Mj
Маестро
- Член од
- 25 јануари 2008
- Мислења
- 754
- Поени од реакции
- 212
Мислам дека правилна одлука е што ќе има ваква тема за да не им се мешаме на билдерите во другата. Значи кратко и јасно, тука ќе разговараме за спортовите за сила наведени во насловот. Ќе разменуваме лични искуства, совети за исхрана, тренинзи, техника при изведба на кревањата и сл, ќе разговараме за успешните луѓе во овие спортови. Таман и World Strongest Man започнува наскоро па ќе се обидам да постирам клипови и резултати од натпреварувањето. Освен лични ќе се обидам и да ви пренесам искуства на други кревачи на тежини кои што ги познавам и контактирам кои имаат доста добар успех. Дискутирајте.