Студентски домови

  • Креатор на темата Креатор на темата *OSS*
  • Време на започнување Време на започнување
^ вечна дилема за сите објавени рокови :D , ама најверојатно е вклучително со 20ти
 
^ ќе те вратат, ако неможеш да ја извадиш ни од фирмата ни од ујп, таму коа ке одиш на лице место пишуваш изјава некоја си во врска со декларацијата. Ама гледај да ја извадиш оти после мислам дека џабе ке пишуваш изјави-мизјави они нема ни да почнат да ги прегледуваат останатите документи ако нешто ти фали.

Фирмата не сакала да издаде декларација. Ајде ќе видиме што ќе биде со изјавата :)
 
Во Гоце и Кузман нема да можеш да аплицираш. Го нема како опција за бруцошите, освен ако оваа година нема некои измени. Доколку нема измени можеш да аплицираш во некој друг дом, а потоа ако имаш добри врски да се сместиш во некој од овие два.

Врски има, може да ми објаснеш процедурата како е, како иде префрлувањето?
 
Врски има, може да ми објаснеш процедурата како е, како иде префрлувањето?

Џабе ти врски ако се пополнат местата.
Ако планираш во Кузман да седиш ако не се вселиш до 15ти , после шансите се минимални, многу минимални. Нема процедура за префрлање , едноставно ако има слободно место на тебе да ти го дадат. А плус што велат дека ќе биде малку стегнато оваа година врските стварно треба да ти се добри.
 
Колку се плаѓа месечно во „Стив Наумов“?
 
На први ли е најдобро да се вселам? За да не ми го земат местото? Пошто знам и за такви случаи.
 
Kje mozhe nekoj od iskustvo da mi gi sporedi uslovite vo Pelagonija i Stiv..............
 
А треба ли да се вадат потврди од ујп и за малолетните членови? Јас имам малолетна сестра, лани за неа не доставив од ујп уверение (само потврда за ученик) и ме имаше на конечна, ама читам за оваа година за секој член требало да се извади... Некој сигурно да ми каже?
 
А треба ли да се вадат потврди од ујп и за малолетните членови? Јас имам малолетна сестра, лани за неа не доставив од ујп уверение (само потврда за ученик) и ме имаше на конечна, ама читам за оваа година за секој член требало да се извади... Некој сигурно да ми каже?

кој ебани приходи ќе ги има ако е малолетна... не зезај, потврда за редовен ученик, од ујп земаш за даноци ау
 
Kje mozhe nekoj od iskustvo da mi gi sporedi uslovite vo Pelagonija i Stiv..............

За Стив не знам, ама во Пелагонија седев минатата година и можам да ти кажам дека не е лошо (само да не си на технички факултет... оти тогаш е лошо). Собите се добри, во секоја соба имаш вц, и сте четворица цимери. Имаш добра читална, климатизирана, со средна големина. Е сега има еден проблем со јадењето. Добро е јадењето не дека е лошо, но се чека многу време, се прави огромна редица, ич не се организирани. Лани првите 10 во редицата јадеа компири и стек, а од 11-ти натаму ориз и виршли. Значи има многу мала залиха на храна... Друго, бонската продавница работи многу малку време и исто се ствара голема гужва. Таму ако не си во првите 5 нема ништо да земеш освен смоки. А и цело зимо се бањавме со ладна вода, топла има наутро до кај 10, а некогаш немаше ни тогаш. Ти кажувам јас како сум прошол, а кога видов какви се другите студентски домови, заклучив дека Пелагонија е најдобар.

П.с: Најбитна работа да ти се погодат цимерите.
 
Каква е таа молба во два примерока? Нели постои една молба веќе како дел од документите? За што е таа уплатница?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom