Студентски протест на 09.12.2009

  • Креатор на темата Креатор на темата Nemiseverue
  • Време на започнување Време на започнување
Има протест којшто е за одбрана на името Македонија. На кого тоа му пречи?

Биле партиски. Па што ако се партиски?

Имало повеќе старци од студенти. Па што ако е така?

Наместо да џавкате без врска погледнете малку одозгора и ќе сфатите дека и вие треба да излезете на тој протест.

Ке видев колку ке беа од тие тамо да не им се закануваа! Дај бе срамота е ова! Да е нормален протест прв ке бев,а не партиски им дале вработувања и други поволности па сега ги уценуваат со нив! Без врска!
 
Итар Пејо спомнува дека “оние другите“ кои се организираа за студентските права биле исто така политички мотивирани, но реално мора да се сложиме дека на македонскиот студент во моментов му е многу поважно да ги реши (или барем да се обиде) оние проблеми кои му се него важни. Па така, студентот треба да застане гордо пред институциите и авторитетите и да протестира бидејќи е третиран како евреин во вагон кон Треблинка, и да го сруши едукативниот систем ако мора се` додека не му биде обезбедено тоа кое му е неопходно. Но, од друга страна, македонскиот студент може да протестира до крајот на животот пред канцеларијата на ЕУ во Скопје и се` што може да издејствува е таа да биде затворена, а административицте на ЕУ во Македонија да си заминат од државата. Нивниот протест е бесполезен, на страна што е политички.

Во право си, треба да имаме бесплатно образование на државните факултети и подобри услови за студирање. Но, исто така треба да останеме Македонци.

Го срамиш аватарот шо го носиш море о ти.
Се работи за тоа дека студентите не смееја да искочат јавно за ваков проблем и да одат на протест а претходно да ги немаат решено проблемите кои вистински ги мачат студентите.

Сакам да кажам, не ми е проблем шо партија ги активира за вишо добро, не ми пречи тоа, ми пречи што ги активира за второ ниво, без да го помине прво. На кајгана серверите за играње со читови се добива бан, во ЕУ не знам што се добива.

Прво ниво: Бесплатно школство
Второ ниво: Борба за Македонија

Вака ли ти го замислуваш тоа? Бескрајна инфантилност на 27 годишна возраст.
 
Прво ниво: Бесплатно школство
Второ ниво: Борба за Македонија

Вака ли ти го замислуваш тоа? Бескрајна инфантилност на 27 годишна возраст.
Спорно е и сомнително, како индивидуи неспособни да организираат протест на „пониско“ ниво, во кој требаше да бараат од истата таа држава чие име сега е издигнато на „повиско ниво“ подобри услови, овој пат се толку сложни и капацитети да се соберат за 24 часа во организиран протест. Згора на тоа, со нив да викнат и од „вечните студенти“. На телевизија не видов некој студент да ги застапува своите ставови во врска со преговорите (чиј исход и онака се знаеше дека на 8ми нема да биде позитивен за нас), освен активистон на владејачката партија, ама затоа видов еден куп пвозрасни луѓе што рекоа дека „Што ќе ми ЕУ“.
Спорен е исто така, фактот што додека траеја протестите за студентските права, не беше актуелна идејата за протест за името, што значи дека студентите не биле растргнати меѓу „приоритетите“ за што попрво да излезат дали за името, дали за студентските проблеми. Знаеш зошто? Затоа што од владејачката им чукаа на вратите од домовите и им велеа дека ќе ги загубат леглата.
Се обложувам дека утре да има протест за студентските услови, нема да видам ниту една фаца од овие вчерашниве.
 
Гледав на вести сега, новиот лидер на студентите повикува на протест против одлуката на ЕУ за не давање датум за преговори со Македонија.

Зарем не е смешно полтронството на студентскиот сојуз? Има некој кој утре ќе се појави на овој протест? Да не ја влечам темата во политика, но, зарем не би требало студентите да се интересираат за нешто друго?
Во некоја поинаква ситуација безрезервно би ги поддржал, но ако утре видам преку ТВ некој познат пред седиштето на ЕУ во Скопје (тоа мислам дека е на плоштад, или не, каде е?) ќе го здрвам од малтретирање дека е гласачко лифче а не човек.

Ве молам, не мешајте политика, партии. Студенти, ЕУ и слично нека преовладуваат на темата.

Да они се кротат во мизерни услови,башка административни трошоци.....а па сега заедно се обединети за ЕУ и датумот на преговори...ма тоа докажува всушност колку се лоботомирани студентите.
 
Многу е лесно да се оди на протест каде знаеш дека ни те слуша некој, па со тоа ни ќе има некои последици.
Состојбата ќе се подобри кога ќе сфатиме дека факултетот зависи од нас повеќе од колку ние зависиме од него, ние влијаеме на државата многу повеќе од колку таа на нас. Вака само си бегаме од одговорноста, се жалиме од се и сешто и сме манипулирани/стижени од кој стигне.

Што е најинтересно целта за протестите беше тоа што со влегување во ЕУ ќе можеле судентите да шетаат кај што сакаат. Па целта на кредит трансвер систем е токму тоа, за да може студентите да вршат размена на знаења и искуства. Што не му текне на некој од тие што ги плаќаме да протестираме пошто кај нас ЕКТ системот мутирал/дегенерирал.
И со кој памет претседателот на Студентски сојуз пратил писмо до европските универзитети да не подржат? Ко демек Болоња ќе се засекира за КиМ, кога само дипломите од Правен или Електро се признати во светот
.
Треба да се тргне од малите рабори, ко тоа зошто библиотеките ни се сиромашни, зошто имаме распоред со луфта од 3 саата, зошто има многу малку персонал и се се над 60 години, зошто нема никаква пракса, зошто учиме на српски и од скрипти, зошто семинарска носи само 3 поена помалку од положен колоквиум, итн. Па после зошто се дозволува шестар систем при прегледување, зошто има ценовник за оценки во економски, зошто нема кај да се пожалиме од професорите на пример за манијачење, зошто има мала размена на студенти итн.
 
Во право си, треба да имаме бесплатно образование на државните факултети и подобри услови за студирање. Но, исто така треба да останеме Македонци.

Прво ниво: Бесплатно школство
Второ ниво: Борба за Македонија

Вака ли ти го замислуваш тоа? Бескрајна инфантилност на 27 годишна возраст.
Чекај, прво, таа реторика од македонското политиканство на страна. Ако сакаш да ме навредиш, кажи слободно бе брат, “глуп си“, не се љутам ја.

Второ, кој дел од моето тврдење дека не ми пречи кревање студентски глас за било што не го разбираш?
И трето, какво е тоа бесплатно школство, и зошто ми ставаш зборови во тастатура? Факултетско образование бесплатно имаше само во комунизмот (оној кој новокомпонираните велико македонци го мразат), и тоа не е нормална работа во модерниот западен свет кон кој се стремиме. Какво бесплатно школство спомињаш? :toe:

Студентите, и сојузот треба да се борат за подобар однос професор - студент, да кренат глас против мито и корупција, да средат нормален однос на студентските домови кон своите студенти, да ги средат самите студентски домови, даличат на домови, не на кочини. Ама не... Европа Европа... знаеш на шо ме потсеќа протестов. Као да пуштаат вода у казанчето уште пред да се посерат за да ги чујат сите дека завршиле работа.
 
Мора да те поправам ама си грешка многу во однос на бесплатното образование. Тоа треба да го има секаде и го има во поголемиот дел од европските земји и во голем дел од американските држави иако не од сите. И тоа е убав концепт. Да речеме во америка се викаат community colleges не знам точно како да го преведам каде што има бесплатно образование и многу ниски стандарди за примење така да секој кој сака да се запише може кога сака на која и да било возраст. Се дава шанса на сите кои сакаат да си го прменат животот да можат кога сакаат да добијат нови опции.

Не е проблемот бесплатното образование проблем е целиот концепт кој се обидуваат да го наметнат а тоа е се уште државата се обидува да го контролира целиот образовен систем и се уште се бори против наместо да работи со приватните факултети.

Најдобри факултети во целиот свет се знае кои се тоа се приватните независни универзитети. Тој концепт е супер бидејќи нема газда, има партиципација од студентите (значи има влез на пари), најчесто се финансира од разни фондови (бидејќи немаат сопственик и никој не стои зад нив), а често и од самата држава. Трагично е што во македонија има само еден таков универзитет.

А пто се однесува до квалитетно образование не може да се очекува такво со 200 или 500 евра партиципација, едноставно нема услви да се понуди квалитетно образование на десетици илјади студенти и колку и да го тврдат спротивното факт е дека особено со новиот нагол прираст на студенти не може да се достави ни просечно образование.

Што се однесува до протестите се слагам делуно со тебе само ќе те исправам дека не протестираа студенти овие денови туку 60 годишни баби и дедовцисо неколку студенти најчесто членови на владејачката партија што е трагично земено дека со ваквиот пристап се уништуваат и самите студенски организации и сите шанси студентите да можат некогаш да се организираат и да ги бараат своите права. Никој веќе не сака да биде асоциран со политички партии и а има некој протест они мора први да застанат на чело и автоматски ги уништуваат истите.

Инаку не е проблем што студентите кога би протестирале (ама вистинските студенти како целина обединети) против европа ако навистина веруваат во тоа, не мора да се протестира само за студенски проблеми. Студентите се иднината на земјата тоа мора секогаш да остане запаметено, а да не спомнувам дека малку луѓе го знаат тоа (вклучувајќи и доста од тие што се преставуваат како големи историчари по форумите) дека поголемите слободи кои ние ги имаме денес се како луѓе се добиени баш благодарение на студенски протести во франција.
 
Треба и да се спомене дека Сојуз на студенти го плаќаме 200 ден год. Со тие пари имаш сендвич од седмица, цигари, и кусур ќе ми остане. А кога ова ќе се помножи со по неколку илјади студенти...:tapp:
 
Мора да те поправам ама си грешка многу во однос на бесплатното образование. Тоа треба да го има секаде и го има во поголемиот дел од европските земји и во голем дел од американските држави иако не од сите. И тоа е убав концепт. Да речеме во америка се викаат community colleges не знам точно како да го преведам каде што има бесплатно образование и многу ниски стандарди за примење така да секој кој сака да се запише може кога сака на која и да било возраст. Се дава шанса на сите кои сакаат да си го прменат животот да можат кога сакаат да добијат нови опции.

А пто се однесува до квалитетно образование не може да се очекува такво со 200 или 500 евра партиципација, едноставно нема услви да се понуди квалитетно образование на десетици илјади студенти и колку и да го тврдат спротивното факт е дека особено со новиот нагол прираст на студенти не може да се достави ни просечно образование.

Community колеџите не се бесплатни, туку се со некоја за американски услови смешна цена како 4-5000 долари годишно. Бесплатно образование во САД како концепт не постои.
Студирањето на универзитетот Freiburg во Германија чини околу 500 евра, а тоа е еден од најпознатите и најдобрите универзитети во светот. Значи, за ниска цена може да се добие добро образование, но ние не можеме да се споредиме со нив. Тие може да си го дозволат тоа затоа што им функционира даночниот систем и основа на финансирањето на образованието не е партиципацијата од студентите, туку данокот.
Како што кажа и ти, во Македонија едноставно не може да се постигне ни просечно образование затоа што целиот образовен систем веќе подолго време е на раб на пропаст и се' повеќе пропаѓа, треба од корен да се реформира, а за тоа требаат многу повеќе средства од заработените пари од партиципација и мизерниот буџет наменет за образование.
 
Бесплатно образование?? Oh please...Па уште во време на рецесија! Некој ке се влече со години на факултет на грб на државата? Не е факултет за секого, а за оние кои навистина заслужуваат да студираат а немаат финансиски услови постојат стипендии, студентси кредити и слично. Сосема е во ред да се ослободат само најдобрите студенти од партиципација, пример оние со просек над 9, ама укинување на партиципацијата е тотално лудило. Во некои држави високото образование е бесплатно, точно. Епа споредете ги тие држави со Македонија. Пази Шведска, Холандија, Норвешка итд...А за партиските бои на протестот нема што да зборувам, веќе се е кажано...

Според мене подобро образование ке се добие ако се:
1. Укине Болоња целосно, што нема да се случи.
2. Намалат приемните квоти на факултетите. Со тоа автоматски ке може да се зголемат критериумите. Не си учел во средно? Епа пробај на приватен.
3. Подобрат односите студент-професор.
 
Community колеџите не се бесплатни, туку се со некоја за американски услови смешна цена како 4-5000 долари годишно. Бесплатно образование во САД како концепт не постои.
Студирањето на универзитетот Freiburg во Германија чини околу 500 евра, а тоа е еден од најпознатите и најдобрите универзитети во светот. Значи, за ниска цена може да се добие добро образование, но ние не можеме да се споредиме со нив. Тие може да си го дозволат тоа затоа што им функционира даночниот систем и основа на финансирањето на образованието не е партиципацијата од студентите, туку данокот.
Како што кажа и ти, во Македонија едноставно не може да се постигне ни просечно образование затоа што целиот образовен систем веќе подолго време е на раб на пропаст и се' повеќе пропаѓа, треба од корен да се реформира, а за тоа требаат многу повеќе средства од заработените пари од партиципација и мизерниот буџет наменет за образование.

Грешка си за америка како што кажав зависи во која држава се наоѓаат но голем дел од нив се беспатни, а другите плаќаат некои смешни суми за прием (не верувам дека ќе се најде за над 2000 долари) што не е проблем за нив како шо не е проблем ни за нашите студнти да плаќаат по 200 евра партиципација (да бидеме реални ретко кој навистина нема пари да ги плати тие). Трошковите се плаќаат секогаш секаде.

Во Freiburg и јас имам гледано (и цената е двојно поголема ако не се лажам) и плус ма додатни трошоци но тоа не е ништо за германците да го платат. Разликата е во тоа што тоа е само еден од универзитетите во германија и не покрива 2/3 од студентската маса во државата како што покрива кај нас Кирил и Методиј. Немаше да биде проблем да има високо квалитетно образование ни во Кирил и Методиј да покриваше еден процент од студентите во земјата но да дадеш високо квалитетно обраљзование на 100% од студентите и тоа да биде на сметка на државата не може ниту една држава во светот.

А овој модел што јас го споманв функционира супер во речиси цела европа и америка... затоа и на листите за најдобри универзитети над 90% од универзитетите се такви.
 
Кога ќе се спомне бесплатно образование, јас го разбирам тоа навистина бесплатно. Дури и кај нас функционира Работничкиот универзитет Кочо Рацин кој за драстично помала сума ќе ви обезбеди релативно добро образование во струката која ќе си ја одберете. Не постои ништо бесплатно на светот.

Како и да е, ако сте биле студент на универзитетот Кирил и Методиј, ќе знаете многу добро за што студентите треба да се борат.
 
Колку е одвратно што ги вмешуваат студентиве во вакви политички пропаганди.
Ама секогаш има такви кое се залетуваат и играат како што им свират.

Eве фотки денеска што ги најдов на нет

Protest-EU-13-vt.jpg

Protest-EU-8-300.jpg

Oва во првиве редови студенти се? Вечни студенти :icon_lol:

Од вакви протести добивам нагон на повраќање.
Нели се срамат што во вакви работи ги вмешуваат студентите, а пред се средношколците?!?

Овие не се студенти туки редовни професори и асистенти. :smir:
 
Секој вистински Македонец требаше да излезе и да протестира . Какви Македонци сте па секаде се знае дека студентите се движечка сила на општеството дали сте виделе во Грција да не се согласи некој со тоа дека треба да си го смениме името? Македонија секогаш патела од предавници ќе ве колнат од гробовите тие што загина.ле за Македонија
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom