Eko1 напиша:
"Општо познат факт е дека" мажите сакаат само: да седат на фотеља пред телевизија; даљинското да им е во рака; пивото во другата рака; да имаат големи стомаци; да имаат смрдливи нозе; сакаат само плавуши; обожаваат силикони; кога не мислан на секс мислат на фудбал; знаат се за коли; никогаш не плачат; секогаш се во право;.... и тнт.... и тнт... (можете да додадете уште некоја каратеристика ако сакате).
Како стигнало до ова?..... Зарем сето ова е вистина?..... Толку ли сме ние мажите еден ист "калап"?
Мислам не..... тргнувајќи од себеси и еден куп мои другари.... но сепак епилогот на повеќе наши реакции и реакции е..... ЕХ....то е то.... МАЖИ БЕ!
Стереотипите постојат. Дали ќе е за мажи-пиво-секс, жени-фризура-оговарање, американци-глупави-најглупави, црнци-големи, јапанци-паметни, германци-ладни, деца-незрели и така натаму... Не е ни битно.
Не ме фрустрираат. Новинарско правило е дека најлесно се лаже со полувистина. А сите сеирџиски ("чашитски" -
охридски.арх. заб.авт.)расположени луѓе се на моменти
помалку или повеќе новинари во себе, нели?
Таков муабет пушта/коментира некој кој нема попаметна работа, некој кој не сака да види ништо повеќе од грубиот слој на фасадата, односно сака да види она што сака да види; или хоби му е девалоризирањето на некоја друга личност, нејзино етикетирање, систематизирање или генерализирање, со која понекогаш можеби и навистина мисли дека ќе покаже супериорност наместо забележлива глупост.
Мене не ми смета. Не зошто јас не се вклопувам во стереотипот...Баш се пронајдов во некои од споменатите постулати на теоријата за "типично машко", што и да значи тоа. Сакам да седам на фотеља пред ТВ и да го имам даљинското во рака и да пијам пиво. Не претпочитам голем стомак. Нити сум строго насочен према плавушите. Да не одам понатака...
Овие стереотипи се и добредојдени. Јас знам колку вредам и знам колку повеќе од наведеното имам во себе, како карактеристика. Токму тоа може да користи во рушење на стереотипите и ненадејно променување на сликата кај тој кој ги има, дека сепак... Nula Regula Sin Exeptione - или: Нема правило без исклучок- сваќањето на ова би бил првиот чекот кон рушењето на овие стереотипи. А и на многу поголеми и пострашни, кои постојат ради ред работи во подсвеста на луѓето денес.
Иако мора да признаам дека и ми годи стереотипот - фотеља, пиво, даљинско... Може да се користи како изговор. Koга ќе ни одговара, нас мажите. Онака, новинарски, не? :pos2:
п.с. Али да не сум го чул тоа за смрдените нозе!!!
