Според мене, тремата е страв од тоа што сл. ќе се случи...најчесто за нешто што ни е важно, дали ќе го направиме добро тестот, или дали ќе не примат на некоја аудиција...мислам, се сфаќаме...трема е кога чуствуваме од една страна возбуда а од др. страна страв поради нешто што следи, а што ни е важно. И обично исчезнува кога сето тоа ќе помине.
Додека пак стравот...е нешто сосема поинаку... стравот е подлабоко чувство, подолго трае..кај некој дури и цел живот. Луѓето се плашат од различни работи, некои се плашат од височина, др. од затворен простор, инсекти, па се до некои работи кои на некого би му се чинеле најбанални, но тоа е тоа. За мене стравот не претставува ништо др. освен на некој начин длабоко втиснување на нешто во нашиот мозок. И само од нас зависи дали и понатака ќе се плашиме. Луѓе што имаат силни карактери, би можеле да ги совладаат стравот, доколку си кажат самите на себе и притоа се убедат, дека се плашат од глупости, дека нема потреба од никаков страв. Зашто ако се плашиме од нешто, барем според мене, тоа толку длабоко го втиснуваме во психата, што сами несвесно предизвикуваме тоа да се случи.
Сума сумарум...стравот и тремата немаат мн. заеднички нешта, освен што тремата содржи во себе мал страв, и што и двете како што вели Џену Грл, се базирани на психолошка основа!