Св. Трифун или Св. Валентајн? (Традиционална битка)

  • Креатор на темата Креатор на темата UncleSam
  • Време на започнување Време на започнување

св. Трифун vs св. Валентајн?

  • Вкупно гласачи
    131

UncleSam

Будока
Член од
23 јануари 2011
Мислења
269
Поени од реакции
509
Ајде да видиме кој за што еве на пример јас сум за Св. Трифун а поготово за виното. На здравје нека е :D

Кој празник повеќе го преферирате? Зошто?
Дали го славите Валентајн или Трифун? Или можеби ниеден од нив? Или и двата?
Зошто повеќе го сакате едниот од другиот?

(Edit - Crazy in Love)
 
Има ваква тема. И тебе на здравје! Кликни овде! :vozbud: После 6 години постоење на форумов, нема тема што не е коментирана! :toe: Овде нема ништо оставено на случајност. :pos:

Добре дојде на форумов!

Тоа е у настани. Секоја година традиционално се отвара оваа тема и се дебатира на истата, не знам зошто е во Канта. Истата ќе биде вратена назад.
 
Св. Валентајн е католички празник и треба да си го слават католиците. Св. Трифун е православен празник и ќе си го славиме ние. Си имаме и ние ден како Св. Валентајн кај католиците само што не е толку искомерцијализиран.
Се прашувам само зошто тие што го „слават“ Св. Валентајн не слават и Ханика, Бајрам и слични такви празници, или не им одговара постење? :vozbud:
 
Тоа е у настани. Секоја година традиционално се отвара оваа тема и се дебатира на истата, не знам зошто е во Канта. Истата ќе биде вратена назад.

Имаше ваква тема во Религија. Сепак се работи за празници а и таму добро е разработено, прилично се. Па добро е на пример, тука да се збори за разликата и изборот на овие два празника, поврзана со љубовниот живот. :)
 
Значи Дарки и лани во истата тема го кажав...Таа тема е за празниците конкретно, т.е религиските корени зошто се слават, а оваа тема секоја година одново се отвара за да се види расположението кај луѓето како е, кој празник го слават, зошто им е помил од другиот или ниеден не им е мил и слично. Не е исто... Ако толку се следат темите треба да се знае дека оваа секоја година се отвара.... Таман си е. И доста со оф топик. Првиот пост ќе биде надополнет, како и анкета ќе има темава.
 
Пошо единствен Трифун што знам е Трифун Костовски а кај него на гости неодам(иако рече дека врата му била отворена за секого),а пијанчењето е веќе за мене минато останува св Валентин,уствари пошто не сум католик(нит вљубен долго време) останува ни едното ни другото.
оф топик,Зошто името Валентино ми е некако педерско? Само мене ова или?
 
Св. Валентајн е католички празник и треба да си го слават католиците. Св. Трифун е православен празник и ќе си го славиме ние. Си имаме и ние ден како Св. Валентајн кај католиците само што не е толку искомерцијализиран.
Се прашувам само зошто тие што го „слават“ Св. Валентајн не слават и Ханика, Бајрам и слични такви празници, или не им одговара постење? :vozbud:
Вера Надеж и Љубов е нашиот мислам :)

А ја... стандард Трифуна ќе го славам ради неколку причини: прво тој е нашиот празник то време ова валентајнот е безвезе, втора од валентајн и од љубовта ајр не сум видел, трета убо ќе ми дојт еден ден повод за пијанење :)
 
Ако сум заљубена си го "славам" Валентајн со примеси од Трифун.
Ако не сум заљубена си го "славам" Трифун со примеси од Валентајн.
Ако не сум расположена не "славам" ништо. Така да зависи, секоја година различно.
Оваа? Има време до 14ти, ќе видиме. :smir:
 
0.jpg

Св.Трифун! И не го славам Св. Трифун зошто е православен празник и сл. зошто мислам дека не вреди да се слави Св. Валентајн тука.Љубов?! Ако ја сретнам ќе ти кажам..... :-))
 
и двата- и онака е ист ден-
што ве кошта ? една романтична вечера (без оглед каде- дал надвор или дома) - за неа поклон, за двајцата поклонете си пијалок и секс -па навечер пушти и го филмов -дур гледа ти седни си на кајгана :pos2:
 
Како ми тргна годинава... слабо трезен првата недела, и ич неам намера да си ја рушам традицијата... Трипун (по старски така се вика) ќе си го славам и ич не се замарам со американизирани искомерцијализирани срања.
 
:pipi: Јас мислам дека кај мене цела година ќе трае Св. Трипун. Супер ми тргна! :pos:
 
Св. Трифун ќе се слави, ќе одеме на лозје, ќе се пие ,ќе се прават пастрамајлии... Јас го сакам овој празник голема фамилија сме ќе се соберат сите поголем дел од нив ќе бидат тешка хроника, но најважно ќе има смеа и шала колку ти душа сака.
А вечерта па со либето ќе прославиме заедно, ќе наздравиме со винце и ќе се љубеме :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom