Summer Beach Club - Градиште, Охрид

  • Креатор на темата Креатор на темата Паспарту
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Убава беше журката на 28, со пена ова она, а таа на 3ти не ми се свиѓаше многу многу. На почеток беше празно па дури накај 1:30-2:00 се напуни и ептен ми беше ладно. :(
 
Gradiste summer beach club...
Лето...сонце,...вода,...плажа,...а јас-келнерка :icon_razz Е ајде де! :vozbud:
Епа пошто коски си остаив од работа таму летово најавтентично можам да кажам како и што беше :icon_lol:
Имаше журка - да, најубаво беше, најенергично, најмачно, најжешко на свет, најпреполно со типци од оние набилданите, исфураните, срамежливковците, енергичните, неуморните, со бомба изглед и од кои ти застанува здивот..и типки од оние иштикланите, очајните, дружељубивите, згодните, исфилманите итн...Секому според вкус значи. :toe:
Сите журки на втора плажа беа најсупер на свет, поготово зошто јас не сум клаберка ни по професија ни по хоби (:pos2:) и не ми беше толку битно да има звучно име, туку тоа што беше толпа, што сите вака или така се веселеа, што бевме заедно и бевме насмеани, што ритамот те носи и забораваш на се, што се осеќав живоооооо, а поготово погледите на некој... мхммм...:pipi:
Цените беа изгор - точно, ама никој не те тера да пиеш, ако не седнеш на маса, значи слободно можеш да седиш на плажа и да си носиш твој пијалок, па да си платиш само за пат...или евентуално можеш да се стационираш на трета плажа, каде што и јас се согласувам со сите кои спомнале - имаше многу поопуштена атмосфера, амбиентот беше некој ориентален, музиката беше chill out, reggae, некој smooth jazz и сличито...ама во секој случај двете плажи беа супер уредени и одлично функционираа како целина, т.е. за сечиј вкус по нешто и тоа е она што најмногу ми се свиѓа во врска со плажите на Градиште. Поубоо здравје! :wink:
OUT OF TOPIC: И така, ова е тоа што сакав да го кажам за војната во Виетнам. (Форест Гамп) :pos2:
 
Летово ги прошетав скоро сите плажи низ Охрид и стварно Градиште најбоље беше.За денска шема беше топ.Бев и на 28 на журката и поминав лудо заедно со Батистута, Мацедониан и Водкамикс.
 
Лето 2007 одамна заврши. во очекување на следното, и нови летни журки, пишувајте на останатите теми. :locked:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom