Стразбур пресече, „Радко“ победи...Ќе пресуди ли народот?!

  • Креатор на темата Креатор на темата TpH_Bo_OkO
  • Време на започнување Време на започнување
МИА
17.03.2006 00:00
Апелацискиот суд во Скопје двојно ја зголеми казната на напаѓачите врз новинарот Спасе Шуплиновски.
Со пресудата што судот ја донесе на 9 март годинава на членовите на здружението „Радко“ Јован Стојановски од Скопје и Александар Марковски од Охрид кои, дури по цели пет години, од Основниот суд Скопје 1 беа осудени на по три месеци затвор, Скопскиот апелациски суд им ја зголеми казната на по шест месеци затвор, а врз основа на жалбата на јавниот обвинител.
Стојановски и Марковски го нападнаа новинарот Спасе Шуплиновски кој известуваше од промоцијата на здружението „Радко“ на 27 октомври 2000 година.
Уставниот суд на Македонија судската регистрација на здружението „Радко“ ја прогласи за ништовна поради програмата на здружението во која, оцени судот, има елементи на рушење на уставниот поредок.
Море по 1 година да ги ропнат во затвор да чистат клозети таму не ќе биде лошо..
 
Море по 1 година да ги ропнат во затвор да чистат клозети таму не ќе биде лошо..

Спасе Шуплиновски си умре(бог да го прости),а сега со најновава одлука на судот во Стразбур кој знае што ќе му се случуваше доколку беше жив.:toe:
 
Јас сум класичен пропагандист кој ќе остане без дневница благодарение на Серпико
Уште еден мој обид за фин муабет заврши неславно.
Баниран од тема.
 
5.000 evra, super. Dogodina pak i taka..sekoja naredna, no ashh registriranje. Sto e toa za nasiov budjet. :helou:

ова е барем лесно, ќе се договориме од форумов, ќе плукнеме сите по еднаш на улица и за еден ден ќе им собереме 5000 евра
 
Сите бларчета трубеа за ОМО дека имале подршка од Македонија и работат за туѓи интереси, а тоа што РАДКО има јавна подршкаод Бугарската влада ни збор да речат.:toe:
 
Ми Кумановци знаете ли како велиме Ке добиев ручку од тупан
 
А бе арно рече Воне погоре...дај однапред да си платиме, па да не читаме глупости по весниците.:)


Сиромашна ми е ваква тема без Гаро...:)
 
Македонија го загуби спорот со „Радко“ во Стразбур
BFACFD2AB131AC4BA2E71DD93D9892CD.jpg

Претставувањето на здружението „Радко“ во Скопје помина со инциденти. „Радко“ тврди дека Македонците се Бугари
Државата треба да му плати отштета на пробугарското здружение од 5.000 евра
Од нашиот дописник
Тони Гламчевски

Стразбур - Македонија ја повтори грешката на нејзините први соседи - Грција и Бугарија со одлуката за распуштање на здружението „Радко“, бидејќи со таа одлука, како што пресуди Европскиот суд за човекови права, го прекршила членот 11 од Европската конвенција за правата на човекот, кој се однесува на правото за слободно здружување.

Ваквата одлука на Судот од Стразбур не е изненадување. Здружението „Радко“ и неговиот претседател Борис Паунковски, кој има македонско и бугарско државјанство (факт нагласен во текстот на пресудата) се обратија пред Европскиот суд за човекови права за да ја оспори одлуката на Уставниот суд на Македонија со која беше распуштено здружението на 21 март 2001. Во постапката што ја водеа против Македонија во Стразбур, жалителите официјално беа поддржани од бугарската влада.

Присуството на претставникот на бугарската влада, која се појави како заинтересирана страна во случајот „Радко“ против Македонија, покрај адвокатите на здружението, не беше случајно. Тоа, без сомневање, е доследно продложување на политиката на Бугарија за негирање на идентитетот на македонскиот народ. Имено, меѓу целите на здружението беше запишано дека сака да ја промовира културната и револуционерната борба на Бугарите од Македонија и „бугарскиот карактер“ на Словените од Македонија, кои биле Бугари низ вековите, како и тврдењето дека Македонија и Македонците се „вештачка творба на Коминтерната и на србокомунистите“. Изборот на името на здружението не е, исто така, случајно, тоа е псевдонимот на контроверзната личност Иван (Ванчо) Михајлов, лидерот на ВМРО од врховистичките денови.

Здружението се претставува како аполитичка, јавна и независна организација, која има за цел да ја запознае јавноста на македонскиот културен простор со „дејностите и идеите на ослободителното движење на Македонија“, предводено од Ванчо Михајлов. За таа цел беше издадена една брошура, во која се зборуваше за борбата на „Бугарите од Македонија“.

Здружението е регистрирано во судот во Охрид на 19 јуни 2000, но пред официјалното претставување на 27 октомври во Скопје, во македонските медиуми имаше кампања против ова здружение. Некои весници го обвинија „Радко“ дека ги шири фашистичките и терористичките тези на Ванчо Михајлов, кој соработуваше со Адолф Хитлер. Тогашниот претседател на Македонија, Борис Трајковски, ја дали и изјавата во која вели: „Тие што тврдат дела Македонците се Бугари по потекло немаат место во земјата“.

По инцидентите за време на претставувањето на здружението во Скопје, во кое беше повреден и пензионираниот новинар (сега покоен) Спасе Шуплиновски, тројца скопски адвокати заедно со Сојузот на борците побараа од Уставниот суд да се изјасни за уставноста на Статутот и програмата на здружението и легалноста на неговата регистрација.

На 21 март 2001 Уставниот суд ги поништи Статутот и програмата на здружението исто како и неговата регистрација. Образложението е дека здружението се залага за промена на уставниот поредок преку насилство и дека повикува на национална и религиозна омраза. На 16 јануари 2002 судот од Охрид го прогласи распуштањето на здружението, потврдено од Апелациониот суд од Битола на 11 февруари 2002.

Во својата пресуда, Европскиот суд за човекови права, со мнозинство од гласовите, шест против еден, пресуди дека Република Македонија го прекршила членот 11 од Европската конвенција за правата на човекот, кој се однесува на правото за слободно здружување. Со кршењето на членот 11 таа го прекршила и членот 10 (правото на слобода на изразување), што на извесен начин го гарантира членот 11. Затоа судиите не го разгледуваа специфично овој член при пресудата.

Во аргументацијата на својата пресуда Судот од Стразбур, меѓу другото, се повикува и на дел од пресудите за ОМО „Илинден“ – ПИРИН и „Станков против Бугарија“, како и на Виножито и Сидиропулос против Грција. Односно, случаите кои ги добија припадниците на македонското малцинство во овие земји, на кои не им беше дозволено слободно да се здружуваат. Но, предметот „Радко“ не може во целост да се споредува со овие предмети, забележува Судот. Бидејќи во случајот „Станков“ се бара „признавање на македонското малцинство во Бугарија“, додека „Радко“ го негира идентитетот на народот.

Главниот аргумент на македонската влада дека името на здружението „Радко“ е една од причините за неговото распуштање, според Европскиот суд не е доволно за да се распушти. Судот признава дека е можна појава на тензии кога една заедница се дели, но тоа е една од последиците на плурализмот. Улогата на властите во вакви случаи не се состои во елиминирање на плурализмот, туку да се грижи разните конкурентни групи да се толерираат едни со други.

Судот од Стразбур како отштета на жалителите им доделува 5.000 евра, наместо бараните 10 милиони и уште 4.000 евра за судски трошоци. Што се однесува до барањето на „Радко“ да биде регистрирано како политичка партија, Судот не гледаше причина да донесе пресуда со оглед дека за политичките партии се применуваат други правила.

Кон оваа пресуда е додадено и одвоеното мислење на судијата Мирјана Лазарова-Трајковска, која во Стразбур заседава во името на Македонија. Таа беше единствената која гласаше против, поради две причини. Најпрво, здружението „Радко“ не ги искористило сите внатрешни судски патишта во Македонија, како правото на жалба по одлуката на Апелациониот суд од Битола, со која беше потврдено распуштањето на организацијата. Втората е поради нејзините длабоки несогласување со целите на здружението, кои, според Трајковска-Лазаровска, претставуваат квасец за нетрпеливост и национална омраза.

Случајот „Радко“ колку и да не сакаме има и политичка заднина, бидејќи во негова одбрана отворено застана бугарската влада. А според некои извори од решението на овој предмет, зависи и случајот со регистрирањето на партијата на македонското малцинство во Бугарија, ОМО „Илинден“ – ПИРИН. Како што дознаваме, Софискиот суд вчера ја достави одлуката со која уште еднаш е одбиена регистрацијата на ОМО „Илинден“ - ПИРИН. Советот на Европа, под чии закрила работат Судот за човекови права и Комитетот на министрите, кој е задолжен за следење на пресудите на Судот, се' уште не е способен да ја спроведе пресудата за регистрација на ОМО „Илинден“ - ПИРИН, иако тоа е побарано од Судот.



http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=42B85501BAE9DA48A6B4B8EB40D5975E
 
Премногу медиумска кампања му се даде на овие.

Мое лично мислење е дека не заслужуваат збор да се каже за нив. И да се регистрираат ќе имаат некоја минорна бројка на членови.

Повеќе јас сакаат оваа медиумска џева околу нив отколку самата регистрација.
 
Леле колку сте шегобијци,човек да се запраша оти толку сериозно гледа на РАДКО..
Прво,РАДКО не тужи во Стразбур во време кога ние ја тужиме Грција за прекршување на времената спогодба.
Второ,Грците знаат дека еден и единствен непобедлив факт кој тежи на нашата вага е освестеното малцинството во Лерин,Воден..

Не се плашат они од Никола Груевски или од АРМ.Они се плашат од Павле.
И сега,продадени души како Драган Каров или оној Канзуров,решиле да формираат еден РАДКО,и ние си го покажуваме “вистинското“ лице??
Треба под итно да исплатиме 5000 и да дадеме зелено светло за РАДКО.Зошто?
Затоа што 15 ванаби Бугари во Македонија нема да ми го посрамотат образот кога јас ќе ги барам правата на 800.000 Македонци во Бугарија.
 
Македонија не треба да го почитува судот, како што ДРУГИ не го почитуваат. Кога ЕУ членки ќе го почитуваат, тогаш и ние.

Крај на Темата!

Леле колку сте шегобијци,човек да се запраша оти толку сериозно гледа на РАДКО..
Прво,РАДКО не тужи во Стразбур во време кога ние ја тужиме Грција за прекршување на времената спогодба.
Второ,Грците знаат дека еден и единствен непобедлив факт кој тежи на нашата вага е освестеното малцинството во Лерин,Воден..

Не се плашат они од Никола Груевски или од АРМ.Они се плашат од Павле.
И сега,продадени души како Драган Каров или оној Канзуров,решиле да формираат еден РАДКО,и ние си го покажуваме “вистинското“ лице??
Треба под итно да исплатиме 5000 и да дадеме зелено светло за РАДКО.Зошто?
Затоа што 15 ванаби Бугари во Македонија нема да ми го посрамотат образот кога јас ќе ги барам правата на 800.000 Македонци во Бугарија.

Да бараш? Па веќе се бараше и сеуште Татарстан не почитува... сепак здраво размислување, само боли тоа што мора ние да попушќаме секогаш.
 
Лично jас мислам исто,дека проблемот со РАДКО е идентичен со оноj со ОМО.РАДКО=ОМО.:salut:

тиквар, не е идентичен, разликата е тоа што омо има членство и не негира никого!!!

сепак јас сум ЗА РАТКО - ДА СЕ РЕГИСТРИРА !!!

пред да почнете со камењата еве зошто.

синока бев на гости кај пријатели..ги фативме вестите....

револтот, бесот и одбојноста беа неверојатни...гледаш ли бре...оврлени ми викаат..како смее ова...

гледам бре...се смешкам...


НИЕ секојдневно по блоговите и фрумите сме во контакт со тој плевел, знаеме како размислуваат, колку подмолно играат и како крадат, како лажат и како на таванот спијат...и вошки имаат:vozbud:

обичниот човек не е запознаен со проагадните војни и размислувањето на обичниот бугар и грк, не знаат како се негира, обичниот човек се чуствува безбеден бидејки информациите му се сервирани, филтрирани...затоа го има луксузот на мудрување за споменици права фудбалски натпреаври и берберници...

ако, нека пробаат една лажичка од рицинусот...нека се прочистат
 
Македонцки, jас сум против регистрацијата на двете оти.

Знам како размислуват ОМО. Еве имаме един на форумов. Сбори за сепаратизам, отцепуване от БГ, татари, чуваши. Сметаш дека не е истото со вас и РАДКО?
Затова ако има партија во БГ или МК да работат за интересите на земите си.
 
Македонцки, jас сум против регистрацијата на двете оти.

Знам како размислуват ОМО. Еве имаме един на форумов. Сбори за сепаратизам, отцепуване от БГ, татари, чуваши. Сметаш дека не е истото со вас и РАДКО?
Затова ако има партија во БГ или МК да работат за интересите на земите си.

нит се водиш нит се тераш...

сакате не здружение, ПАРТИЈА вие една за грците комплет сосе српска радикална странка со сила би ги ставил во собрание....

фузија и конечно0 единство спрема реален надворешен непријател, а не делби по партиска и маалска основа
 
Треба под итно да исплатиме 5000 и да дадеме зелено светло за РАДКО.Зошто?
Затоа што 15 ванаби Бугари во Македонија нема да ми го посрамотат образот кога јас ќе ги барам правата на 800.000 Македонци во Бугарија.
Нека си сменат Статут, и нека признаат Македонски народ различен од бугарскиот, после можеме да правиме муабет за регистрација.. Јас сум против легализација на друштвото ако тоа друштво го негира Македонскиот национален идентитет, макар и тоа друштво да го сочинуваат и 2ца бугари...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom