Здраво до сите форумџии..Јас сум нова овде па имам неколку прашања до сите Вас кои сте веќе во Австралија/Нов Зеланд.
Гледам дека некои од вас се многу упатени па би ве замолила да ми одговорите на неколку прашања.
Значи вака, со сопругот размислуваме за одење во Австралија и како што ни рекоа од агенцијата за миграција во Скопје, најдобра варијанта би била студентска виза, така што би се запишале на некој курс и со тоа имаме право на работа 20часа/неделно.
Јас сум магистер по економија и ми кажаа да се запишам на курс по сметководство, кој би чинел околу 7000$ и после тоа ќе можам да барам работа, меѓутоа ми беше кажано дека многу тешко би нашла таму работа по професија со економски факултет.
Маж ми е програмер со 2 години работно искуство па за него најверојатно би немало проблем во наоѓање на работа. Значи прашањето е дали и колку е точно тоа?
Исто така би сакала да прашам дали лесно се наоѓа некоја фирма која би те спонзорирала и на тој начин би добиле работна виза.
Ви благодарам однапред на сите.