Студентски домови

  • Креатор на темата Креатор на темата *OSS*
  • Време на започнување Време на започнување
Ете пак тргнавте со тоа дека студентите се криви. За тоа дека краделе казанчиња, мочале насекаде, не ги чистеле тоалетите (во своите соби, за нив се одговорни, не за заедничките), постои ЗАКОН кој треба да се спроведува. Значи, инспекција 1 месечно, па да се види кој е во собата, дали има илегалци, дали е нешто скршено, СТРАЖАРИТЕ да шетаат и да проверуваат кој се влегува, УПРАВНИЦИТЕ да излезат од своите канцеларии. За тоа што ништо не е вложено со децении, не се тие криви. Значи треба да се средат сите студентски, да почнат ригорозно да се спроведуваат законите и РЕДОВНО да се поправа се што е оштетено. Тоа е рецептот за успех, во светот функционира, ама кај нас добиваш одговори од типот: нема пари, ај од в лето ќе реновираме, не сум јас супермен да ги фаќам бељаџиите (ова го цитирам стражарот), имај разбирање за нарушувањето на редот, студенти сте (од самата директорка на сите студентски домови).

Тачно!
Што си има мизерии студенти и сељачана и што ли не, си има стварно...неизбежно е тоа во земја како нашава. Секогаш има „хулигани“ кои се прават „паметни“, а уствари не сфаќаат колку се глупи и дека сами на себе си штетат.
Ама, добра управа не би дозволила такво нешто. Што нема организација по студентскиве - нема! Ај јас не сум бил во студентски дом, ама секогаш сум си викал....тешко на студентите што мораат да трпат престој таму. И во право сум бил. Вакви катастрофални услови нема никаде. Сум имал другари и другарки од други градови, просто жалосно и греота млад човек да живее во такви услови. Додека некој се излежава и ужива во станот, овие млади луѓе не можат ни во ВЦ да отидат затоа што ќе затечат еден тон говна.
Видов некој пиша хигиеничарка немало. Што ги кошта ете да вработат по некоја хигиеничарка?
Па чим пајацине дневно се пунат со 3.000 евра од кренати коли и пунат државна каса, неможе некој да ми каже дека месечно неможат да исплатат 50.000 за 5 хигиеничарки. Има жени кои работат тоа за 10.000ден. Па и повеќе да е, има за плати. Дневно се лупаат илјадници евра во државната каса, и тоа од сите можни страни. Не дека владава ништо не прави, прават точно и проекти и се, се трудат...ама џабе и труд и се кога најважната работа е заборавена и оставена со години.
За пензионерите услови од рајот, а за студентите ништо! Срамота е тоа....

Така да како што кажа ти другарче, една редовна контрола да се акне треба, а не чуварот да спие доле со мевот поткачен на маса гледајќи го Рони Осаливен како игра снукер на Еуроспорт кец. Отидов еднаш во Пелагонија студентскиот со другариве да се видиме со една другарка...и тој ни вика: „Од тука сте?“ Му се вртиме и му викаме - „Не“
Си тргнавме нагоре да се качиме, и не остави...не не чепна, а пак нити праша кои сме што сме... Остана да си лежи и да си брка тикет у кладилница на телетекст, зашто да го кренеш газот е голема комплицирана работа...
Господе Боже, бомба можеш да му ставиш, ќе те остаи да ја дигнеш цела зграда у воздух...

Организација 0 има. Наместо да се трошат пари на глупости, треба малце да им се овозможи на студентите барем за нијанса подобри услови.

Тоа значи:

- Реновирање на студентските домови
- Редовна неделна контрола на простории (или дневна)
- Кодекс на однесување и наплаќање за нанесување штети на инвентарот (па да видиме дали некој ќе се осмели да крши)
- Подобри услови за превоз до факултетите
- Повеќе услови за студентски информации и намалени плаќања на факултетите

Само знаеш што ме мачи? Што ова се пишува со години, ама наместо да видам нешто реализирано, јас гледам дека покрај вторник и петок, сега и сабота и недела за пензионериве имало бесплатен превоз. После на жичара е 50 ден. за пензионери, а за студенти и млади луѓе = 150ден. Така да кој ги е*е студентите, дај им на пензионерите се. И кај не можат студентите да стигнат на предавање, па уште нека се бутаат во автобуси со пензионерине и нека се маваат со компири. Кога више сакаа политика да водат и да лапаат гласови на избори од пензионерите, барем да земат нека им тупнат бесплатен превоз таму на 8ми или кога зимаат пензија. 1 ден само да биде тоа. А после тоа за викенд во ден недела (кога не се крета ниедно суштество во град и + пазар им работи). Ужас, немам коментар. Ваков идиотизам со наука не се докажува како што има кај нас. Абе не ми се ни верува за што водиме дискусија. Во светон плачат гратис ајфон за секој студент да има, а кај нас за чисто ВЦ се молиме....
ДЕБИЛИЗАМ од романите!
 
Чистачка???

Студентскиот ти е привремен престој, исто ко во хотел да седиш. Сам да не си ја чистиш шољата во хотел?
Не ме зезај, не можеш да кажеш дека требало сами да си ги чистат вецињата...

Во Гоце во двата блока секоја соба си има купатило. И тоа го чистат студентите.[DOUBLEPOST=1394782022][/DOUBLEPOST]
Ајде сега ќе се вртиме во круг со муабетиве.
Се покренува пополека иницијатива, ти си таа која не ги поддржава работиве.
За да поддржиш нешто не треба некој писмено лично да ти достави молба, едноставно читаш, слушаш шо се дешава.
Сама пресуди си дали треба ова да се поддржи или не.

Такво време сме шо многу работи се организираат преку социјални мрежи,не ни треба сега некој разгласник на тапан да тропа и да се дери по Скопје.
Повеќето работи се свртени кон интернетот, отколку кон весниците и телевизијата. Тука поголеми се шансите да се разбери работава.

Еве прочитај
http://ostudentski.wordpress.com/статут/
Од некаде се почнува, нели?

За да поддржам нешто, треба да знам што поддржувам, а ти наместо да се инаетиш, можеше веднаш да ми го пратиш линкот на ворддпрес. Е тоа е веќе барање. Тоа е веќе нешто. (y)[DOUBLEPOST=1394782527][/DOUBLEPOST]Секој мора да го понесе својот дел од одговорноста. Кога живеев во Стив, сум трчала до 4-ти спрат да најдам веце кое не е испосрано. Е тоа не го прави некој од надвор и не може да го реши некој оод надвор. Имаше чистачки, ама не можат тие да ти стојат на глава за да видат кој што прави во вецето.
Еден друг проблем е бројот на креветите. Кога студирав, имаше неколку пати повеќе студенти од бројот на легла во студентските домови. Веројатно е исто и сега. Значи, не само да се поправат постоечките, треба да се издрадат и нови домови, за да не може да се прав пазар со креветите.
 
Последно уредено:
Чистачка???

Студентскиот ти е привремен престој, исто ко во хотел да седиш. Сам да не си ја чистиш шољата во хотел?
Не ме зезај, не можеш да кажеш дека требало сами да си ги чистат вецињата...

У студентски седиш цела година,а не 3 дена ко у хотел така да споредбава ти е никаква.да не сакаш и room service у студентски :D.и у хотел плаќаш за една вечер исто ко оваму за цел месец,нормално дека у хотел ќе си има платено луѓе за тоа.
Најнормално е студентот да го чисти тоалетот у својата соба,али очигледно ги мрзи барем 2 пати неделно да изрибаат плочки и керамика.
 
Добро, ќе се пукам вколено сеа... И то во здравото, другото исто ко да е пукано.
Чекај малку, од се што најдовте се запнавте за чистачките? Значи, чистачките ги чистат вецињата по спратови што се- А и Б блок. Е сеа сигурно нема да одат по секоја соба да чистат. Крај краева за таа хигиена, ако не му смета на тој што живее внатре нека почнат и црви да се шетаат.
Проблемот е во скроз други работи, проблемот е во неодржувањето на инсталациите. Не во хигиената, хигиената е таа што е, колку може се држи. Ама кога фати влага од некоја скапана цевка во ѕид стара 40тина години... ништо не можеш да направиш.
 
Крај краева за таа хигиена, ако не му смета на тој што живее внатре нека почнат и црви да се шетаат.

Ова е малку себично.у таа соба догодина некој друг ќе седи на кој ќе му смета што никој претходно не чистел.
И меѓу сите други проблеми,хигиената е исто така голем проблем,од нередовно чистење и одржување настануваат скоро сите проблеми.и за ова,поточно за собите се одговорни самите студенти.Ги мрзело да идат до вц па мочаат у ќошови по ходници,и после влага имало,епа ќе има.
Не сум седел у ниеден студентски али бев еднаш на 2-3 дена у гоце кај другар,некаде пред 8-9 години,и ова за мочање у ќош сам сум го видел со свои очи.ете таква е културата и хигиената на студентите.
И баш затоа студентите никогаш нема да се организираат да напраат нешо.колку шо глеам по муабетиве секој студент или поранешен студент си мисли само за себе.
 
влага има од други работи, пошо не си седел, не знаеш. Али да, се дешава сето тоа, тешка сељачана има наоколу...
 
Абе дечки за вцеата си има чистачка која чисти на сабајле,е сега проблемот е што на спрат каде што седат 60 луѓе има 3-4 функционални вцеа. Некогаш се дешава и чистачките да не чистат преку викенд,е ова не можам да го разберам,демек ние не мочаме преку викенд па нема потреба да се чисти! Исто и за туш кабините, во Кузман на еден спрат има 1-2 туш кабини, во катастрофална состојба,значи се тушираш и од горе ти капе вода од влагата по зидовите. Треба да се вовоеде ред, значи си има домот хаус мајстор,па еднаш неделно нека направи контрола да види што фали,што треба да се смени. Еве на мојот спрат во туш кабините немаше светло може еден месец,значи се капевме во темница. Не ми е мене проблем да сменам светилка,ама луѓе не ми се ризикува. Вода има на сите страни. И сега гледајте, на хаус мајсторот му требаше 1 месец ( може и повеќе ) да се качи да ја смени светилката. Ко кујзнае колку да се спремал. Значи мора да се вовоеде ред за такви работи. Исто и за студентите кои демолираат,ко да не се знаат кои се. Ги знаат сите од управител до чувар. Па следната година кога ќе аплицира фино лепо одбиј го. Значи има начини да се среди се ова, ама јас сум студент,не сум вработена во службата долу во домот за јас да им се мислам за овие работи. Затоа се тие поставени тука, а не коа и да влезам се шуткаат пошо нема што да прават, на фб дремат по цел ден. Не влегле во мензата да видат дека нема прибор, дека табаките се искршени,10 здрави дали има. Не го ни виделе "менито" за да сфатат дека секој еден ден се служат истите работи. Кузман во бонската не отруја со сокови,секој ден по две комбиња истовараат,и тоа веќе не се троши толку многу. Освен сокови внатре ништо нема.
И уште мал милион работи. Проблемот е што со години се апелира да се смени нешто,секоја власт е глува на ваквите барања. Посебно оваа. Ми се чини со прст не мрднаа за студентите. Ништо. Па не ни излегоја со некоја изјава ми се чини. А ние сме таков народ што треба да се деси нешто,недај Боже,на некој цевка да му падне на глава додека се тушира, за да ни текне колку е сатот. Сега да се организираат протести едвај 200-300 души би излегле. Тоа се тие "сивите" што ги спомна некој погоре. Нема,таков народ сме,до генот е. И душата да ни ја побараат на тацна ќе им ја дадеме.
 
У студентски седиш цела година,а не 3 дена ко у хотел така да споредбава ти е никаква.да не сакаш и room service у студентски :D.и у хотел плаќаш за една вечер исто ко оваму за цел месец,нормално дека у хотел ќе си има платено луѓе за тоа.
Најнормално е студентот да го чисти тоалетот у својата соба,али очигледно ги мрзи барем 2 пати неделно да изрибаат плочки и керамика.
Не сум знаел дека имале вециња во своја соба :)
Кога сум одел во Стив имаа само заедничко веце на спратот, кое е логично дека треба чистачка да го исчисти. Слично мислам дека и во Пелагонија беше...
 
Мааната е баш у студентите за некои работи.ене кај мене шољата дома у купатило е 20 години али не е жолта или црна,плочките не се жолти или црни,умивалникот не е скршен.Значи студентиве со генерации не исчистиле шоља и плочки у студентски и сеа уште и ги сликаат.и да сменат нови за 3 месеци ќе биде исто,поготово кај што седат машки.

Иначе онаа иницијатива на фб е глупост според мене.треба да се излезе на улица,а не од дома да се пишат статуси на фб и на форуми.
Бате Јанко, готов си, те откривме кој си.
Не туку глуми лудило со тоа „студентите сами да ги чистат вецињата“ зошто за тоа има вработени кои секој први плата зимаат.
 
Во Гоце не сум бил, ама многу сум слушал за условите од колеги што престојуваат таму . Сум бил кај другари на гости во Пелагонија и Стив, од она што можев да го видам условите се навистина очајни. (n):( Но студентите таму што живеат упорно не се бунат . Зошто ? Затоа што најголем дел од нив се влезени со врски преку партија , затоа молчат, и тие места им се со партиски ургенции земени . Има еден дел од студентите како @StormRage што имаат критичка свест, но тие се малку и нема кој да ги подржи. Едноставно им велат ако не ти се допаѓа оди си, има еден куп други што ќе дојдат на твое место да живеат во истите услови и нема да се бунат.
 
Па дома не мочаат по плочките и не ги крадат казанчињата или кршат умивалниците. Оти е туѓо затоа, оти не е платено од нивни пари.
Не знам дали е туѓо.Секој месец средства одат од платата на нивните родители.Исто како и пред 20-30, тогаш од нивните дедовци и баби.Ама да пробаш да мочаш без светло, ќе промашиш некој пат дури се научиш...исто и за туширањето.
За туширање (топла вода 2 или 3 пати неделно ако фатиш термин порано) си носиш опрема - светло и црево за тушот од дома,
Собата сами си ја одржувате со цимерите - правосмукалките секогаш се во квар,
Постелнината ја носиш и одржуваш од дома - нивната никогаш не е испрана и машините им се расипани,
Лифт е нешто невозможно, а и да работат посигурно ти е по скали,
На минус 10 немаш парно зошто немало гориво - на 20+ степени во март парното цел ден уклучено.Па шверц на греалки е редовна појава, па ако некој не ја исклучил се е можно.Во читална само со јакна, онака за концентрација.

И секако дека постојат такви ‘јаки деца‘ со екстра адреналин па ќе го исфрлат на ентериерот, зошто не можат на други студенти (можат да сретнат некој поадреаналински надарен од нив).Место самите студенти да се занимаваат со нив, си постојат чуварски служби.Ама многу јак интернет + тв пакет користат, посебно навечер.Кај некои од нив на смена, за шише пиво или вино 10 души без идентификација можат да влезат.Алкохолизирање на работно место е скоро секоја вечер.Па тогаш магично ќе им текнат правилата на куќен ред и ќе се качат по собите да гњават, па ќе настанат расправии или тепачки.Подобро да не постојат ако не ја вршат нивната работа.

И уште мал милион работи. Проблемот е што со години се апелира да се смени нешто,секоја власт е глува на ваквите барања. Посебно оваа. Ми се чини со прст не мрднаа за студентите. Ништо. Па не ни излегоја со некоја изјава ми се чини. А ние сме таков народ што треба да се деси нешто,недај Боже,на некој цевка да му падне на глава додека се тушира, за да ни текне колку е сатот. Сега да се организираат протести едвај 200-300 души би излегле. Тоа се тие "сивите" што ги спомна некој погоре. Нема,таков народ сме,до генот е. И душата да ни ја побараат на тацна ќе им ја дадеме.
Еве лани после пожарот ветиле ЌЕ бил реновиран домот до септември 2013.И пази, прво напишале целосно домот, после само блокот Б.Подобро сами да запалат студентите за да можат побрзо да бидат реновирани собите.И еве пак вчера предизборно - ќе реновирале во лето

:facepalm:
 
Во Гоце не сум бил, ама многу сум слушал за условите од колеги што престојуваат таму . Сум бил кај другари на гости во Пелагонија и Стив, од она што можев да го видам условите се навистина очајни. (n):( Но студентите таму што живеат упорно не се бунат . Зошто ? Затоа што најголем дел од нив се влезени со врски преку партија , затоа молчат, и тие места им се со партиски ургенции земени . Има еден дел од студентите како @StormRage што имаат критичка свест, но тие се малку и нема кој да ги подржи. Едноставно им велат ако не ти се допаѓа оди си, има еден куп други што ќе дојдат на твое место да живеат во истите услови и нема да се бунат.

Види,јас познавам многу студенти што имаат критичка свест како што велиш ти,ама утре ако се организираат протести нема да излезат. Родителите им се вработени во државна администрација и на никој не му се ризикува.
 
Еве сега имаше некаква прес конференција, па ќе видиме каква лага ќе кажат сега.

:icon_lol:
 
Во Гоце во двата блока секоја соба си има купатило. И тоа го чистат студентите.[DOUBLEPOST=1394782022][/DOUBLEPOST]

За да поддржам нешто, треба да знам што поддржувам, а ти наместо да се инаетиш, можеше веднаш да ми го пратиш линкот на ворддпрес. Е тоа е веќе барање. Тоа е веќе нешто. (y)[DOUBLEPOST=1394782527][/DOUBLEPOST]Секој мора да го понесе својот дел од одговорноста. Кога живеев во Стив, сум трчала до 4-ти спрат да најдам веце кое не е испосрано. Е тоа не го прави некој од надвор и не може да го реши некој оод надвор. Имаше чистачки, ама не можат тие да ти стојат на глава за да видат кој што прави во вецето.
Еден друг проблем е бројот на креветите. Кога студирав, имаше неколку пати повеќе студенти од бројот на легла во студентските домови. Веројатно е исто и сега. Значи, не само да се поправат постоечките, треба да се издрадат и нови домови, за да не може да се прав пазар со креветите.

Ова е малку себично.у таа соба догодина некој друг ќе седи на кој ќе му смета што никој претходно не чистел.
И меѓу сите други проблеми,хигиената е исто така голем проблем,од нередовно чистење и одржување настануваат скоро сите проблеми.и за ова,поточно за собите се одговорни самите студенти.Ги мрзело да идат до вц па мочаат у ќошови по ходници,и после влага имало,епа ќе има.
Не сум седел у ниеден студентски али бев еднаш на 2-3 дена у гоце кај другар,некаде пред 8-9 години,и ова за мочање у ќош сам сум го видел со свои очи.ете таква е културата и хигиената на студентите.
И баш затоа студентите никогаш нема да се организираат да напраат нешо.колку шо глеам по муабетиве секој студент или поранешен студент си мисли само за себе.
Луѓе зошто упорно пак удирате на грбот на студентите и се фаќате за хигиената?
images

Дали ова за вас е нехигиена на студентите?
Дај не се прајте сосила нешо шо не сте.
Еве да споредиме со студентски дом од Љубљана.
hostel-celica-prison.jpg

Влагата, лошата изолација, старата дограма, ѕидовите, плочките, све си има век на траење.
Не можиш еднаш да вложиш пари во нешто и така да го оставиш на милост и немилост на времето, кога секоја година илјадници студенти престојуваат во него.

Студентите се дојдени за да учат, а не за да бидат хаусмајстори.
Да си ја гледаше секој својата работа, којзнае кај ќе бевме до сега.

А, студентскиот парламент место да ги брани правата на студентите, си ги брани правата на партијата.
Ветија за Гоце, лани во мај за Медицинар ко демек објавија цитирам "По изготвувањето на целокупната документација, предвидено е градежните работи да стартуваат кон крајот на годинава или на почетокот од 2014 година"

Уствари чекај, најголемиот ангажман и успех на СПУКМ беше то шо во сред јули студентските билети ги намалија на 600 денари,а од септември пак по старо.
 
Абе не ми се ни верува за што водиме дискусија. Во светон плачат гратис ајфон за секој студент да има, а кај нас за чисто ВЦ се молиме....
ДЕБИЛИЗАМ од романите!
89e46-15hzaep.gif
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom