Студирање дома поради дечко/девојка

  • Креатор на темата Креатор на темата Mädchen
  • Време на започнување Време на започнување
Колку само ти нема врска ова.Ај ја сеа да набројам примери што завршиле факултет овде и плус и добиле стипендија за работа вон државава.Работа има за сите,и решение има за се,само треба да бидеш доволно упорен и да го бараш,ако го бараш ќе го најдеш.И обично,ако се покажеш како солиден студент,факултетот те препорачува и одма наоѓаш работно место.Тие што седат дома со завршен факултет или го тегнеле факултетот 10 години,или завршиле “на лепе очи“.

Со се друго се согласувам, само со ова не...
Јас исто можам да ти набројам што се труделе, биле упорни, барале, па завршиле таксисти или слично.
Се работи за индивидуализам, врски, среќа и снаодливост...
И нема за сите во Македонија работа инаку немаше да има сиромашни и богати.
 
Малку забегавте од темава.
Тоа што сакав да кажам...оооф колку сте ми слатки...според моменталните расположенија и состојби.Ми иде да ве изгушкам.Изговори,изговори...ајде сите што сте пред матура ќе го правиме муабетов некаде кон јуни...
Немојте муабети од типот факултетот ми е на 15мин.зошто да одам во Скопје и слично,затоа што не е тоа тема на муабет и е самоубедување.Сега ме терате да ги извадам сите лигавштини од во врска со љубовта и тил д дет ту ас парт муабети.Заради годините кои ги носат и убедувањата кон нештата неможе никој да се обвини и е ствар на лични определби и слика за она што сака да се случува,па така да нема што да се замери.Нема ништо лошо и во тоа да се остане заради љубовта во родениот град ако сте сосема сигурни дека е тоа,тоа и нема што повеќе да барате и тамам работа ако сите одиме кон главниот град,па и во странство.Тоа е една од причините што многу помали градчиња во државава стануваат пусти,но нема врска,некаде на друго место.
Ако зборам лично за себе,како што кажа некој,те сакам тебе,но повеќе се сакам себе.Ништо не е сигурно,но сепак повеќе верувам во себе и она за кое сум способна,од колку во нечии ветувања.Тоа би бил и еден вид на тест дали навистина толку е силна таа љубов,па можеби после студирањето ќе имаме пак шанса да бидеме заедно ако ни се вкрстат патиштата.Нема да можам да живеам со вечната дилема што ќе беше ако отидев,ќе успеев или немаше?!И да се обвинувам ако пропадне таа љубов и да си викам глупачо една што ти требаше.можеше подалку да стигнеш.Како и да е,фактор среќа е многу важна работа,не се зависи од нас,но сепак поголем предизвик ми е да се надоградам себе си него ли да го жртвувам за некоја незрела љубов.Ако на едни 18 години не ги искористиш потенцијалите не знам кога друг пат.А верувам дека секој од нас ги има.
 
Најлесната работа на светот е да си дозволиш себеси да паднеш под магичната урбанизација и слатките гревови.
Јас кога веќе зборувам од лична перспектива, сеуште немам детерминирани планови, но, да, работите се менуваат во меѓувреме, имаш луѓе кои ги сакаш блиску, сакаш да им помогнеш на родителите и тоа не од финансиски, туку од емоционални причини, имаш работи за кои што треба да се погрижиш.
Животот го креираме во просторот и времето, тоа не може да се смени и да, Лејди Сатори одамна веќе не го бара Скопје за да оди и да биде „слободна“. :)
Се смени се`(again,for a 124345 time)?
Оh :) Оооkay:nesvest::)
Најлесно е ако си имаш искуства со потпаѓања_под_влијанија_like.
Знам дека си ја научила новата лекција по философија па не мора да ни кажуваш каде се креира животот,важно е да бидеш сигурна ти сама во тоа што го кажуваш :) Џабе е тука да продаваш бајат леб кога ти не го јадеш :)
Се сложувам целосно со постот на Немирна,кога веќе ни се нудат толку шанси,зошто да не си ја пробаме среќата. Ја нема секој среќата на Памела Андерсон камерата да застане на нас на некој фудбалски натпревар или да не се падне седмица:wink:
 
Се смени се`(again,for a 124345 time)?
Оh :) Оооkay:nesvest::)
Најлесно е ако си имаш искуства со потпаѓања_под_влијанија_like.
Знам дека си ја научила новата лекција по философија па не мора да ни кажуваш каде се креира животот,важно е да бидеш сигурна ти сама во тоа што го кажуваш :) Џабе е тука да продаваш бајат леб кога ти не го јадеш :)
Се сложувам целосно со постот на Немирна,кога веќе ни се нудат толку шанси,зошто да не си ја пробаме среќата. Ја нема секој среќата на Памела Андерсон камерата да застане на нас на некој фудбалски натпревар или да не се падне седмица:wink:

:tv: Зошто воопшто се надевав на разумна дискусија од страна на некој кој што не ја поседува особината како таква?

А дебатирање за различните можности кога мама и тате на сите ќе имаат да им дадат доволно пари за да си „бираат шанси“.
И во право си, немаат сите среќа.
 
Повторно ли истата приказна бе душо:back:
само,не можеш да останеш рамнодушен на лента пуштана по 100 пати изминативе 2-3 години :) Девојчето кое живееше за Скопје сега останува во Велес ?! ..па да,си сменета. Нели ? :) :pos2:Не е разумна дискусијава,it's hilarious.Hilarious fabulous:)
Ако можам да извојувам стипендија од некоја компанија или од самото училиште,зошто да не пробам? А оние смешни астрономски суми што се даваат за студирање на не знам на кој колеџ во нашата или во некоја друга земја само затоа што така ни текнало,никогаш не би го направила и не би се обидувала да помрднувам планини ако моите не се во можност да ме запишат таму,не е крај на светот,има многу поубави моменти кои може да ти ги пружи семејството,a не спаѓаат под материјална поддршка:smir:
Ниту сум била,сум или ќе бидам до тој степен разгалена да плачам по паричките на тато и мама.
Во ваквите случаи среќата се бара,не се има.И потребен е јак карактер и упорност за понатамошно градење на успешна кариера. А за понатаму се е до твоите способности.Работата те става на многу искушенија,негде се чека и по шест и повеќе години да те унапредат,но потоа задоволството е неспоредливо.
 
Мора да споменеме дека има и такви, кои својата неспособност ја кријат позади другите.Наоѓаат изговори од типот,,не можам без дечкото,, потоа ,,сакам да седам со мама и тато,, или немам пари да седам во Скопје. Потсвесно си вика, зошто да одам и да трошам пари, кога знам дека не сакам да учам и не можам да учам.Затоа ќе речам, многу си го сакам дечкото и ќе си седам дома заради него.Тука веќе си има и џокер за зли времиња,,јас заради тебе не отидов на факултет, а ти ми се скаруеш,, и слично.
Други се оние, кои верувам се во помал број од првиве, кои навистина веруваат дека ако отидат во друг град за живеат, студираат или работат, врската ќе им се уништи.Тие се несигурни личности, не се вреднуваат себе си доволно, за да се погрижат навреме за својот живот, и несвесно му се на товар на можниот иден сопруг, сегашен дечко.Бидејки тие истите по некое време нема да сакаат да работат, оти нема да сакаат да ги остават децата дома, оти децата пак нема да ги сакаат.Уште посмешно и потрагично ми е тоа што љубомората е главниот виновник, без разлика дали кај тој што треба да оди надвор од градот, или оној што ќе ,,чека,,.За да нема кавгања за ,,со кој си и каде си,, остануваат дома.А дали знаат, не знам, дека тоа се продолжува и одлоговлекува и на крај ке ја уништи и врската или некој од партнерите.
Мислам дека кога ќе дојде веќе ова тема на разговор помеѓу партнерите, и има двоумење, дали да одам на факултет или не, тогаш веќе врската е, ај да не речем умрена, ама веќе инвалидизирана.
 
Бла,бла,бла...Сатори рече нешто?!
Навредувања од типот способност на некого да развива дискусија во паметна насока се тотално непотребни на темава,затоа што објективно можам да ти вратам зошто и како.Ирелевантни се твоите факти...ЗОШТО?!Хмммм....е зошто де?!:back:На карта парите на мама и тато не се игра,затоа што тука убаво си е јасно поставено што и како е.Ти до пред 2 години имаше доволно пари да заминеш во Охрид,па потоа во Тетово,па во Скопје...хмммммм...излишно е да зборувам понатаму,а јасно е зошто било тоа така.Тука не ги третираме парите како објективен изговор,туку љубовта.
 
Кога се брка перспектива,нема компромиси.Одам по себе кога велам дека како што јас очекувам разбирање,истото и ќе го дадам.
Денес е императив да се заврши факс и да се брка работа.Потешкотиите на патот не се занемарливи,знаат да бидат помалку и неподносливи,тешки и да разјадуваат од внатрешнината,ама човек со здрав разум не би направил нешто толку драстично ако е свесен за можните импликации од евентуалното вонредно студирање.
По ѓаволите и љубомора и се.Попрво би форсирал да се оди настрана ако таму се нуди повеќе,одошто себично да би барал некој да биде до мене цело време за да си го хранам егото,биолошките или емоционалните потреби.Глупава ми е целата дискусија околу тоа.
Олеснителна околност е ова со факултетиве во секој град.Ама многу од нив немаат оптимални услови за да се студира таму.Значи,пак на крај може да се дојде до потребата да се пакуваат торби и да се оди настрана.
Ништо ново.Освен времето и владиниот популизам во образованието.
Скопје,Битола,Штип.
Ако се понуди шанса за странство,уште подобро.
Образованието и кариерата се Бог.
 
Повторно ли истата приказна бе душо:back:
само,не можеш да останеш рамнодушен на лента пуштана по 100 пати изминативе 2-3 години :) Девојчето кое живееше за Скопје сега останува во Велес ?!
Останува?
Секој со среќата, упс, упорноста.
Бла,бла,бла...Сатори рече нешто?!
Навредувања од типот способност на некого да развива дискусија во паметна насока се тотално непотребни на темава,затоа што објективно можам да ти вратам зошто и како.Ирелевантни се твоите факти...ЗОШТО?!Хмммм....е зошто де?!:back:На карта парите на мама и тато не се игра,затоа што тука убаво си е јасно поставено што и како е.Ти до пред 2 години имаше доволно пари да заминеш во Охрид,па потоа во Тетово,па во Скопје...хмммммм...излишно е да зборувам понатаму,а јасно е зошто било тоа така.Тука не ги третираме парите како објективен изговор,туку љубовта.
Да, воопшто не ги третираме тате е директор на една фирма и сопственик на друга, ако сакам можам и во Грција да завршам факултет, нема никој да ми направи проблем.
А тоа кој каде оди ... полека по патот па до Франкенштајн болница.
Упс.
 
А што ако во местото на живеење нема факултет и по секоја цена мора овој... идниот академски граѓанин да се исели?
 
mislam deka treba da si slab karakter da se odlucis takvo nesto da ti vlijae na odlukata kaj ke studiras, pa na kraju karajeva nikoj ne ti garantira oti deckoto/devojkata ke bide so tebe zasekogas, a ako raskinete ti pak ke si ostanes so tvojot faks , a toa e tesko izvisuvanje.
 
И оваа тема ќе се телепортира.

Став, хм не би останал.
Се разбира освен ако не е некоја доолга сериозна врска, која сме ја зацрвстувале, негувале, завитклувале како бубреџе во лој па сето тоа да пропадне ради условно ќе речам кариерата.
 
Kaко дошол,така пошол. Иднината ми зависи од факултетот...и искрено ќе претрпам можда раскинување на врската, би патела ама еден ден мислам ќе вреди тоа. Шо доколку студирам во ист град со дечкото и тој ме изневери или ме остај, јас заради него и студии и се да си зафркнам? Не се согласвам јас тука...:nesum:
 
Неверувам дека ќе останам. Со фактот дека приоритет е факултетот,женската е опција. :smir:
 
Сум била точно во истата ситуација.
Имав сериозна врска 2 години, пред да тргнам и кога одев, бев свесна дека ништо нема да биде како порано. Многу ми беше тешко и не му го посакувам тоа на никој. Тргнав со знаење дека ќе биде крај со врската, но не беше, бидејќи ни беше и на двајцата многу тешко си се тешевме цело време. Никогаш не дојде до никаква ЗАБРАНА од негова страна, бидејќи тој нема право на глас кога е во прашање мојот живот. Но, се се смени, јас се сменив и околината многу ми влијаеше врз тоа, ги сменив погледите кон светот. И љубовта згасна поради МЕНЕ, мојот факултет и далечината. Сега веќе не сме заедно но секој ден се слушаме. Не се каам што се случи тоа што се случи бидејќи знам дека во тој момент сум сметала дека тоа е најдобро за мене.Жалам што бев само јас таа што одлучив, и што не дадов шанса да остварам нечиј сон, но тоа не е мојот сон...би рекла дека ова е еден гоолем себичен пост, но вистината е таква...
Сите си мислат, жедни за пари итн итн што воопшто не е така. Во животот мислам дека секој има две цели:работа и фамилија. Едното без другото , не оде. Е сега или ќе се омажиш после средно, или ќе учиш.Твој избор !
Но, животот е ризик, и ако никогаш не пробаш, никогаш нема да знаеш! Не жалам за моите потези и мислам дека ако некој вистински те сака, ќе те сака и на милион километри и милион години.... се зависи од личностите и од нивните цели.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom