Зоштооооооооооооооооооооооо???????????????????????????:placko::placko::placko::placko:
Навистина не е фер, навистина не е.
Човек кој навистина и најискрено кажувам дека беше почитуван и сакан од сите. Јас во 4 години учење еднаш не чув лош збор за него, едноставно беше премногу добар, не оставаше простор за било кој што да промрче за него....
Нека почива во мир, секогаш, секогаш ќе остане запаметен како еден од најдобрите професори во ЈБТ што некогаш предавале!
:placko::placko::placko::placko::placko::placko:
Ни јас не познавам некој кој рекол барем нешто лошо за него. Единствениот професор од ЈБТ кој го почитував.
Професор кој многу ставови ми ги смени, кој беше прв професор што ме избркал од час "за да ми дојде памет", професор кој знаејќи какво државјанство имам ме тераше да учам национална историја, професор кај кој немаше оцена подоле од 4ка.
Сите учеа кај него. Оние кои имаа кецови по други предмети, со проекти, со гледање филмови, сите добиваа позитивни оцени, и учеа за да не се засрамат пред професорот. Единствениот кој ќе не сретнеше на улица и ќе не прашаше како сме, каде одиме, и ќе ни посакаше "памет во глава".
Денес, и покрај тоа што беше морбидно, сите плачеа. Кај мене, машките од клас липаа, неможеа да се смират. Страшно.
Мене конкретно, ме изнервираа 2 работи. Прво, тоа што од земја се трескаа оние кои не го почитуваа професорот додека им предаваше. Второ, психологот Марица. Незнам колку сте информирани, операцијата чинела 3000 евра, а лекувањето 600 евра дневно. Откако решиле да одвојат сите по 1000 денари за помош за семејството, Марица се побунила затоа што било премногу (а самата таа зема по 100 евра дневно само од матурите) и затоа што требало тој самиот да си го плати лекувањето. И денес, таа, што незнае колку пари има, плачеше и се лигавеше за тоа колку добри пријатели биле тие.
Професорот ќе го памтам засекогаш. Еве, дури и сега се надевам дека утре на прв час ќе влезе и ќе испрашува, и ќе ни се заканува да се смириме затоа што нема да ни предава наредната година затоа што не сме дисциплинирани
Последната оцена ми ја стави на мене.
Никогаш нема да го заборавам.
едит: нема да ги заборавам ниту пак неговите последни зборови.
Беше тоа еден цитата на Јосиф Висарјонович - Сталин: "Смртта на еден човек е трагедија. Смртта на милиони е статистика".