Gradiste summer beach club...
Лето...сонце,...вода,...плажа,...а јас-келнерка :icon_razz Е ајде де!
Епа пошто коски си остаив од работа таму летово најавтентично можам да кажам како и што беше
Имаше журка - да, најубаво беше, најенергично, најмачно, најжешко на свет, најпреполно со типци од оние набилданите, исфураните, срамежливковците, енергичните, неуморните, со бомба изглед и од кои ти застанува здивот..и типки од оние иштикланите, очајните, дружељубивите, згодните, исфилманите итн...Секому според вкус значи.
Сите журки на втора плажа беа најсупер на свет, поготово зошто јас не сум клаберка ни по професија ни по хоби
pos2
и не ми беше толку битно да има звучно име, туку тоа што беше толпа, што сите вака или така се веселеа, што бевме заедно и бевме насмеани, што ритамот те носи и забораваш на се, што се осеќав живоооооо, а поготово погледите на некој... мхммм...
Цените беа изгор - точно, ама никој не те тера да пиеш, ако не седнеш на маса, значи слободно можеш да седиш на плажа и да си носиш твој пијалок, па да си платиш само за пат...или евентуално можеш да се стационираш на трета плажа, каде што и јас се согласувам со сите кои спомнале - имаше многу поопуштена атмосфера, амбиентот беше некој ориентален, музиката беше chill out, reggae, некој smooth jazz и сличито...ама во секој случај двете плажи беа супер уредени и одлично функционираа како целина, т.е. за сечиј вкус по нешто и тоа е она што најмногу ми се свиѓа во врска со плажите на Градиште. Поубоо здравје! :wink:
OUT OF TOPIC: И така, ова е тоа што сакав да го кажам за војната во Виетнам. (Форест Гамп) :pos2: