Страшно, но треба сите да погледнат!

  • Креатор на темата Креатор на темата Kallista
  • Време на започнување Време на започнување
Цели 6 и пол минути се ежев додека го гледав ова. Сурово е, но е совршена кампања против невнимателноста на оние кои возат или пешаците кои не внимаваат.
Сведоци сме сите на секојдневни сообраќајни незгоди во кои страдаат и невини лица. Единствено што треба да направиме е кога ќе излеземе на улица да бидеме превнимателни. Сепак животот е повреден од било кое погледнување на страна.
 
Најжално од се е што таквите кампањи не стигаат до погледот и на усвитените и самобендисани возачи или како што рече погоре Наташа к*рајбери.
 
Најжално од се е што таквите кампањи не стигаат до погледот и на усвитените и самобендисани возачи или како што рече погоре Наташа к*рајбери.
Да, можеби е така. Но не значи дека ова не треба да ти игра улога и на тебе. Утре и ти ќе бидеш возач (ако веќе и не си), а да не зборуваме колку пати преминуваш улица во еден ден.
Кажав, најважно е сите оние кои ќе го погледнат да сфатат дека зад секој агол нè демнат опасности кои може да бидат последното нешто што ќе ни се случи.
 
нз шо се потресовте толку кога е реалност........
 
нз шо се потресовте толку кога е реалност........
Се потресуваш кога гледаш како лета крв од уста на некој врз кој штотуку слетала кола. Затоа и е направено, за да ја видиш реалноста каква е и за да те потресе. А ако ти беше рамнодушен на ова, не знам...
 
нз шо се потресовте толку кога е реалност........

Па тоа е и работата. Нешто што може на секого да му се деси. Нема да се потресам од човек убиен со ласерска сабја или од напад од вампир.
 
нетов ми кочи ама горе долу видов .. стварно ужасно и жалосно :uvo:
 
Абе луѓе......секој ден се случуваат вакви несреќи....пред 2 години бев сведок кога на автопатот СК-провинција една опел астра и пукна гумата па удри во кола се изврти и у неа удрија уште 3-4 коли.......4 мртви беа колку и да пазиш у сообраќајот има цело време некогаш шо не пази
 
:( Се наежив...
Поучно клипче за сите оние љубители на брзото возење,да пазат како и што возат.
 
Да, можеби е така. Но не значи дека ова не треба да ти игра улога и на тебе. Утре и ти ќе бидеш возач (ако веќе и не си), а да не зборуваме колку пати преминуваш улица во еден ден.
Кажав, најважно е сите оние кои ќе го погледнат да сфатат дека зад секој агол нè демнат опасности кои може да бидат последното нешто што ќе ни се случи.

Возач сум долго време и да кажам внимателен. Можеби си забележал дека по патиштата и МВР има поставено вакви слични поучни билборди, но верувам дека малкумина забележале или пак се дрзнале да размислат што всушност носат поракиве. Поентата ми беше , многу малку совесни возачи направиле прекршок, а пак оние што прават прекршок многу малку скоро и не погледнале или пак не им влијаела ваква кампања. За успешна кампања се потребни двете страни. Џабе ќе ми биде ако јас возам внимателно или како пешак се однесувам совесно, ако потенцијалната опасност нема респек кон тоа и не е свесна дека за миг може да нанесе некому или сопствена катастрофа.
 
Холи фак. Потресно. Поготово кога ќе му го убијат синот во двор....
ооохх... зашто го изгледав ова?
Ова е поучно за мене. Знаеш колку пати имам преминато улица на црвено.:kesa:
 
Единствено нешто што ме наежи целата
Мозокот ми се олади какво беше реално и убаво напраено клипчево
Штета само што никако не им доага памет на возачите кои возат под дејство на алкохол,страдат невини луге...греота
 
Вози пребрзо стигни ПРЕРАНО е мотото на таа кампањата на Мвр по билбордите..

фудбалерчињата,дечкото и девојката...цццц судбина у пмм....:nenene::nenene:

ова треба на тв да опнат секој ден по 10тина пати...наместо рекламите за прашаци...

не се потресов нешо многу многу али сепак...жално е стварно...
 
Абе луѓе......секој ден се случуваат вакви несреќи....пред 2 години бев сведок кога на автопатот СК-провинција една опел астра и пукна гумата па удри во кола се изврти и у неа удрија уште 3-4 коли.......4 мртви беа колку и да пазиш у сообраќајот има цело време некогаш шо не пази
СК-Провинција бе хахаха јбг има секакви -него за клипот да кажам дека е стварно ок кампанња ама ногу хардкор у пм до душа за нашите ретардоси да сфатат треба хардкор и тоа ако може со 3D очила.:toe:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom