Струмица

Сите протестират за Заев, а за клубо ги боле куро, а сите се праваа навиваче ......... :toe:
 
Па тва ти е не само струмички , тука општо македонски менталитет. Додека беше Огражден или Полотрејд со слаба екипа , по 100 души одаа на утакмица, а после сите се тама. Е...ти народо, се мора да е нај нај:nenene:
 
За сите сите? Ај молим те, гледам оти на Бонева и на Киро Јанев, шо половина Струмица га искраде ги/го бранаш како да си му син, ЗЗ пишуваш, као демек, понижувачки е да напишеш ЗОРАН ЗАЕВ, а? :) За протестите... биди сигурен оти никој неможаш да спречаш да си го каже своето, демократија е дечко, секој има право.

Демократија? Викаш демократија е да блокираш патот и на некој да не му даваш да си го користи правото на слобода и слободно движење?
 
Сите протестират за Заев, а за клубо ги боле куро, а сите се праваа навиваче ......... :toe:

Е таа е... толко од прволигашка кошарка у Струмица. Ама раководството е криво, наместо да направаше здрава младинска школа шо ќе го одржува клубо у живот они трошаа огромни пари за играче. Таа е... спорт на кратки патеки. Никој не мислеше как ќе биде у иднина.
 
Демократија? Викаш демократија е да блокираш патот и на некој да не му даваш да си го користи правото на слобода и слободно движење?

Бреј. А ка штрајкуват некои работници од некои државни фирми и ка блокираа патишта???
Плус, тва е времено. Ем 2-3 саата дневно ке биде, ем додека да го пуштат. Шо брзо ке биде:salut::helou:
 
Има ли нешто ново за градоначалнико? кажаа ли нешто? слушам утре ке имало мирен митинг на центаро или.. ?
 
Видејте сега, знааме дека сите сме поврзани со некоја партија ама не треба толко ОПСЕСИВНО затава шо политичарите отсекојпат си го п'ниле џебо и така ке продолже да биде...Ама Зоки си е сам крив заташо шо он ного почна да се испуште, фирми купува, џипове од 200.000 евра и не знам ти шо друго не купил...Така ако прават сите политичаре сите ќе се у затвор, не треба толко да покажуват на јавноста колко пари имат и шо се купиле...Ама тава е тава...Така да јас ви викам не се замарајте дали ке го затворат или ке го пуштат, ако е крив нека го затворат, ако не е нека го пуштат тава е мојто мислење...Оти и да го ослободат он пак може да биде градоначалник пак да си пне џебо, а ако не го ослободат неговата фамилија ќе ги троше тии пари така да исто ни се фаќе на нас обичните луѓе...:toe::toe: И тава шо го направи за градо не го направи бесплатно, го направи оти имаше некој ќар од сите тие прокте шо ги оствари, а не верувам дека се биле малце пари...А слушам нешто денеска демек Комуналец ке го фрлале ѓубрето низ градо и нема да го чистиле точно ли е тва? Ако е точно тогај се ного глупи оти на крајо пак они ќе го чистат нема јас да го чистам или некој друг, јас ке си исчистам пред мене нема цел град да го чистам, секој си гледе за себе на денешно време нели е така?
 
Ај доста политика. Дај некој друг мабет...

Пр... Ае баскет некој ден??
 
Почитувани граѓани на Македонија,

Деновиве Струмица требаше да слави. Деновиве нашата Општина и Градоначалникот Зоран Заев требаше да ја добијат престижната награда на Советот на Европа, Европската агенција за реконструкција и развој и УСАИД за досегашната работа, или поточно за првата успешна реализација на проектот – приватно јавно партнерство во изградбата на Градскиот пазар „Глобал“.

Но, наместо да славиме и да се радуваме ние струмичани сме револтирани и протестираме. Наместо пример за останатите Општини и градоначалници во државата, Струмица е прогласена за гнездо на незаконието и криминалот, а преку спектакуларниот чин на приведување, нашиот Градоначалник и неговите соработници добија третман на најголеми криминалци и терористи.

Фактите што веќе три години станаа дел од колективната меморија во Македонија - дека Струмица е првата општина со имплементирани ИСО стандарди; дека Струмица е град со најразвиен граѓански сектор, дека Струмица е најперспективен и најчист, најубав и најбезбеден, најспортски, најкултурен и уште многу „нај...“, што Струмица ја прават најевропски град во Македонија, преку ноќ ги снема. Истовремено и функционирањето на целата општина е блокирано, а доведена во прашање и реализацијата на голем број од тековните и новите проекти на повеќето граѓански и други организации од Струмица и регионот.

Затоа, ние претставниците од Сојузот на граѓанскиот сектор од Струмица, со најискрени намери и чиста совест реагираме и протестираме против селективниот пристап во спроведувањето на законските прописи кои ја регулираат оваа материја, без да се почитува начелото на пресумпција на невиност со што директно се кршат човековите права. Во таа рамка, ние конкретно реагираме и протестираме и против донесувањето на најновата судска одлука со која на Градоначалникот Зоран Заев и на неговите соработници, им беше одземено законското право да се бранат од слобода. Начинот на кој беше направено сето тоа кај сите нас, но и во пошироката јавност, остави голема доза на сомневање и незадоволство.

Со овој протест, ние претставниците од Сојузот на граѓанските организации во Струмица, најавуваме серија на активности и мерки со кои пред целокупната домашна и странска јавност ќе покажеме дека нема да потклекнеме пред неправдите и узурпирањето на човековите права, што во последно време стануваат наше секојдневие. Во оваа пригода сакаме да Ве повикаме и сите вас, граѓаните на Република Македонија - без разлика на политичката, верската и нацоналната припадност, да ни се придружите и заеднички да се спротивставиме на сето она што ја деформира демократијата во Македонија и го кочи развојот на сите нас.

Активностите на нашиот Сојуз започнаа на 28.07.2008 година преку организирање на мирни протестни маршеви, а продолжуваат континуирано и во наредниот период. Денес, со почеток во 20.00 часот ги повикуваме сите граѓани на протестен митинг во Струмица.

Ние одлучивме:

- НЕМА ДА МОЛЧИМЕ и НЕМА ДА ТРПИМЕ

- ОСТАНУВАМЕ НА СТРАНАТА НА ВИСТИНАТА И НА ПРАВДАТА

- НИЕ ЌЕ БИДЕМЕ ВИСТИНСКИ ДЕМОКРАТИ


Повелете, придружете ни се !

Сојуз на граѓански сектор

Струмица
 
Демократија? Викаш демократија е да блокираш патот и на некој да не му даваш да си го користи правото на слобода и слободно движење?

Нели е исто? Па и тии шо протестират го имат истото право, само шо тии шо протестират ако виде завчера и вчера колку беа, ќе се помислеш малко дали безвеза се тама.
 
Добро нели гледате оти секој си тегле накај својта политичла определеност? Џабе се расправате ка никој на никој не може да убеде.
 
Другар, сега баш и не се работе за политичка определеност, никаде не викат "СДС" (само Гвујо педер!) :) туку сите се излезени заради Зоран Заев, народо престанува да се плаше, толко ного народ немам видено ни на митинг, а исто вечер се очекува најмасовен протест.
 
Браво напредуваме, нека расфрле комуналец ѓубрето низ улиците, ќе ги гонам со пушка ако ми растурат пред куќата.
 
Браво напредуваме, нека расфрле комуналец ѓубрето низ улиците, ќе ги гонам со пушка ако ми растурат пред куќата.

Нема да расфрле никој ништо, осетии оти градо засмрде целио, почнаа да го дигат ѓубрето.
 
До понеделник НАЈКАСНО ке го пуштат.:helou:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom