Џиш, ти си бил Икономик
Како и да е, твојава варијанта е малку поскапа и зафаќа поголеми градежни работи, од типот на монтажа на ГК-плочи (а што вклучува интервенција и во под и плафон [ако најдам време, ќе скицирам детал на надворешна интервенција во врска со под и плафон, и интервенција која вклучува измена на постојната структура на спомнатите елементи] ко ќе видиш, скапичко ќе му дојде за вежбање на банд во соба). Даље, работава е да се постигне ефективна ЗВУЧНА изолација, како екстерна и додадена на постоечката структура на ѕидот... варијантата со сендвич-ѕидот со пресован стиропор и тервол е погодна за во нормални средини. Исто и со панелите стаклена волна Tervol Acoustic - овој тип на изолација навистина има подобрени акустични својства, но повторувам - за нормални средини, а не за специјални случаи. И верувајте, повторно нагласувам опасно е надворешно и незаштитено поставување на стаклена и железна волна.