Channar
гастроентерохепатолог
- Член од
- 3 јуни 2011
- Мислења
- 199
- Поени од реакции
- 255
Стокхолмскиот синдром е психолошка состојба и еден од најголемите психолошки феномени кои настануваат во ситуации во кои доаѓа до зближување на жртвата (од киднапирање, силување, насилство) и сторителот (киднаперот, силувачот или насилникот). Зближувањето на грабнувачот и неговите жртви е придонесено од времето пројдено во такви ситуации (какви што веќе ги набројав) и познато е дека што повеќе време грабнувачот и жртвата/ите поминат заедно, толку е поголема шансата за настанување на стокхолмски синдром.
Името на овој феномен доаѓа од случајот на неуспешен грабеж на банка во Стокхолм, Шведска каде што грабнувачите и киднапираните емоционално се поврзале, па во судот киднапираните биле на страна на грабнувачите и биле во функција на нивна одбрана.
Вакви случаи неретко постојат и во ова модерно време на живеење каде што (најчесто) девојките сакаат момчиња коишто се поагресивни, погруби имало случаи каде што моја другарка ми кажала дека иако нејзиното момче ја истепало, таа уште повеќе го сака и го почитува.
Што мислите вие за овој синдром? Дали ви се има случено вам или на некој ваш близок, познаник нешто вакво слично, дали знаете нешто повеќе за овој синдром?