Студентски домови

  • Креатор на темата Креатор на темата *OSS*
  • Време на започнување Време на започнување
Добро, што е финтава со конкурсот за студентски за бруцоши, не ми го отвара, пишувам таму нешто ,,тест'', а некои велат дека веќе аплицирала......
Не е пуштен уште конкурсот, барем и за мене е така.

Има мејл за технички проблеми, таму кај помош. Испратив што е работата и добив одговор дека конкурсот е активен, дека може да се аплицира, а до вечер ќе биде исправена грешката со насловот и со датумот
 
пак јас со прашања, ме фаќа паника многу работи ми се нејасни. :sick:значи ете вчера дознав дека мајка ми усвари била осигурана на работа :facepalm: шо значи ќе ја немам привилегијата за невработени родители.
1.што е тоа семејно-материјално и каде се вади? и дали некој од тие шо го направиле за социјална установа имаше проблеми кога ги даваше документите?
2. дали можам да пројдам само со потврда од плата на мајка ми пошто декларација не ми се верува да може да земе?
3. дали да го наведам татко ми како невработен затоа што него му истече тој зелен картон шо се пријавува на 2-3 месеци во завод како потврда за невработен?
 
1.Семејно материјално се вади од УЈП, ги покажува годишните приходи од сите дејности. Извади си по едно за секој член.
2.Декларацијата мора да ја имаш, не знам зошо толку запнале за оваа декларација годинава, минатата година немаше ваков документ.
3.Ако не е пријавен ваљда е невработен, ама мислам дека мораш да однесеш и потврда за невработен...нека го обнови картонот, не знам.
 
ок фала на одговорите, дур ја читав темава видов све пишале дека нема да има преелиминарни резултaти значи мора после пополнувањево на електронскава апликација да одам со документите, а сеа се видов со едни другари ми рекоа дека првин мора да чекам потврда електронска као сум примен или исполнувам услови па потоа да одам со документи, да не ми биде џабе одење до скопје, и сега како е годинава? иначе ја сум бруцош.
 
мислам дека се за секој студентски различни редни броеви. До Сабота имало 300 деца однесено документи само за Гоце.

Од каде ти е информацијата, да не знаеш случајно за Пелагонија колку однеле?:)
 
Дали документите се поднесуваат во оној студентски дом кај што сте конкурирале,или само во Кузман за сите студентски па од таму распределуваат ? Ваква информација има
 
А знај некој кога треба резултати да извадат за тие сега шо ги носевме документите?
 
Дали документите се поднесуваат во оној студентски дом кај што сте конкурирале,или само во Кузман за сите студентски па од таму распределуваат ? Ваква информација има

Без разлика во кој студентски дом сте конкурирале, документите се поднесуваат во Кузман.
 
А знај некој кога треба резултати да извадат за тие сега шо ги носевме документите?

Најверојатно некаде на 29 август ќе бидат објавени резултатите.
 
Не е битно во која зграда ќе алпицираш за Стив Наумов? На конкурсов се дадени две опции:

- Прва и втора
-Трета зграда

:unsure:
 
Не е битно во која зграда ќе алпицираш за Стив Наумов? На конкурсов се дадени две опции:

- Прва и втора
-Трета зграда

:unsure:

Прва и втора се така наречените нови згради/машки згради. Третата е женската зграда. Но во последно време не игра улога тоа машка/женска зграда. :) Кој каде најде место !
 
Дечки а кај просечен успех од диплома што треба да внесиме? Во дипломата немам некоја конкретна броја, некои ми велат да ги соберам сите 5 оценки и да делам со 5 така е ?
 
навистина како е она успех од диплома незнам шо да наведам шо да напишам дај кажете
 
Дечки а кај просечен успех од диплома што треба да внесиме? Во дипломата немам некоја конкретна броја, некои ми велат да ги соберам сите 5 оценки и да делам со 5 така е ?

Ако се земат само тие, значи не се битни оценките од 4те години. Нелогично.. :confused:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom