурно.За идење не би отишла.
Малце weird ми е целата таа ситуација:toe:
Се сложувам за ова.
инаку што знам ако сме другари зошто да не не е крај на светот. дури и ако се работи за последниов би отишла и онака се дружиме цело време. :helou::toe:
 
Кога ке се мажи ... хм...ако на тоа пијанство не умрам 101 година ке живеам
 
За канење зависи од тоа дали типот би можел да ми ја упропасти свадбата ако дојде :pos2:

Јас лично не би одела ако сум поканета.
 
Јас сум сведок на ваква ситуација: Идниот младoженец сака да го покани на свадба бившиот на идната невеста (пошто е дел од поблиското мешано друштво од кое сите ќе дојдат на свадба), а невестата не сака поради нејзините родители кои добро го знаат бившиот и ќе се вознемират ако го видат.
 
Само една девојка би ја поканил на мојата свадба :) е сеа дали ке дојде на нејзе оставам. иначе ја би бил срекен доколку дојде.
 
не би ја поканил, а најискрено не ни сакам да ме покани ни таа на нејзината свадба, би се осекал глупаво во двете ситуации
 
на првиот дечко ко ќе се жени ако се осмели да ме викне со зурли и тапани ќе му појдам на свадба и стриптизета ќе му платам, а на невестата ќе му пратам прилчно дијазепами и венец ( пош ќе зажали многу брзо )... мислам дека тоа би ми било еден од најсреќните денови во животот
 
Баш ме подсети темава, сум бил и навистина зае*ано беше,
Девојката која ме покани на свадба бевме во врска неко време, али пота си останавме само на мување, се тоа пред многу години. Дојде ред се омажи девојката и оп покана и мене, па доста се двоумев али на крај решив ке идам на свадба, па во ресторант со поклон в рака, на врата слика со младенците( сопругот не знаеше дека ја и она некад сме биле заедно) па на маса со непознати луге, па од кај си? како се знаете ? почнав да вријам, едно пивце друго се поднапив и ја усредина на орото околу невестата со кренати раце ... леле живи пези .Тоа е моето искуство со свадбите на бивши кое еднаш видов и се надевам нема веке да бидам поканет а и не би прифатил;)
 
Ме канеле ама не сум отишол оти знам дека ќе се чувствувам многу будалесто таму :) Јас не би канел бивши на мојата свадба
 
Ти праќа покана на која пишува „Те молам не доаѓај“. Е тоа се поштуе. ;)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom