Сув шампон

  • Креатор на темата Креатор на темата NelTu
  • Време на започнување Време на започнување

NelTu

Coffee addict
Член од
1 август 2011
Мислења
2.370
Поени од реакции
7.013
Сув шампон е супстанца во прав која се користи за чистење на косата. Најчесто кога немате време да ја измиете косата.
Сте се начекале некогаш во ситуација да ви се измрси косата а да треба да излегувате бргу?
Решение: сув шампон.
За разлика од странство, каде што секојдневно користат сув шампон. Јас сув шампон не сум начекала во парфимерија или во аптека. Поточно го барав оној од сајос за волумен. Имате некде видено таков?

Сте користеле некогаш ваков шампон.

Еве како се нанесува.
 
Уште ова фали по супермаркетиве и нема да се бањаат луѓево :pos:
Ми се допаѓа иначе, ја знам дека со бебешка пудра во прав исто се прикриваат мрсни корени на некое време.. Ставаш малку и треба да натапкаш нали.. И помалце се познава :)
 
Ја мислам дека ова ти е најдобро да го употребуваш ако си во брзање, а да не се мијам, и да ставам сув шампон, ни во сон. :D
Знам и јас за бебешката пудра, ама ептен неуредно е. Секогаш блузата бела ми станува.
 
Истиот ефект ќе го постигнете и со бебешка пудра во прав нанесете ја на коренот протријте убаво за да нема остатоци така распафтајте ја косата и ќе ве спаси од мрсна коса само за неколку минутки. ;)
 
Мора миење, зејтинот и насобраните нечистотии треба да излезат некаде.
 
Алтернатива на миење на нечистотии? не фала.

Уствари, темава е за женски, незнам што коментирам :icon_lol:
 
добро де зашто одма хејтање?
лесно ни е на нас со кратки коси, се суши за секунда и си пичиш али не е така кај женските, на неколку пати ја сушат па уште ако ја пеглаат отиде возот.
и убаво авторката на темата рекла најчесто се користи кога сте тнки со време.
џабе кревање галама :)
 
Чекај малце, а што е со она, "ако се сака за све има време" и кај виде хејтање незнам, дискусија нормална :D
 
Мене не ми е јасно како некој би си дозволил да има мрсна коса, освен, се разбира, ако не станува збор за медицински проблем. Јас не можам да се поднесам самата себе ако не се ставам под туш барем еднаш дневно (во најголеми жештини дури и два пати), а камоли пак да стигнам до мрсни коси и вакви "fake it" решенија. Татко ми, кој е човек во години, има мрсна коса по природа и секој ден (буквално секој ден) ја мие, тоа му е ритуал уште пред кафето. И покрај неговиот пример, кога ќе видам прави, здрави, млади и орни луѓе да си дозволат мрсна коса, во најмала рака ми делува неодговорно, најпрвин кон себе и сопствената хигиена, а потоа да не стане збор и за покрупни работи.
 
Уште малце и вода во прав ќе измислат.

па тоа го имаше пред 40 години, (а за ова прв пат слушам)
и беше сретство за миење раце без вода-го добиваа сите шофери.
 
Јас сув шампон не сум начекала во парфимерија или во аптека. Поточно го барав оној од сајос за волумен. Имате некде видено таков?
Имам видено во ДМ.
 
Користам за кучето од Трикси. Арен е вака, го освежува влакното.

dry-shampoo.jpg
 
Ова е измислено за случаи кога си на подолг пат и немаш можност да се истушираш.​
Иначе не гледам причина зошто не би се заплакнал.​
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom