Стиснат или трошаџија, што е подобро?

  • Креатор на темата Креатор на темата city
  • Време на започнување Време на започнување

Што е подобро?


  • Вкупно гласачи
    83
Зависи.
Ако многу сакам нешто да направам/купам/и сл. а за тоа ми се потребно поголеми средства ќе кратам од друго за да го добијам тоа што го сакам. А ако не, тогаш не внимавам многу дали трошам многу или не. Во такви ситуации трошам онолку колку што имам и колку што ми треба, не се стискам :)

А дали е подобро стиснат или трошаџија, па не знам. Добро е да се има некоја средина, зашто не се знае што во животот може да се случи.
Затоа треба да се троши со осет.
 
Трошаџија сум.Додека има пари нек се трошат :)
Ќе видам нешто за јадење ќе го земам,облека исто-така.Ако имам пари за нешто и ми се допаѓа ме боли к** колку кошта го купувам.Ама кога треба стрварно знам и да застанам.
 
Ниту првото, ниту второто се добри варијанти, најдобра варијанта е да бидеш "трошаџија" ама баш "трошаџија" со некоја цел, при коешто при исполнувањето на целта ќе имаш можност да бидеш уште поголем "трошаџија" (пошто ти се може) и така после некое време ќе можеш да заработиш многу пари за еден ден, додека за да ги има истите тие пари "стиснатиот" треба да штеди цел живот.
 
Во последно време многу често ја имам оваа дилема, што е подобро да бидеш:


  • стиснат - и во животот постојано да живееше стиснато и мизерно и со заштедата да направиш куќа или
  • трошаџија- да трошиш многу, да живееш убаво, но во животот а не заштедиш за ништо.
Секој ден се прашувам што е поубаво. Факт е дека има и такви и такви луѓе, кој е вашиот избор?

Јас лично повеќе ги поддржувам вторите :))

Состојбата во која се наоѓате треба да одреди до каде ќе одите со потрошувачката инаку за едни е стиснат за другите не е.Тоа е релативна категорија.Според мене требе да сте галант, но да пазите да не останете без денар во џебот.:smir:
 
Тој што дава, дупло му се враќа :)

Трошаџија, дефинитивно.
 
Трошам,колку толку ке го потрошам на крај ....
 
Трошам колку што имам. Гледам да не се тоа ептен непотребни работи, а секогаш е повеќе за бизнисот и другите, отколку за мене. Важно, немам појма што значи штедење и да се има купче за "црни денови". Кога доаѓаат такви денови, помалку трошам и тоа би било тоа:)
 
Трошим појќе од што имам:) УВЕК Е ТАКЕ!:ojea:
 
Чудо невидено, криза до јаја а сите трошат? :raz:
Едно време трошев многу, не беше криза, сега ми се намалени трошоците барем оние непотребните?
Можеш и да трошиш и куќа да направиш, се зависи од тоа колку заработуваш :)
 
Јас сум поише стиснат...
(Оти немам пари секако)
 
Измеѓу :) Кога имам, фала богу дека сакам да трошам.
Ама имам осет за доста.


Поштувам за ова болдираново.Денешните млади едвај чекаат да дојдат до некој денар и трошат се додека има...што се вика и 5 денари да има ке ги потрошат во најблиската продавница.Или ако имаат голема сума и веднаш појдат во кладилница и ги вложат.Ако и тогаш добијат дупло ехехех ке нема крај...
Место да се штеди зошто утре од кај знаеш дали ке ти притреба за нешто се троши...Не веднаш да се потрошат сите пари ко да којзнае колку имаш...Во денешната криза треба и на зор да се стискаш сакал или не:nesum:
Не дека сум стисната јас но ретко трошам,не барам често пари...ако ми дадат ок ако не не.Не рмба татко ми само за да трошам.
 
Е ај ќе се стискам нема проблем... парите се за трошење :)
 
ако си стиснат за било која работа значи да се отргнеш од многу нешта.. за разлиак од трашаџија кој што животот си го поминува многу подобро уживајки во многу повеќе работа за разлика од стиснатиот...
 
ако си стиснат за било која работа значи да се отргнеш од многу нешта.. за разлиак од трашаџија кој што животот си го поминува многу подобро уживајки во многу повеќе работа за разлика од стиснатиот...

Добро напишано:)
 
А да си негде на средина ?
Онака,го купуваш најпотребното и уште неколку ситнурии кои не се толку потребни али ипак штедиш.
Еве ја рецимо искачање минувам со 100-200 денари,некад и помалце.
Не од што се стискам па намерно да искачам на место кај што не се троши многу туку пошо едноставно ми се свиѓа да искачам таму.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom