Џабе мешате лиги, Англиска или Македонска... старт со отворен ѓон во фаца е (најмалце) жолт во СЕКОЈА лига. Без разлика дали е намерно или ненамерно. Пет минути потоа го доби првиот жолт Кедира... Да добиеше жолт тогаш, црвен не му бегаше до крај сигурно... И нормално после мурињо порке, порке... Веројатно сте свесни дека ни тој самиот не си верува во тие теории на заговор, се е тоа начин за притисок кон судиите и одземање на одговорноста од своите играчи. Точно знае шо прави човекот,многу поискусен е во тие работи од Пеп, страшен притисок си врши на судиите константно. Посебно на судија кој прв пат суди класико, пред 80 илјади луѓе, и око да му извадеше на Абидал немаше да добие картон.
Ок е да се навива за тим, али објективноста малце барем да се задржи... Една симулација не видов од играчите на Барселона, не го ни гледав асално цел натпревар... али дајте докази ако имало. А се прашувам зашо не би имало.
Кога еден тим може да ги заобиколува/прекршува правилата за фаули/картони/ферплеј и судијата ништо не презема за да воспостави авторитет, тогаш и другиот тим може и мора да го прави истото... Ако едно правило е прекршено и несанкционирано, целиот систем на фер плеј паѓа во вода, или се ќе се почитува, или ништо. Ако видиш несанкционирани стартови и ненормална агресивност (која е трејдмарк на Мурињо) нема логика да се жалиш заради симулации. Тоа ти е исто ко да ограбиш човек, а утредента кога тебе ке те ограбат , плачеш и пријавуваш во полиција.
И после нормално ќе гледаме ХАОС натпревари како оние пред неколку месеци во ЛШ. Не се знае кој пие кој плаќа...
Да беше натпреваров во ЛШ, со судија без страв дека ке го истепаат на улица после натпреаварот, пак ќе имаше црвен картон утакмицава, и пак плачења на сите страни, уницеф, уефа и слично... и пак друг ќе беше крив.
Не дека и сеа не е некој друг крив...Веднаш после натпреварот на пресот нова рунда притисоци повторно, пак судиите не чинеле, а толку шанси неискористени, можеа да го решат двомечот уште вчера... и пак судиите се криви, кој нормален фан на Реал сеуште верува во овие бајки ?