Стокхолмски синдром

  • Креатор на темата Креатор на темата Channar
  • Време на започнување Време на започнување

Channar

гастроентерохепатолог
Член од
3 јуни 2011
Мислења
199
Поени од реакции
255
Стокхолмскиот синдром е психолошка состојба и еден од најголемите психолошки феномени кои настануваат во ситуации во кои доаѓа до зближување на жртвата (од киднапирање, силување, насилство) и сторителот (киднаперот, силувачот или насилникот). Зближувањето на грабнувачот и неговите жртви е придонесено од времето пројдено во такви ситуации (какви што веќе ги набројав) и познато е дека што повеќе време грабнувачот и жртвата/ите поминат заедно, толку е поголема шансата за настанување на стокхолмски синдром.
Името на овој феномен доаѓа од случајот на неуспешен грабеж на банка во Стокхолм, Шведска каде што грабнувачите и киднапираните емоционално се поврзале, па во судот киднапираните биле на страна на грабнувачите и биле во функција на нивна одбрана.
Вакви случаи неретко постојат и во ова модерно време на живеење каде што (најчесто) девојките сакаат момчиња коишто се поагресивни, погруби имало случаи каде што моја другарка ми кажала дека иако нејзиното момче ја истепало, таа уште повеќе го сака и го почитува.
Што мислите вие за овој синдром? Дали ви се има случено вам или на некој ваш близок, познаник нешто вакво слично, дали знаете нешто повеќе за овој синдром?
 
Дознав од една серија за ова и мислев дека се заебаваат ама после видов дека навистина постои...
 
Повеќе од три години откога Крис Браун ја претепа, пејачката Ријана призна дека и понатаму го сака и додаде дека раперот најверојатно е љубовта на нејзиниот живот.

rijana-12-1.jpg


Абе, таа народната:
Тепај да те сака, е*и да те слуша.
 
Јас само овој Стокхолм Синдром го познавам :)
Фала за текстот, сега сфатив дека е нешто подлабински.
 
Абе да ме грабнат 3 преубави и згодни цуци, нека ме држат и 10 метра под земја ако треба и нека ме тераат да се сексам со нив :D
 
Дали луѓето кај кои се јавува овој синдром се психолошки здрави?
 
Дали луѓето кај кои се јавува овој синдром се психолошки здрави?

Види, луѓето коишто страдаат од овој синдром се уствари луѓе коишто никогаш во животот не добиле грижа, дали од семејство, дали од околина, па секаквото, било и насилно однесување од страна на потенцијалниот грабнувач или киднапер, они го идентификуваат како одреден вид на грижа, според нас, повеќето, тоа не е грижа, но нивната перцепција со тек на време се менува и тоа го прифаќаат како одреден степен на грижа. Ова е тесно поврзано со мазохизмот. Според мене е ова нормално и според мене човековата психа не знае да препознае добро/лошо/нормално/ненормално, се тоа ние сами го создаваме во главата, учејќи од ,(не)нормалата на надворешната околина.
 
Channar

Во одредени ситуации и моментално, на пример ако си заложник и му се умилкуваш на грабнувачот, му делиш комплименти и се обидуваш да му влезеш во глава се со цел да не те убие. Но ако успееш да се спасиш не знам колку би го сакал :)
Надвор од ова да сакаш некој што те држел ко заложник или те силувал, пробал да те убие, треба да не си психички здрав/мазохист
 
Channar

Во одредени ситуации и моментално, на пример ако си заложник и му се умилкуваш на грабнувачот, му делиш комплименти и се обидуваш да му влезеш во глава се со цел да не те убие. Но ако успееш да се спасиш не знам колку би го сакал :)
Надвор од ова да сакаш некој што те држел ко заложник или те силувал, пробал да те убие, треба да не си психички здрав/мазохист
Епа тоа е поентата, тие што страдаат од овој синдром воопшто не се обидуваат да избегаат. А тие што сакаат/ќе успеат да избегаат не патат од овој синдром и ќе имаат нормална омраза спрема тие луѓе а нема да имаат знаци на некакво емоционално поврзување со нив.
 
Back
На врв Bottom