Студентска Берза

  • Креатор на темата Креатор на темата Брокер
  • Време на започнување Време на започнување

Брокер

Broker of the Year
Член од
25 јули 2009
Мислења
1.227
Поени од реакции
257
Не знам колку сте запознаени со студентската берза во Македонија, многу немаат пари да инвестираат, оваа берза е наменета за сите студенти, кој што сакаат да инвестираат, се разбира парите се фиктивни, но берзата е реална, па секој кој што сака да проба, слободно нека се регистрира на http://www.studentskaberza.com.mk, за сите оние кој што ќе успеат да направат поголема сума на пари и поголем обрт на пари, следуваат награди, во продолжени ќе ги копирам правилата за учество на берзата, се надевам дека на оваа тема ќе се развија дискусии, и некој од студентите доколку е успешен ќе продолжи да тргува но со вистински пари.



На секој регистриран учесник во СБ ќе му стои на располагање фиктивен износ од 500.000 денари со кој може да ги купува единствено следните хартии од вредност кои што котираат на Официјалниот Пазар на Берзата:
Алкалоид АД Скопје (АЛК),
Бетон АД Скопје (БЕСК),
Гранит АД Скопје (ГРНТ),
ЗК Пелагонија АД Битола (ЗПКО),
Комерцијална Банка АД Скопје (обични акции-КМБ),
Македонијатурист АД Скопје (МТУР),
Макпетрол АД Скопје (МПТ),
Макстил АД Скопје (СТИЛ),
Охридска Банка АД Охрид ( обични акции-ОХБ),
Реплек АД Скопје (РЕПЛ),
РЖ Услуги (РЖУС),
Скопски Пазар АД Скопјев (СПАЗ),
Стопанска Банка АД Битола (обични акции-СБТ),
Топлификација АД Скопје (ТПЛФ),
Фершпед АД Скопје (ФЕРШ).

Учесникот во проектот СБ ќе може да склучи трансакција со определена хартија од вредност единствено под услов со неа на тој ден на тргување на Берзата да се оствари промет (без блок трансакции) од најмалку 50.000 денари. Доколку на денот на тргување со одредена хартија од вредност се склучила само блок трансакција, во тој случај со таа хартија од вредност ќе се тргува по просечна цена од последниот ден на тргување, по горе наведените услови (промет од 50.000 денари, без блок трансакции).
На крајот на секој месец Берзата ќе ги вреднува портфолијата на сите учесници во СБ. При вреднувањето на портфолијата ќе се користат официјалните просечни цени на хартиите од вредност, од последниот ден на тргување со истите.
Притоа, мора да биде исполнет и условот со кој, минималниот обрт на фиктивниот износ со кој располага учесникот во тргувањето на СБ во тој месец да изнесува најмалку 2.000.000 денари при купување и продавање акции.



Пример 1: Купувате акции, при што вложувате 200.000 денари. При нивната продажба остварувате 250.000 денари. Вашиот обрт во тој момент изнесува 450.000 денари.
Пример 2: Купувате акции, при што вложувате 200.000 денари. При нивната продажба остварувате 100.000 денари. Вашиот обрт во тој момент изнесува 300.000 денари.
Тргувањето со хартиите од вредност ќе се одвива секој ден со следниот распоред:
Понеделник
• Почеток на тргувањето: 16:00 часот на денот на тргување (понеделник)
• Крај на тргувањето: 09:00 часот следниот ден (вторник).
Вторник
• Почеток на тргувањето: 16:00 часот на денот на тргување (вторник)
• Крај на тргувањето: 09:00 часот следниот ден (среда).
Среда
• Почеток на тргувањето: 16:00 часот на денот на тргување (среда)
• Крај на тргувањето: 09:00 часот следниот ден (четврток).
Четврток
• Почеток на тргувањето: 16:00 часот на денот на тргување (четврток)
• Крај на тргувањето: 09:00 часот следниот ден (петок).
Петок
• Почеток на тргувањето: 16:00 часот (петок)
• Крај на тргувањето: 09:00 часот следниот ден (сабота).
Сабота
• Почеток на тргувањето: 16:00 часот (сабота)
• Крај на тргувањето: 09:00 часот следниот ден (недела).
Недела
• Почеток на тргувањето: 16:00 часот (недела)
• Крај на тргувањето: 09:00 часот следниот ден (понеделник).


* преземено од http://www.studentskaberza.com.mk,
 
Јас одамна пробувам да се регистрирам ама никако да успеам. Дај кажи што, како.
Да не мора да се регистрираш кога почнува новиот циклус ??
 
Јас одамна пробувам да се регистрирам ама никако да успеам. Дај кажи што, како.
Да не мора да се регистрираш кога почнува новиот циклус ??


А дали од кога си се регистрирал и кога ти пишува дека немаш се пополнато, дали си пробал да се логираш?
 
регистриран сум али неам влезено одамна, последен пат имав околу 880.000
 
Петтиод циклус на Проектот “СТУДЕНТСКА БЕРЗА” ( во понатамошниот текст СБ) започнува од 01-ви Октомври 2009 година и ќе трае до 31-ти Мај 2010 година.
OK се убаво ама некоја информација кога ќе биде следниот Шести циклус?
Од овој циклус остануваат уште недела дена.
 
Добро се регистрирав и се тоа али шо е штосов коа кликам на "резултати"....ми дава резултати за месец 11-2009...значи ништо не е ажурирано цели 3 месеци???



Мислам дека нема врска, оди во моментални резултати, и ќе се најдеш самиот, колку и каква трансакција си извршил.

OK се убаво ама некоја информација кога ќе биде следниот Шести циклус?
Од овој циклус остануваат уште недела дена.



До 31 мај е овој циклус, потоа се доделуваат награди за најдобрите, и не знам за следниот циклус, ти пробај како ќе ти оди тргувањето, па за да си спремен за шестиот циклус.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom