Стомачни мускули

  • Креатор на темата Креатор на темата mister_lova
  • Време на започнување Време на започнување
Зошто јаглехидрати јок ???

За да извади стомачни.
Почетник е и ако му кажам оди со ротации ќе ја дозаебиме работата, вака нека ги тргне или ептен минимум (50-80 гр на ден) нема да има гајле.

ај кажи ја финтата за стомачните како на лазар ангелов
Еве ја! Клик 1, Клик 2,
Посликовито е описот на бугарите: „Без бодеж, њама растеж“

Не сакам да ве разочарувам, али формата како кај лазета е генетски. И да ги имате, ќе ги имате онакви какви што ви ги дале генетски, може една плочка поголема друга помала, една погоре, друга подолу....плочки за бања се нарачуваат, овие потешко.
 
Подетално треба да кажеш за тебе, ако сакаш подетален одговор. А општ одговор ти е калориски дефицит, јаглехидрати јок, зголемен протеински внес и остатокот 30-35% од вкупен калориски внес нека ти бидат масти (извор на истите ленено семе, ленено масло, бадеми, ореви..).
4-5 тежински тренинзи неделно, 3-4 кардио тренинзи во траење секој не повеќе од 30тина минути, пред да се стегаш и да се сликаш 2 дена пиши да ти кажиме финта за стомачните да ти личат како од лазета ангелов ;)

Лененото семе е скоро бескорисно ако се зима за omega 3, конверзијата на ALA во DHA/EPA е многу не-ефикасна, поефтин и поефикасен начин за квалитетна и исхрана која нуди многу бенефит од конзумирање на саридни нема, и не постои, поготово ако се свежи - не од конзерва, мада и конзервите се ок ако се отцедат, или ако се со маслиново масло или вода.

Ниедни омега 3 апчиња не доаѓаат ни блиску, како по количина на omega 3/грам исто така заради тоа што сардините содржат голема количина на фосфор, B12, и селениум кој е особено важен, а го нема во омега 3 апчињата/ленено семе - маст. Исто така и орасите иако имаат други бенефити, содржат ALA, која не-ефикасно се конвертира.....

На кратко од масти,

Јајца, маслиново и кокосово, тука би го додал и тешлешкиот џигер кој за мене е крал на месата.....но да не се конзумира повеќе од 50-100 грама на ден, оваа количина е доволна, како од аспект на протеин, така и заради фактот што содржи ретинол, најквалитетна форма на витамин А, бета каротенот е смешка во спроедба со ова....многу цинк, и многу B12.

Исто така, мора во секој оброк да има вклучено масти, дали се јајца, или нешто она што го набројав горе не е битно, маснотијата со било каков оброк, ја подобрува осетно абсорцијата и синтезата на витамините/минералите во телото.

И се разбира, број еден post workout минерал, и број 1 pre workout минерал.
 
Последно уредено:
Не сакам да ве разочарувам, али формата како кај лазета е генетски. И да ги имате, ќе ги имате онакви какви што ви ги дале генетски, може една плочка поголема друга помала, една погоре, друга подолу....плочки за бања се нарачуваат, овие потешко.

Да се надоврзам, и да потврдам дека е точно.

На времето кога идев во теретана кога почнаа да се познаваат изгледаа несиметрично, лева страна и десна страна. Мислев дека нешто погрешно сум работел со вежбите па после дознав дека таква предиспозиција имаат некои луѓе, и не може да се промени никогаш истото.
 
Kaj мене се скроз симетрични, ама не е тоа проблемот.. Како кај Лазе никој од ние што сме природни не може да има зашто Лазе зима јака доза на витаминчиња :).
 
Сериозно @Psyside би те замолил да напишеш некој начин на исхрана, ова со овошјево баш ме зачуди. Освем јајца, пилешко, кокосово масло, што друго да внесуваме? Би сакал да напишеш еден дневен оброк како би изгледало тоа за добар резултат.
Каде се продава Кокосово масло?
 
Веќе одамна планирам не многу, така малце да ми се оцртани стомачните.
Летово ми беа малце, но сакам секако повеќе. Ама не внимавав на исхрана и сл.
Дали за да се познаваат треба ептен да се внимава? Дали храната ја има главната улога или повеќе вежбањето?
 
Дали храната ја има главната улога или повеќе вежбањето?
Нема тука главна, споредна улога. Се е битно поддеднакво, и не можи да се издвојуваат едно од друго ако сакаш напредок, се тоа оди во пакет заедно.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom