Студирам психологија

  • Креатор на темата Креатор на темата Magde.
  • Време на започнување Време на започнување
Ајдееее, каков е тој по социологија?
Изгледа се заебав јас.:tapp:

Предавањата му се убер досадни и замара за да ти дае оценка.
Ако му однесеш семинарска, може да ја отвори, да те праша шо си напишала за некој дел и ако не му исцитираш точно - ќе ти дае помалце поени...
Зезнат е малце...:/
 
Лелееее :(:(:(
И ја се запишав, редовна, без партиципација.
Одбрав физиологија кај Ицко, како и скоро сите останати, вајда, и педагогија и социологија. За социологија се заебав изглеа, не се сетив на време да се распрашам за професориве тука... Ми се чини материјалот ист ко граѓанско у четврта што имав, па затоа социологија си викам, полесно ќе поминам. А тоа... Уф што избрзувам :(

А ти Маги, која година си? :)

Е, и нема шанса да го сменам социологија? Пошо рекоа дека е конечен изборот што ќе го напишеме на ливчето. Нема никакви шанси да се смени?
 
ти Маги, која година си? :)

Е, и нема шанса да го сменам социологија? Пошо рекоа дека е конечен изборот што ќе го напишеме на ливчето. Нема никакви шанси да се смени?

Оди кај координаторката и речи и дека си се премислила, замоли ја да ти смени ако сакаш. Инаку матерјалот не е тешкок, од општа култура знаеш се тоа, ама професорот е малце зезнат, затоа не ви препотачувам да одберете.

Инаку јас сега, да сме живи и здрави, ќе бидам 3та. :)
 
Уфф... Фала, ќе видам што можам да напраам да сменам.
И до трета како е? Тешко е? Мене многу интересни ми изгледаат предметите што ги глеав у прирачникот :)
 
Уфф... Фала, ќе видам што можам да напраам да сменам.
И до трета како е? Тешко е? Мене многу интересни ми изгледаат предметите што ги глеав у прирачникот :)

Па, прва ти е ептен досадна, нема многу психологија. Во втора може нешо да чепнете, ама сеуште е навлегување во психологијата.
Има по некој интересен предмет, не викам не.
Емоции е забавен предмет, барем мене ми беше.
А трета е веќе по стручно, повеќе ве упатуваат во она што значи психологија, веќе имате основа.
Јез да вас ви е сменета програмата, укинати ви се најтешките предмети, така да ние постарите не ве сметаме за студенти на наш институт
smiley_tongue.png

Немојте да очекувате многу затоа што ќе се разочарате, не е баш како на филмовине што гледаме, има предмети и работи што џабе ни ги бараат, ама тоа е. :)
Како и да е, убава е психологијата ако ја сакаш :)
 
Уфф... Фала, ќе видам што можам да напраам да сменам.
И до трета како е? Тешко е? Мене многу интересни ми изгледаат предметите што ги глеав у прирачникот :)
Координаторката е на пат 1 недела.:toe:
 
Координаторката е на пат 1 недела.:toe:

Ајјј.. А ја бев денес накај 12 да ја барам, ја нема, си викам шо е сеа работава... Добро, фала :)

Па, прва ти е ептен досадна, нема многу психологија. Во втора може нешо да чепнете, ама сеуште е навлегување во психологијата.
Има по некој интересен предмет, не викам не.
Емоции е забавен предмет, барем мене ми беше.
А трета е веќе по стручно, повеќе ве упатуваат во она што значи психологија, веќе имате основа.
Јез да вас ви е сменета програмата, укинати ви се најтешките предмети, така да ние постарите не ве сметаме за студенти на наш институт
smiley_tongue.png

Немојте да очекувате многу затоа што ќе се разочарате, не е баш како на филмовине што гледаме, има предмети и работи што џабе ни ги бараат, ама тоа е. :)
Како и да е, убава е психологијата ако ја сакаш :)

Абе глеам за прва дека е малце досадна, иаме физиологија или генетика, што ќе ни се тие... А и другиве, филозофија, социологија, педагогија, не се стриктно психологија. Ај ако не ни укинат уште нешто важно се надевам дека до 4та ќе видиме нешто бар од психологијата :)

За очекување, не знам што очекувам, пошо пред да тргнам си викам таму сеа сите ќе бидат надрти, лоши, строги, дрн дрн (професорите мислам), а тоа бар до сеа неам воопшто таков впечаток, забавни ми изгледаат. И ептен бев возбудена пред да почнам, се надевам нема да се разочарам.
 
Прва, прв семестар е малце досадна а втор семестар не верувам дека ќе ви биде досаден :) Професорите се сите супер, освен социологија, Магде ми рече да не одбирам ама социологијата како област интересна ми е и си викам ај што има врска ако учам нема да има проблем, ама имаше проблем не е воопшто тежок материјалот ама он не прегледува со сигурност може да кажам, и така да ако имаш среќа ќе положиш ако не тешко :( На овој изборен имавме мноооогу послаби резултати од оние кои беа на филозофија. Физиологија колоквиумите му се зафркнати кога ќе даде нешто ќе се чудиш дали и воопшто тоа го има во книгата, значи здраво учење треба тука :) не е многу материјал и на три колоквиуми е поделен. Ако си учите редовно нема да има никаков проблем барем по сите други предмети, ќе си собирате поени на редовност, активност, ќе си носите семинарски, ќе слушате се што зборува Огнен на вежби :icon_lol: и ќе имате успешно завршена година. Со среќааа на сите новодојдени :)
 
Професорите се сите супер, освен социологија, Магде ми рече да не одбирам ама социологијата како област интересна ми е и си викам ај што има врска ако учам нема да има проблем, ама имаше проблем не е воопшто тежок материјалот ама он не прегледува со сигурност може да кажам, и така да ако имаш среќа ќе положиш ако не тешко :( На овој изборен имавме мноооогу послаби резултати од оние кои беа на филозофија.

Па коа не ме слушате, така ви е
smiley_tongue.png

Инаку, дека глеам интересна ти е социологијата, имате во 5ти и 6ти семестар соцјална психологија и тоа е ептеееееееееен интересно, така да не се секирај :)
И слушам дека многумина од вас исчистиле прва, лесни ви се предметите. Сеа ве чекаат малце потешки предмети и кај позезнати професори, така да глеајте да си бидете редовни на предавања и вежби, особено на личност и статистика.
:smir:
 
Да ти кажам искрено малку и ни попуштија, предметите лесни беа, ама како што иде верувам дека ќе биде по зафркнато ама и поинтересно сигурно :vozbud:
Искуство од лани дефинитивно редовност најмногу треба!
:smir:
 
И јас се запишав на Психологија годинава и супер ми е. Си одбрав физиологија кај Ицко, а од другите педагогија и филозофија. У секој случај, многу ми е интересно :)
 
Еј луѓе дали ги има некој книгиве или каде можам да ги најдам???

- Општа теорија на рационалност - Виолета Панѕова.По Логика предметот.
- Логика за средно школо од Јонче Јосифовски.

- Физиологија од Тројачанец.
 
Маги капачето :), да те прашам, овој социологија, какви колоквиуми има? Мислам, колку детално треба да учам? Пошо има некои 150 страни за колоквиум, и тоа какви детали има у книгата, кој што која година кажал, дрн дрн. Сеа не знам дали треба да се малтретирам околу тие работи или ќе има општи прашања?
И педагогија исто, колку детални прашања има на колоквиум? Глеам ни дава доста активности и шанси да се покажеме, па претпоставувам дека од тоа се добиваат екстра поени, ама колоквиумот е секако најважен дел од оценката... Па.. какви и се?
Оној Ицко, физиологија, ми се чини ко ептен супер, ама некако не дава баш шанса за активност... Предавањата му се ептен еднострани, он си предава цело време. Не дека не предава добро, ама неаме шанса за активност, па као ќе ги добиеме тие екстра поени кај него?
 
И јас да се убацам во прашањава околу колоквиумите, какви се кај Ицко? Премногу детални, со дополнување, заокружување...? Мерси :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom