Струмица

Шо бива бе Струмичане изгубиите се нешто .. нема ве да пишате..живи ли сте ?
Јас цел сум скршен од вчера... отепа ме времето, одамна не бех така трчал :smir: Нема ништо ново за тава никој ништо не пише, се е таа па е таа.
 
как беше резултато и ако не вие тешко кажејте кој и кој играјаате
 
как беше резултато и ако не вие тешко кажејте кој и кој играјаате

Тим 1
1. Jas
2. EnergieNo.1
3. LoGiX
4. Alien_Sr
5. Sr
6. не ми текнува ка му беше нико

Тим 2
1. Hacket_Man
2. KINDER
3. BoR4e
4. Xfire
5. John Galt
6. Vane_milkov

мислам оти така бее тимовте... нии водааме 3:0, ама измајаа не после :pos2: 10:6 за Тим 2:jaj:
 
Речник струмичко-македонски и обратно. :)

’, А, Б

’’ - што?
’цка - ика
А - што?
Аааа - навистина?
А-аа - потврдно ДА
Аајт - извик
Ава - воздух
Аз`р - готово,спремно
Ајанасана - бре мајката!
Ајг’р - нескопен коњ
Ајљак - без обврски, задолженија
Ајмана - слободен
Ајнаџии - мрзливец,турцизам го употребуват бежанците, а се употребува за оние кои ништо не работат.
Алајка - слугинка
Ала франга - според француски образец
Албабани - се употребува за изразување на некаков вид лакомост
Алтобус - автобус
Ам’лк - амалска работа
Ам’салак -
Ангаже - прошетка под рака
Антарии - кошула
Анџ’к - имено, штотуку
Апсаздан - одненадеж
Аргаванљии - виолетова боја
Аресе - бендисува, допадливо
Арл’к - отвор, дупка од механичко потекло
Армас - веридба
Асии - лош човек
Ачик - отворен
Б’’- болва
Б’рбат - извалкан
Б’рсаци - фарбели(Битолско наречје),карнери
Бабалар - нешто големо
Баја - многу
Бајмак - смотан, наивен
Бактиса - здодеа
Балгам - шлајм
Балтии - секира
Балтон - зимски капут
Басамак - скала
Башак - кочан пченка
Бежанци - лица од Егејска Македонија населени во Струмица после Балканските војни
Бизељ - грашок
Бијам - изглед
Бичкии - рачна пила
Бишка - свиња
Бој - сукна
Брунка - мозолче, кожен израсток
Бубаќ - памук
Булмаџа - белузлави налепи на грлото кај доенчиња
Бунела - вилушка
Бурсук - јазовец

В, Г, Д, Ѓ, E, Ж, З, Ѕ, И, Ј

Варка - брза
Варканик - набрзина
Виран - расипан
Виранл’к - расипан човек, лош човек
Вљечки - летни папучи
Вонка - надвор
Вр’тица – прозор
Врзонка – врвца
Г’рг’ленки - измет од овца
Гуничка - брканица
Гудишка - скокотлив/а/о
Гурди - гурделки
Д’лгн – папсан
Д’нг’лак - висок и глупав човек
Далдис’н - занесен,отсутен
Даабетер - ептен лошо, заникаде
Дибидус - ептен, со се
Диско - послужавник
Дотка, дода, доо (Снеже) - постара сестра
Дуд’ље - мокар до гола кожа
Душеме - дрвен под
Ѓети - плетени чорапи
Ѓиризо - празно тесно место меѓу две куќи кај што се слива вода од кровот
Ѓољ - локва, бара
Ѓурлутии – галама
Ељ’м –
Енус - скоро, само што
Жвака – мастика
З’нк - вид игра со карти
Заваљ’н - запален оган или легнат во кревет
Загуљ’н – смотан
Закаре - го поведе со себе
Замански/а/о - стари/а/о
Зашупа – фрла
Зерде - благ специјалитет од ориз кој се служи за Тримери
Ѕ’нѕ’рљии – кајсија
Ѕенѕ’ш - тапка во место ( игра )
Ѕиври - долги гаќи
Ѕифка - подбуцнува
Иљинџе - си гледа сеир, мајтап
Јагур’да - ситно грозје
Јадранки - вид чевли,апостолки

К, Л, Љ, М, Н, Њ

К`ч - фалба
К’лчуне - плетени волнени чорапи
К’вл’к - џезве
К’рдисува - се залисува од смеење
К’шта - куќа
Калимана - кума
Калкавура - нешто тешко и големо
Калпазан - трапав човек
Кација - лопатка за вадење пепел од огништето
Клинче - стои во место
Кљунк - одводни цевки од печка на дрва.
Кок’л - коска
Колај - решение
Колба - белезика, нараквица
Крушница - измет од птици, во струмичкиот најчесто се мисли на измет од кокошка.
Кувет - животна сила
Кукона - дотерана мома (лична како кукла)
Кукуратка - кочан од пченка или семе од елка
Кунисе - биди мирен, молчи
Курбина - кора од лубеница
Курдела - машна
Курдисе - се наместува,се дотерува
Л’стегарка - стап за тепање
Лангиди - мекици
Ликсур - стрвен
Љимонт’б’тљии - лесно се лути, навредува
М’ркуч - црево
М’ска - грмотевици или многу јаде, пие
Маљее - извик за негодување
Маљемате - заткулисни игри
Мајнаџии - ништо не му се допаѓа
Манок - некој кој се прави фраер,паметен...
Маџун - слатко од грозје
Ментеше - шарка
Минд’ље - бадеми
Мискимбре - растение здравец (ставен во домашно приготвено слатко)
Мишка - пазув
Мрфка - парче месо
Мутл`к - сигурно,бездруго!
Муу - мува
Н’лне - дрвени кломпи
Напкум - подоцна
Нас’ј - навистина
Наф’ка - ксмет, судбина

О, П, Р, С

О’лн - бре (турцизам)
П’тп’дак - низок човек
П’рваз - дел од прозорец
Панаѕат - повторно назад
Пандуфљи - папучи
Патати - компири
Пачавица - долен дел од ногавица
Пејачка - помен на умрен
Пелте - вид на слатко
Перде - завеса
Перчик - прамен коса
Питељка - петлица
Пичетка - марамче
Постима - насока,патека
Прегач – ткаена волнена престилка
Прекард’ши - ја претера
Пулвер - џемпер
Пупи - колачи
Р’м - вид игра со карти
Р’пљ - навредлив збор за селанец
Р’цели - вид на домашно приготвено слатко од тиква, грозје без семки, млад патлиџан
Расотка - прошетка
Рејс - автобус
Риза - крпа
Ронка -трошка
Рошав - разбушавен
С’ир - панаѓур;се сити на смешна ситуација (си гљеда с’ир)
С’к’н - аман
С’м’лк - штала
Саалам - здраво, добро
Салтанате - обичаи, навики
Самси - ромбоидна форма, шара
Секир’м - сум загрижен
Си врева - си збори
Сичко - се
Сиџим - конец
Скама - сапуница
Стига - престани, застани, сопри
Сукудела -
Суњендаре - мразулци
Суптисаа - растурија

Т, Ќ, У, Ф, Х

Такрафате - ситници
Тин’кии - ламарина
Тифирич - отворен ветровит простор Тортоп - ујде да дојде; нема више Пероо, го зеа ;)
Точ’к - велосипед
Туртулак - измет од говедо
Ќирљиво - гнасно, нечисто
Ќирфии - клинец, шајка
Ќитка -цвеќе
Ќутук - сечено дрво што не се цепи
Удунат - во другата соба
Ујдисе - одговара или најди
Ујун - форма, облик, начин
Ушаф - компот
Ф’ртуна - летало, змеј
Фанела - долна волнена маица
Фасуљ - грав
Фиљан`кишии - едикојси..?
Фљонга - панделка
Френки - домати
Фрча - четка
Фудаа - соба
Фуркета - шнола
Фуста- долна женска облека ( плетена од волна )

Ц, Ч, Џ, Ш

Цреп - саксија
Ч’кор - многу ладно
Ч’крдек - семка, коска од слива,цреша,кајсија
Ч’п’ратка - помала гранка во вид на буквата У и децата го користеле така што на разграноците врзувале ластик со кој мавале со камења најчесто по птиците.
Ч’рвиш/Червиш - сос остаток од јадење
Ч’рпак - длабока лажица за ставање течно јадење
Чааб’џак - слабо завршена работа
Чикич - чекан
Чименто - бетонска подлога (двор, ходник...)
Чинѓељ - закачалка, кука
Чинува - дуполнителен глагол у струмичкио дијалект
icon_smile.gif
значењето моо работа
Чипиш - низок човек,мало дете
Чишит - необичен, несекојдневен, чуден
Чомка - лимена чаша
Чоп - пенис
Чумулига - вид летало направено само од хартија.Исто се употребува како погрден збор за жена мераклика
icon_smile.gif

Чушки - пиперки
Џ’нгрлашка - тропалка
Џаде - пат
Џибиринки - чварки
Џилетка - потенок џемпер на закопчување
Џиџитка - ептен ново, тазе
Џ’рџанаци - тестиси
Џуап - да се справиш со одредена ситуација
Шамандосан - изветреан
Шарвета - марама
Шартар - фиока
Шеј - предмет
Шмита - шета
Шпирто - кибрит


дечко, тебе ти треба хоби :)
 
дечко, тебе ти треба хоби :)
А на тебе ти треба разум, за да разбереш оти треба да си без разум за да пишуваш сам такви работи, а очигледно јас сум ги копирал, значи имам разум и така натама...:helou:
 
10-7 беше не крадејте=)
Сепак не беа рамноправни силите на теренот,ка бееме 6 на 6 водааме,ама влезе од кај вас играч повеќе и обрнаате га играта,а ни немаме сили повеќе =).Јас уште сум окочен целио.Се надевам дека до другио викенд ке се оправам па пак да се истрчаме.:pipi:
 
А на тебе ти треба разум, за да разбереш оти треба да си без разум за да пишуваш сам такви работи, а очигледно јас сум ги копирал, значи имам разум и така натама...:helou:

ти треба да се опуштиш, зашо ако бев сериозен во тоа шо го кажав ќе употребев друго смајли, на пр :tapp:, кажав на шала

peace :)
 
Да да... затава не се дишаше у глобал од народ. Пно беше. И сум забележил се повеќе и повеќе деца идат по 5-6одд. врии од деца мислаш некоо градинка има горе или па им дават бонбоне :icon_lol:
У петоко вечерта флезех првпат у тва тројката и тва ке мее последен пат...од цел кафич само јас имаах лична карта...
 
10-7 беше не крадејте=)
Сепак не беа рамноправни силите на теренот,ка бееме 6 на 6 водааме,ама влезе од кај вас играч повеќе и обрнаате га играта,а ни немаме сили повеќе =).Јас уште сум окочен целио.Се надевам дека до другио викенд ке се оправам па пак да се истрчаме.:pipi:


Толку ли сте изморени-отепани бе ....тава ниш не беше :vozbud:
ного сме јаки значи 10-7:vozbud:имааме ного јак стрелец HaCket MaN
другата недела па да се погоде време па ке ја напрааааме саа само покасно:vozbud:
 
У петоко вечерта флезех првпат у тва тројката и тва ке мее последен пат...од цел кафич само јас имаах лична карта...
И шо сакаш да кажaш за тројката со тва оти само ти си имал лична карта..?:) Демек сите се малечкаре само ти возрасен или...?:)
 
De be de be .. si ima i povozrasni decki i devojki so... maleckarto odat tama za tva da cukat kak hokej so e haha
 
Толку ли сте изморени-отепани бе ....тава ниш не беше :vozbud:
ного сме јаки значи 10-7:vozbud:имааме ного јак стрелец HaCket MaN
другата недела па да се погоде време па ке ја напрааааме саа само покасно:vozbud:
Јас сум сокршен како некој со стап да ме мајал, неможам да одам, се ме боле, не бех играјал ного одамна на такво (професионално) ниво :) Ако се собераме во саб/нед пак би дојдел. Резултато заврши 7-10 за вас. :salut:
 
И шо сакаш да кажaш за тројката со тва оти само ти си имал лична карта..?:) Демек сите се малечкаре само ти возрасен или...?:)
Сакам да кажам оти најголемио шо го видех беше осмо оделение...и ного ретко забележуваах по некој прва година...ако си бил ваљда знааш
 
Сакам да кажам оти најголемио шо го видех беше осмо оделение...и ного ретко забележуваах по некој прва година...ако си бил ваљда знааш
Е незнам јас ко одам има нормален народ од 1ва до 4та година... има и некој по 25-30 години мош баш ти ко си ојдел е имало баја малечкари:):).
Енерџи нем така за хокејо бе... ко чекаш да се ослободе и хокеј ќе играаш :):):).
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom