Часовите кај Поповиќ не можам да ги опишам. Вистинско мачење за мене, сум ги броел секундите до крај на часот неколку пати.Губење час кај нејзе е реткост, неколку пати се има случувано типката да не може да стои од што е болна а да е у школо и да предава. За прва пат ќе видите што е 2 на четири кеца оцена на тест

Или 3 на 2 двојки. Тоа уствари и ми беше највисоката оцена кај нејзе ( Првиот тест у прва година ). Искрено од кога тргнав у средно само ради нејзе ја замрзив Математиката и не ја учев ич. Некако ми немаа смисла нејзините предавање, ни решаваше решени примери од учебник на табла.... Али не можам ништо лошо да кажам за оценувањето нејзино, доста реално оценува, знаела и да попушти по некогаш. Али не очекувајте ако ви се сите 5ки а кај нејзе имате 2ка дека ќе ви биде поправена на совет или слично. НЕМА ШАНСИ ! Врски исто така не пробувајте да барате. И освен ако не претерате, на полагање не остава.