Студентски домови

  • Креатор на темата Креатор на темата *OSS*
  • Време на започнување Време на започнување
А треба ли да се вадат потврди од ујп и за малолетните членови? Јас имам малолетна сестра, лани за неа не доставив од ујп уверение (само потврда за ученик) и ме имаше на конечна, ама читам за оваа година за секој член требало да се извади... Некој сигурно да ми каже?

Е добро де извади и за неа , што има проблем тука. Да те вратат за 1 минута работа во УЈП.Ако не треба здравје.
 
Штотуку ми стигна инсајдерска информација. Бидејќи имало премногу студенти што место декларации за прием носеле само изјави, од министерство ќе се контактираат фирмите за да се информираат која била причината за неиздавањето на декларација.

Макар да мене многу многу не ми се верува. Можи ќе се јават во неколку фирми што ќе се повторуваат, ама сигурно нема сите да контактираат.
 
Каква е таа молба во два примерока? Нели постои една молба веќе како дел од документите? За што е таа уплатница?

Истата молба што оде во пакет со останатите документи во два примерока, едниот останува за тебе и уплати си административна такса од 50ден.
 
За нас, бруцошите активен е конкурсот за студентски ? Мене ништо не ми отвара ?
 
Рок за електронското пријавување на студентите од Iгодина почнува од 19.08.2013 година до 25.08.2013 година.http://smestuvanje.mon.gov.mk/ страната е активна.
 
Страната да, ама конкурсот не ми го отвара,веројатно уште не е пуштен
 
Во активни конкурси има нешто "тест ", можеби е нешто пробно. Следи на интернет секој ден, овие денови треба да биде електронското пријавување. Исто така и профил на страната треба да направиш доколку немаш.
 
Фала, баш тоа тест ми го отвара,но океј е, вајда ќе биде до подоцна,сепак до 25ти има време да се размисли :DD
 
Океј мислам дека ги имам сите документи, јас за секој случај сите ги испечатив два пати и ги пополнав па ако ми фали нешо да иам на лице место.
Е сеа, не знам шо ми текна последен ден, ама пошо минатото лето бев вработена, исто и ова лето сум вработена, и приходи ми излегуваат на тоа уверението од ујп, случаааајно да не ми бараат и мене од таа декларацијата за плата?? Или не би требало?
И колку време се чека од прилика?
 
ај и од мене неколку прашања. какви документи треба да однесем за моите родители за да потврдим дека се невработени?само знам тоа потврди од ујп ама дали би правело проблем тоа што татко ми е отпишан од тоа зелен картон шо го викаат, кое се заверува секој 3 месец мислам? и дали треба да однесам некој документ за сестра ми која работи и е осигурана? иначе најверојатно ќе конкурирам во стив пошто неможам во гоце затоа што сум бруцош, а за во пелагонија немам врски.
 
Јас денес бев во 10 часот немаше никој до 11. Ги предадов документите , ме вратија првпат само зашто не биле по одреден ред наредени документите :facepalm:
Останав во Кузман, околу 12 часот се створи таква гужва што чекав еден другар од 12 и 30 до 3 и 10 да предаде документите. Затоа утре биди си уште во 9.
 
Аман бе, ја околу 12:15 отидов, за 10 минути стигнав на ред.
Имаше гужва, да, ама брзо идеше редицата. Или мене така ми се чинеше?
Ете, да знаев дека си таму може ќе додадев уште еден член на листата форумџии кои ги познавам :)
 
да мораш за сестрати да однесиш документ
потврда дека е вработена со последна плата + декларација за прием на последна плата
 
Аман бе, ја околу 12:15 отидов, за 10 минути стигнав на ред.
Имаше гужва, да, ама брзо идеше редицата. Или мене така ми се чинеше?
Ете, да знаев дека си таму може ќе додадев уште еден член на листата форумџии кои ги познавам :)

Можеби и сме се виделе пред студентски на ФИНКИ ама не се знаеме:icon_mrgr:
Али мора да ги пофалам девојчињата таму колку се ефикасни. :D
 
Јас денес бев во 10 часот немаше никој до 11. Ги предадов документите , ме вратија првпат само зашто не биле по одреден ред наредени документите :facepalm:
Останав во Кузман, околу 12 часот се створи таква гужва што чекав еден другар од 12 и 30 до 3 и 10 да предаде документите. Затоа утре биди си уште во 9.

Кажи ко така како да ги наредам за да не ме вратет :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom