C
cige
Гостин
Инспириран од темата на Dzish за германски теренци од повисоката класа. Па јас еве отварам тема за помалите и не ги ставив X3 и Q5.
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Во Велес Ford имаа тест возење пред 1 месец. Јас радосен се залетав за Кугата, ама требало 5 години искуство:jaj:.Ај да прокоментирам.... имав можност пред недела дена да ја видам гамата на Форд имаа тест возење во Битола. Се комплет беше таму вклучувајки ја и новата Фиеста и Куга.
коментаров се однесува на куга
Надворешно топ изглед, огромно возило. Да ти е мерак да го гледаш. Внатре разочарување :nesvest:. Тесно, ефтини делови ти се чини во Дачија си влегол. Така да кугата ја турам во ист кош со Витара и Даихатсу.
од сите понудени, би избрал Нисан X-trail.
Гласав за Компас, а може да се вметне и Патриот затоа што изгледа мнооогу подобро од Компас. Инаку на исто рамниште би ги ставил и Гранд Витара и секако, Фрилендер. Овие другиве... зафрканција со еден збор.
Инаку, кога за прв пат ја видов Каптивата не можев да поверувам колку добро изгледа! Одлична замена на Фронтера би рекол, додека Антара изгледа полошо. Сепак ги делат сите значајни компоненти, а тоа значи и дека се далеку од теренци.
Џиш го спомна X-trail, би рекол интересно возило но на стариот модел не можам да ја поднесам централно поставената шал-табла, додека новиот изгледа супер и внатре и надвор. Мислам дека цената е единствена причина зошто се прилично ретки, а и кога ќе те заредат дополнителна опрема умот ќе ти се сврти.
На листата недостига ЦР-В (Хонда) која е само фамилијарно возило и ништо повеќе! Помалку од 20см клиренс, уште на паркирање во град браникот ќе го оставиш на повисок тротоар. Да не зборувам за големата непрегледност поради конфигурацијата на Ц и Д столбот...
€18.000 за Териос.... треба да си луд.
ЊТФ!!!!!!!!???????
Па каптивата е 20 000.![]()
лош-не лош,возиш SUV за 20К....колку пари,толку музика,нели?:helou:На еден тест што го гледав на ТВ Captivata беше прогласена за најлош SUV.
Тешко да одвојам 20 000 евра за неа.
сепак би возел куга за тие пари, или поскапа е ?ја гласав за KUGA.може е тесен внатре,ама не заборавајте дека е граден на платформа на форд фокус-мене ми беше супер,внатре беше како авион,надворешниот дизајн чиста петка...
лош-не лош,возиш SUV за 20К....колку пари,толку музика,нели?:helou:
хехесепак би возел куга за тие пари, или поскапа е ?
Пежото е 1.8кКако воа теренци до 2000 кубика а ставен е Volvo XC90, Mazda CX7, Peugeot 4007 кој немаат мотори под 2000 кубика, Волво минималниот му е 2500 кубуика со 4 цилинди познат како D5, Мазда има мотор од 2300 кубика со турбо и има 260 коња и троши 2 пати повеќе од Q5 i X3(кој имаат верзии со мотор до 2000 кубика btw), а пежото сите мотори му се 2200 кубика и нагоре. Инаку од вие гласав за Хондата